Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Колку студенти ќе се примат на КНИ? Чисто да знам со колку да ја положам матурата. :P
Со 87% положи ја ;)

Ебате како може вака да рачунаш? Ни Господ неможе да ти даде одговор. Може 300 студенти да примаат, ти да си 301ви со колку и да си.

Од друга страна од кај можеш да планираш со колку ќе ја положиш? Ќе научиш 75% од материјалот и си планираш 75% да извадиш???

Ако си јак ученик ќе гледаш што повеќе т.е. ќе гледаш се да решиш точно. Ако си ветрушка, ќе се молиш нешто да знаеш, нешто да препишеш и после ќе се тресеш на упис дали ќе те примат воопшто, или дали ќе влезеш во државна или приватна квота и слично.

Така да спремај се да извадиш максимум што можеш!
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Нема да настане војна помеѓи електрашите и студентите на ПМФ? И не само студентите туку и професорите?! Од лично искуство знам дека баш и не се мирисаат едните со другите, ните студентите ниту професорите...
Не. Точно е дека постоеше некоја студена војна меѓу кадарот на ИИ и КТИА, ама тоа ко да беше некоја закоравена приказна и само став дека така треба. Работите се драстично сменети последниве неколку години.

Тото денес кажа дека тие што сакаат да си останат на ФЕИТ слободно можат да си останат и ќе си продолжат по истата програма да си учат, а квалитетот на факултетот ќе остане на исто (ако не и на повисоко поради конкуренција) ниво. Дури и од септември ќе се примаат повторно студенти на ИКИ само што програмата малку ќе биде сменета односно ќе се модернизира. Дипломата од ФЕИТ е секаде признаена, а од ФИНКИ допрва треба да се признава.
Ова е најголемата дезинформација, лага и валкана игра на кадарот на ФЕИТ. Јас искрено сум крајно разочаран од мојот факултет и од неакадемскиот и крајно неадекватниот начин на пристап кон прибирање студенти.
Факт 1: ФЕИТ и ФИНКИ имаат ЕКТС програма.
Ако има нешто како оној закоравениот поим “признаеност на диплома“, тогаш универзитетот е тој што не разгледува. Не засебните факултети.

Лично мислење мое е дека во иднина ФИНКИ дипломата МНОГУ повеќе ќе се цени во „Софтверско Инжинерските“ кругови. Зборувам за ценење, не за признаеност. Немам факти да го потврдам тоа, само лично мислење. Бар сега засега :)

Еј, и да. Кој и да дојде да ми спори за признаеност на диплома на информатички смер, можам веднаш да го ставам во групата на оние кои не ги бидува. Инженер се цени по тоа што знае и умее. Верувајте ми на ова што ќе ви го кажам: ниедна озбилна фирма нема да ви побара диплома од факултет, нити па ќе се труди да ви ја валидира за да ве прими на работа. Покажи се што знаеш, и после ќе правите муабет.

Па идете на тоа финки и пропаднете интелектуално, ако досега не сте.
Уф уф уф... полека. Дали ти тоа се ставаш над ЦЕЛАТА академска постава од особи кои студирале, магистрирале, докторирале па и работеле долги години во ИТ сектор? Сериозно?

тото е нејголем противник на финки, дурии со потсмев гледа кон неговиот неуспех, со право!
сум бил повеќе пати сведок, кога во бидфе, да не речам ги дупчи идните финки професори :)
Мислам дека не треба да имаш многу искуство во студирање на феит за да го научиш Тото кој е и што е. Стварно не сакам да си ја празнам душата овдека и да кажам и што треба и што не треба. Еден факт е дека еднашка правев cross-platform апликација, која требаше да се користи во рамките на факултетот повеќе години, не успеа тоа поради многу важната причина што Тото не сакаше да ми ослободи еден Solaris терминал за да ја инсталирам и тестирам. Го немате запознаено човекот. Доста. Не е репер за никакво стручно мислење. Over and out.

Ти одговори апидроне, да ми беше до програмер да бидам ќе се упишев на Александрија, за година две ќе средев работа, немаше да си ја акам главата 4 години.
Грешка. Иако така ти стои сега, али академското информатичко знаење е мнооооогу различно од 100% професионалното што се учи во таквите школи. Ова второто може да биде надополнување на првото, али никако замена.

Се запишав јас диплома од ФЕИТ да земам, не од ФИНКИ ТИНКИ ВИНКИ ДИПСИ ЛАЛА И ПО.
Ај немој вака. Озбилно. Ни ти, ни останатите не сте свесни само каква услуга ви прават.

Да сумирам, и да кажам дополнително некои факти. Како што стојат работите, ФИНКИ ке биде страва, мераци. Сиот информатички кадар иде таму, со одврзани раце, со одврзан буџет, со слободна и простор за размислување, креирање и бидување продуктивни.
Сите, ама СИТЕ ИТ компании во Македонија и тоа како само го подржуваат ФИНКИ. Имате едно централно место во кое ИТ и Компјутерските Науки ќе се третираат на начин на кој што стварно треба. Ќе имаат место каде што ќе можат многу полесно да сугерираат, влијаат и да привлекуваат кадар.
Би ве советувал, потрошете малце време во истражување. Прашајте професори, прашајте професионалци, прашајте компании. Ќе дојдете на истиот став како мене.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Hsi, постот ми е уште од кога немаше ништо за факултетов :))))
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Да се надоврзам само за Тото...
искрено ама ич не ми е гајле дали он ќе иде на ФИНКИ а и не ни сакам да иде на ФИНКИ пошто не сакам да ми предава веќе НИКОГАШ.
Ми има предавано неколку предмети, по сите тие предмети се собраа по околу 400-500 студенти кои неможеа да положат кај него.
Сега не предава по ниту еден од тие предмети по сите го сменија пошто не е до студентот ако од 150 луѓе на испит 8 положат...
Човекот си живее во некој свој свет и он мисли дека е над сите други...

Апсолутно го поддржувам ФИНКИ.
 
Член од
11 јуни 2010
Мислења
230
Поени од реакции
74
Слушнав дека овој факултет бил како обединување на ПМФ и Електро (во дел информатика нормално) и дека професорите од тамо ке се префрлале на овој универзитет, дали тоа значи дека и студентите ке спаѓаат веке во овој или пак 2011 ке биде првата генерација и тамо нема да има никој друг од постарите????

Дај некој поискусен нека ми објасни како ова :nesvest:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Слушнав дека овој факултет бил како обединување на ПМФ и Електро (во дел информатика нормално) и дека професорите од тамо ке се префрлале на овој универзитет, дали тоа значи дека и студентите ке спаѓаат веке во овој или пак 2011 ке биде првата генерација и тамо нема да има никој друг од постарите????

Дај некој поискусен нека ми објасни како ова :nesvest:
Студентите ќе бираат каде сакаат да бидат. Поточно дали да останат на ФЕИТ или да се префрлат на ФИНКИ.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Слушнав дека овој факултет бил како обединување на ПМФ и Електро (во дел информатика нормално) и дека професорите од тамо ке се префрлале на овој универзитет, дали тоа значи дека и студентите ке спаѓаат веке во овој или пак 2011 ке биде првата генерација и тамо нема да има никој друг од постарите????

Дај некој поискусен нека ми објасни како ова :nesvest:
Студентите кои веќе студираат на ФЕИТ или на ПМФ ќе имат избор дали да си останат на факултетот или да се префрлат на ФИНКИ. Од друга страна, бидејќи сите професори заминуваат на ФИНКИ, нема да има кадар на ФЕИТ кој ќе може да ги држи часовите за студентите кои решиле да останат таму. Тоа значи дека слободата на избор воопшто не постои. Исто така, уште во учебната 11/12 ќе има упис на студенти на ИКИ на ФЕИТ, а потоа ФЕИТ ќе ја укине целосно таа програма и истата целосно ќе се префрли на ФИНКИ со променета содржина.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
75
Поени од реакции
17
Доколку некој знае, нека ми одговори дали постои можност за студирање на Англиски јазик, на факултетот ФИНКИ?
 
Член од
5 април 2011
Мислења
11
Поени од реакции
3
ASimov, извини што ќе се вмешам во дискусијава. Видов дека се двоумиш да студираш во Охрид...
Размисли добро; точно е дека студираме на англиски, ама останатите работи се прилично катастрофа.
Од моја гледна точка, ФИНКИ ветува повеќе моментално.
 
Член од
1 август 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
37
Мора да полагам Математика ако сакам тука да се запишам ?
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Мора да полагам Математика ако сакам тука да се запишам ?
Да т.е. ако нема доволно студенти и останат празни места по смеровите ќе можеш да влезеш и со англиски, ама тоа во вториот круг дури
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Мора да полагам Математика ако сакам тука да се запишам ?
Мора добро и тоа стварно добро да ти иде математика ако планираш да го завршиш факултетот. Имаш математики кои мораш да го положиш, и верувај, не се ни малце лесни.
 
G

GucciMane

Гостин
Се знае кога ке ни даваат да потпишеме изјава дека се префрлуваме на ФИНКИ?
 
S

StormRage

Гостин
Едно прашање вака... Планирам да се запишам на ФИНКИ, зедов математика за матура, информатика и програмирање пошо то ми е стручен... сега гледам по програмиве и се закачив на ИНФО... малу сум чкарт на математика а посебно на физика и барам нешо со повеќе програмирање... 4 годишен тешко дека со толку математика и физика ќе излезам на крај. Ама како шо глеам на ИНФО се 20 со 10 значи 30 студенти а прилично тука и не се надевам да влезам (неам некој бесен успех) и ако може препорака од дадениве смерови (по можност 3 години а ко шо читам можит и тие од 4 години да ги земеш како 3 години пошо правеа презентација нашкола еднаш) нешто слично на ИНФО кај шо има попоќе програмирање :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom