lugje samo sto mi pisaa kazna od 300 evra, mi rekoa dokolku ja platam za rok od 8 dena ke bide 150. edni prijateli podupateni so pravni raboti mi rekoa da odam na sud i da podnsam zalba. me fatija so 84 km/h na mesto kade bilo 50 dozvoleno. neli od 10 do 30 km/h e 45 evra ili 20 kazneni poeni, se raboti samo za plus 4 km. pomagajte, preporacajte sto da pravam da ne si go podnapolni drzavava svojot budzet so moite tesko zaraboteni pari.... :S dali da odam na sud ? do sega imam samo edna opomena za kais i toa e se. me sopirale precesto. ponekogas i 2 pati vo 3 dena. sekogas sum bil ispraven i se.
Еве ти искуство од прва рака. Мене ме фатија на излезот од Велес каде што возам 75 ??!!! и ми пишаа казна од 300 евра затоа што низ Велес било дозволено да се вози 40 ???!!!. Инаку, ова на излезот од Велес сфатете го како едно 2 км од Велес, а гнасите беа застанати на 5 метра од знакот каде што стои дека Велес завршува.Се сомневам дека во самиот град, по рутата која јас се движев постои знак за ограничување на брзината на 40 км на час. Значи, јас сум законите во државата да се почитуваат, но во оваа казна немаше ништо од аспект на заштита на безбедноста во сообраќајот, тие беа таму поставени со единствена цел да го полнат буџетот. Инаку, на 2-3 месеци пред изборите на никој не му беше пишана никаква сообраќајна казна, да не се иритира гласачкото тело...
Не им го потпишав записникот, и плус им кажав дека се јаничари. По неколку месеци отидов на суд во Велес (од Битола сум) и судијата (жена беше) ми ја намали казната на 150 евра но и забрана за возење (одземање на возачката) на 3 месеци. Потоа се жалев и на таа пресуда на апелационен суд, и неодамна ми пристигна решение дека пресудата е потврдена.
Инаку, се водеше дебата дали радарите на полицијата се валиден доказ за тоа колку некој возел, затоа што ако полицецот сака може да ти покаже измерена брзина од некое претходно поминато возило. Би требало единствено да бидат валидни радари кои го покажуваат и времето на мерење, како и да има слика дека се однесува на тоа и тоа возило. Само веројатноста дека на било кој во оваа држава ќе му докажеш било што е многу мала.