Македонија-Босна (Борис Трајковски недела 20:15) Да ја испратиме Македонија на Европско!

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Сите навалете за карти пошто утре е неработен не знам дали ќе се продаваат веќе сабота може гужва да има. Идеме на европско МАКЕДОНИЈА!!! :D
 
пред тв ќе навивам со сето мое срце, НАПРЕД МАКЕДОНИЈА !!!!
 
Сите навалете за карти пошто утре е неработен не знам дали ќе се продаваат веќе сабота може гужва да има. Идеме на европско МАКЕДОНИЈА!!! :D

интересот ќе биде сигурно голем тоа и сакам да биде салата полна не како со Унгарија,да крца треба да ги испратиме нашите ракометари како што доликува затоа и цената на картите не е многу висока со цел да има можност секој што сака да присуствува на натпреварот
 
Со Унгарија имаше 4.500 така стои официјален извештај сега треба да има 6000 ова се ретки моменти кога изборивме тежок пласман за Европско.
 
Ќе има околу 8000,никој не би пропуштил ваква шанса.Камо и во фудбал да бевме на ниво на ракометарите и кошаркарите.Нека се освестат малце.
 
Инаку за Темелков ја мислам дека ќе се опорави за во недела дури и да не игра не го сметам за голем хендикеп. Вчера Златко изигра одлично крило и добро го замени. Исто очекувам во недела и повеќе да се разигра Наум. Димовски Алушевски и Миркуловски игра за чиста десетка феноменални.
 
Инаку за Темелков ја мислам дека ќе се опорави за во недела дури и да не игра не го сметам за голем хендикеп. Вчера Златко изигра одлично крило и добро го замени. Исто очекувам во недела и повеќе да се разигра Наум. Димовски Алушевски и Миркуловски игра за чиста десетка феноменални.

Темелков е во добра состојба во кус период ќе биде спремен за тренинзи но највероватно нема да се ризикува против Босна со него нека игра Мојсовски.
 
Кире Лазаров, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Темелков , Ванчо Димовски, Стефче Алушевски, Борко Ристевски.... Се нашите херои....Сакам овој народ да се обединува за вакви работи, доста се протести...Напред Македонија
 
Кај 13 -30 бев до Борис, билетарата не беше уште отворена -.-
Ќе мора друг ден да идам, или па да нарачувам...
 
Како да нарачам карти преку интернет упаство некој да ми даде ? Обавезно одам!
 
Значи се јавив јас во сала ми кажаа дека е отворена билетарата инаку си имате бе упатство регистрирај те се на страната и нарачајте што е толку нејасно.
 
Озбилно некако Битола нема во тобако или нешто ?
 
Озбилно некако Битола нема во тобако или нешто ?
Нема бе брат, а и нема да дојдат. Оди во Центротрејд и можиш да си резервираш и недела да си ја земиш од билетарата во Борис Трајковски.
п.с. Ми рекоја дека можи ќе имало организиран превоз, ако не јас ќе одам со возот :)
 
Утре купувам карта,ова не се пропушта!
 

Иначе на билетара кажаа дека имало слободни само 1,2 и 5 блок значи се друго е раздадено на ВИП!!! Тие што се на ВИП можат да земат на овој начин другите побрзајте

Бесплатни билети за љубителите на ракометот

Во рамки на партнерството со ракометната федерација на Македонија, а како веќе докажани страсни навивачи за македонскиот ракомет, Вип оператор ја потврдува својата заложба за промовирање на спортскиот дух и им нуди на своите корисници бесплатни билети за претстојните ракометни натпревари.

Имено, на 11-ти јуни, сабота, женската сениорска ракометна репрезентација ќе го одигра мечот со Шпанија во рамки на натпреварите за пласман на Светското ракометно првенство што ќе се одржи во Бразил во декември оваа година. Ракометниот викенд продолжува во недела на 12-ти јуни, кога машката ракометна репрезентација ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Босна и Херцеговина, како дел од квалификациите за Европското ракометно првенство за мажи кое ќе се одржи во јануари 2012 во Србија.

За обезбедување масовна поддршка на нашите најтрофејни репрезентации, Вип оператор во текот на утрешниот ден, сабота 11-ти јуни, организира Ракометен среќен час во сите Вип центри во Скопје во периодот од 12.00 до 13.00 часот. Сите корисници на Вип кои во текот на Ракометниот среќен час ќе направат било каква активност во Вип центрите (ГТЦ, Рамстор, Веро 9, Бит пазар, Лептокарија и Бисер) ќе добијат бесплатни билети за ракометните натпревари. Натпреварите започнуваат во 20.00 часот и ќе се играат во СРЦ Кале.

Вип ја започна својата соработка со Ракометната федерација на Македонија на почетокот на 2008 година и ги бодреше нашите национални репрезентации во текот на сите натпревари и предизвици во текот на изминатите четири години.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom