Патување со автомобил низ европските градови?

Член од
8 април 2009
Мислења
26
Поени од реакции
11
Оваа година планираме со дечко ми да се повозиме малку и да посетиме некои места каде што досега не сме биле... преку Италија па се до Шпанија. Сакам да знам дали ова може лесно да се реализира, во смисла дали лесно би се снашле со сместување и сл? Ако некој има такво искуство слободно нека го сподели со нас!
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Лесно е. Само треба одлична организација односно планирање. На интернет има се и сешто: цени на патарини, цени на бензини, известувања за штрајкови/блокади на патот, работи на патот, празници, работни времиња на музеи, продавници, ресторани и сл.

За смештај (престој во хостел), другари кои правеа приватна екскурзија нив ЕУ ја користеа (мислам) оваа веб страна: http://www.hostelworld.com/

Таму си се информираш за состојбата на хостелот, цената, читаш коментарите и искуствата од претходните „клиенти“ и си плаќаш преку интернет тоа што најмногу ти одговара. Печатиш резервацијата и крај. ;)

Од новите пасоши секако дека ќе треба да имате со себе, валиден зелен картон и доста кеш, но верувам тоа и веќе го знаете.

Поздрав и верувам ќе се јавам мнозинство луѓе со нивни лични искуства чиишто совети несомнено ќе ти бидат од огромна помош. (y)
 
P

Princ

Гостин
Низ поголемите европски градови имаш хотели/хостели колку сакаш, така да сместувањето ама ич не верувам дека ќе ви биде проблем.
Не верувам дека е проблематично, само ќе ви требаат доста пари и кола на која можете да и верувате колку-толку.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Многу ќе ви отиде за гориво што би можеле да искористите за други работи, а и во некои европски метрополи прилично скапичок е паркингот на обезбедени паркинзи. Ама барем знаеш дека тие и ти даваат гаранција дека ништо нема да му се случи на возилото, не ко нашиве што се оградуваат од секаква штета.
Како ви се финансиите и планот со нив, така :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не би требало да има некој проблем, посебно ако имате Џи-Пи-Ес во колата, ама не знам зошто не организирате патување сами и летате на пример до Венеција со wizzair и потоа со Interrail да купите карта за воз и ја свртите Европа како секој нормален млад свет и притоа запознаете еден куп луѓе и култури и да ве чини дупло поефтино.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.765
Поени од реакции
29.033
moj sovet., veke probana rabota ., do venecija ., renta kar kola na dest dena ili kolku vi odgovara ., i furate ., ovoa samo poradi tablichkite da ne pagjate vo ochi na emigracijava i na lokalnite policii so nashai tablichki., inaku za smestuvanje ., ishrana veke pogore vi kazhaa se nema nikakvi problemi., razmislete shto vi predlozhiv., oklolu., identitetot na voziloto., pozdrav i ochekuvame vashi impresii i da prenesuvate na drugi iskustva(y)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Мој совет... со кола, ако имаш месец за шетање. 10 дена, се премалку за да се види се од Италија до Шпанија и назад... Ќе се убие детето од возење, 5000 км ќе помини во 10 дена шо не е бројка за потценување.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Мој совет... со кола, ако имаш месец за шетање. 10 дена, се премалку за да се види се од Италија до Шпанија и назад... Ќе се убие детето од возење, 5000 км ќе помини во 10 дена шо не е бројка за потценување.
рече "планираме да се повозиме" - можеби само она ке вози :LOL:
како и да е ви треба добра организација и да бидете спремни на се ....Италија е опасна со туристите , пазете да не ве ограбат ...Мој предлог е да застанете ден два во Монако ... друго незнам , шпанија не сум бил :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
рече "планираме да се повозиме" - можеби само она ке вози :LOL:
Ретко која жена во Македонија е спремна да вози од тука па до шпанија... Ако стварно има намера чупе да ја напрај оваа рута, слободно од ко ќе се врати да се кажи, има частење од мене колку што можи да изеди/испие.
 
Член од
20 јуни 2011
Мислења
192
Поени од реакции
13
јас пред една година возев за Австрија Виена со Audi a4.Супер си поминав по пат.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.098
За снаоѓање ќе се снајдете, ако веќе сте наумиле туку многу малтретирање е. Сега зависи кој како гледа на работите, вие ги гледате само позитивните работи дека сами ќе бидете, дека од вас зависи организацијата на кое место колку ќе се задржите едноставно дека патувањето ќе се одвива со темпо кое вие го диктирате. За поефтино дека ќе поминете нема шанса, туку сакав да прашам навистина колку време мислете да одвоеите за патувањето. Ако одите на 10 дена, навистина ќе ви биде напорно, сепак секој си знае најдобро за себе, јас искрено не би се малтретирала вака.
 
M

macgowan

Гостин
Peaches,cамо напред не му ја думајте многу!Јас правев план за патување до Португалија со кола пред некоја година (за време од 15 дена вкупно)и најскапото нешто беше нормално горивото но со оглед дека ке одевме 4-ица за авиони и рентакар повеќе ќе дадевме.Јас сум секогаш за таков roadtrip бидејќи си најслободен и најповеќе гледаш.Е сега кој не е мераклија за возење и му претставува потешкотија далечината/времетраењето и му е мачно...подобро и побезбедно е да си бара друг начин.
Патувајте луѓе ако имате можност и еден совет-за сместување гледајте прво одредете каде на кое место и побарајте сместување покрај на сите познати сајтови и на локалните туристички сајтови на местата,се наоѓаат поповолни хостелчиња,студија,соби и сл.Мапата пред вас и напред!
Ах,башка гледајте ги рутите каде избегнувате патарина и направете си и таков есап во соодносот гориво/патарина со екстра километража без патарина.
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
366
Поени од реакции
10
Јас сум дечкото на пичес :D, па сега дури ја видов темава незнаев дека поставила воопшто. Џиш, инаку знаеш дека сум мераклија за возење :D, така да нема да ми биде тоа некој проблем зошто желба ми е со кола да поминам колку толку низ европа. За време значи не сме ограничени, што значи може и 15-20 дена да се задржиме. Мене голема желба ми е да ја прошетам и далмација(незнам зошто ама ептен сакам) така да сакам во некој град таму да се остане 2-3 дена па да се продолжи со патот понатаму. Зошто знам дека за ова време неможе да се разгледа се во европа. Планираме да направиме како некој место што ни се приоритни и навистина сме сакале да ги видиме, додека некој ќе мора и да прескокнеме. За патувањетп веројатно ќе одиме само ние двајца, би возеле и двајцата секако. Повеќето јас но не е теоретски можно се да се издржи така да веројатно и она ќе фаќа по малце. За кеш стварно неам поим колку ќе ме кошта но со колата одприлика 1000км ми се 100 евра така да тука се ориентирам за горивото. За патарините детално ќе видам на viamichelin.com и сличните страници. Околу колата не му ја мислам многу зошто е прилично ново и големо возило така да нема да е проблем заморот, брзината и што и да е. Единствено што ме загрижува е тајмингот. Односно кој град кога би стасал па така да резервирам. За тоа мислам дека ќе ми треба помош од некој што барем малку проштел низ европа со кола. Тоа е тоа за сега, инаку патов планираме од 13-4 јули па натакај. Знам дека е многу брзо но таа е :D
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Супер ви е идејата да патувате со автомобил. Според мене со сопствено возило е најубаво и најкомфорно. Секако поскапо ама се исплати. Имаш голема слобода да отидеш кај сакаш и на места кај што не си планирал од почеток. Ако ти се допадне некој град можеш да останеш и подолго. Со железница дали како прво ќе успееш да се разбереш со сите да купиш билет, а камоли друго. За Италија не се грижи не крадат како што ти кажаа, освен легално а тоа значи дека знаат да те убедат да купиш нешто :) . Паркинзите по европа не се којзнае колку скапи, а тоа значи 2 евра за саат, ама најчесто е евро - евро и пол. За одење до Шпанија не можам да ти кажам ама до Франција да. Може да отидеш во Хрватска ако сакаш преку приморје до Словенија ако имаш желба мој совет е да ја посетите Постојна Јама што е на само 6-7 км од автопатот. Во Италија почнуваш со Венеција, Фиренца, Милано, Торино, Савона, Џенова, Сан Ремо и преоѓаш во Франција преку Монако па Ница по проморје се до Шпанија. Резервација за сите хотели и не мора, зошто во тие места ги има многу и ќе можеш да најдеш и без резервација. Патарини отприлика мислам дека Србија е околу 30евра, Словенија 30евра ( таму имаш винетка што ти важи 6 месеци така да тие 30 ти се и за назад). Италија околку 50-60 евра цела да ја поминеш. За Франција знам дека до Ница е 2 евра :), а тоа е нели малку пат. Најубаво е да земеш ако можеш еден навигатор од Tom-Tom со нова карта на европа, и немаш гајле, само пиши дестинација. Плус и покажува каде има камери. Брзо возење не е препорачливо дека има доста полиција по патиштата до словенија и цивилна, а европа поради проблемите со бегалците од Либија. Полнење на резервоар секаде само не во Хрватска, таму бензинот на најскап. По Европа е од 1,3 до 1,5 евро за литар.
Секако провери на нет има за се што те интересира, секако подетално и поточно.
Поздрав
 
Член од
24 јануари 2011
Мислења
8
Поени од реакции
5
Минатиот Божик бев со девојками на тура до Италија.Скопје - Ниш - Београд - Загреб - Љубљана - Трст - Венеција - Фиренца (Натака) (Назад) Верона - Палманова - па истите Балкански градови.Патот испадна 2900 км. Не фати 370 евра превоз,со возење низ градовите и патарина,бевме со БМВ 525 ... мислам дека е ок.За ноември планираме да идеме за Норвешка преку Швајцарија,ке биде околу 6000 км,така да ке ве известам детално коа ке стигнам таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom