Македонија-Босна (Борис Трајковски недела 20:15) Да ја испратиме Македонија на Европско!

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Натпреварите започнуваат во 20.00 часот и ќе се играат во СРЦ Кале... ?!
 
Натпреварите започнуваат во 20.00 часот и ќе се играат во СРЦ Кале... ?!

Тоа играат жените во Кале во сабота од 20:00
Инаку Македонија-Босна
Борис Трајковски недела 20:15





 
Јас си купив 5 карти онлајн, ептен кефско е :)
 
Натпревар кој вреди да се гледа,барем ракометариве не се како другарите на Пандев.:)
 
Момци/Девојки,како да знам јас сега БЛОК7,9,12312, кој каде е ,што е??Има некоја слика?
 
Момци/Девојки,како да знам јас сега БЛОК7,9,12312, кој каде е ,што е??Има некоја слика?

Незнам колку ова ќе ти помогне сепак види
boristrajkovskikarti.jpg
 
Денес земав блок 2 карти од Литиум рекордс што е на улица Македонија тамо ги принтаат картите директно со број на седиште кое сакаш. Има останати блок 1,2 и 5 другите се раздадени на ВИП.
 
Денес земав блок 2 карти од Литиум рекордс што е на улица Македонија тамо ги принтаат картите директно со број на седиште кое сакаш. Има останати блок 1,2 и 5 другите се раздадени на ВИП.
И јас земав од таму пред саат време,топ направиле со ова што си бираш каде сакаш да седиш! Ја си земав блок 2,ред 8, иначе за тие што незнаат денеска билетарите во Борис беа затворени заради празникот!
 
Денес ВИП за било каква услуга во нивните салони дава карти од 13:00 до 14:00 само не ми е јасно зошто толку многу земале сигурно ќе остане нешто.
 
Одете, на билетарава во Борис Трајковски имате карти, и тие што се по 100 денари (позади гол) и тие што се по 200 денари, има дел од картите дадено на ВИП, бев до ВИП во Лептокарија и немале карти им се потрошиле па заминав до билетара и таму имаше па си зедов од овие по 100 денари...
Така да побрзајте да земете, картиве се за секој џеб, верувам дека секој граѓанин може да си ги дозволи.
 
На купикартизасе нема копче 'купи карта' дали тоа значи дека се продадени сите ? :(
 
Уште колку карти имаше останато да не знаеш?

Ракометарите ги делат 60 минути до ЕП во Србија

Македонската машка ракометна репрезентација е на чекор до Европското првенство во Србија 2012 година. Во средата во директен дуел за второто место беше совладана Естонија (31-25) и вечерва во спортскиот центар „Борис Трајковски“ (20.15 ч.) против последнопласираната репрезентација во група 1, Босна и Херцеговина, потребен е само еден бод. Само чудо може да ја оддалечи Македонија од второто учество на континенталниот шампионат, по настапот на ЕП 1998 година во Италија, што подразбира пораз од БиХ и победа на Естонија во Унгарија.
- Подготвени сме да ја реализираме целта што си ја поставивме пред овој квалификациски турнир, а тоа е освојување на едно од првите две места и пласман на ЕП. Подготвени сме со победа против БиХ да обезбедиме виза за Србија. Нема да има никакво опуштање во овој меч – изјави селекторот Звонко Шундовски.
Средбата Македонија – БиХ може да има и ревијално значење, ако во попладневниот термин (12.15 часот) Унгарија ја совлада Естонија. Унгарците по пет кола имаат максимални 10 бодови, Македонија е втора со 5, пред Естонија со 4 и БиХ со еден бод.
- Блиску сме до ЕП, иако математички сé уште не е сé готово. Ни преостанува да одиграме квалитетен натпревар против БиХ и со верните навивачи да го прославиме големиот успех – рече капитенот на националниот тим, Кирил Лазаров.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom