Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Точкест, бевме и пред собрание во случај да не виде.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
(утрински весник) - постар случај

Нов скандал предизвикан од припадници на Министерството за внатрешни работи
Двајца полицајци сексуално малтретирале млада скопјанка
Полицајците по срамниот чин и се заканиле дека ќе ја убијат ако го пријави случајот

ГОРАН НАУМОВСКИ

Двајца полицајци од Полициската станица ?Карпош", пред три дена, околу 3 часот наутро, на Бит-пазар, со вперен службен пиштол во слепоочница, сексуално ја малтретирале и ја злоупотребиле 24-годишната скопјанка Н.Н. Родителите на жртвата го пријавиле случајот во полициската станица во ?Јане Сандански", а во Секторот за крвни деликти сў уште вршат вештачења на собраниот доказен материјал. Од МВР потврдуваат дека е пријавен таков случај, но оттаму информираат дека не станувало збор за силување, туку за орален секс.

Младата скопјанка, вечерта била во ноќниот клуб ?Студио паб", во близина на полициската станица ?Пролет", придружувана од пријател-полицаец. Два часа подоцна, во клубот дошле и полицајците З.Н. и М.Н. од полициската станица ?Карпош", кои се знаеле со полицаецот што ја придружувал Н.Н. Штом се запознале, почнале разговор, кој по кусо време завршил бидејќи двајцата полицајци З.Н. и М.Н. го напуштиле објектот. Триесетина минути подоцна, девојката и нејзиниот пријател излегле од клубот и застанале пред влезната врата за да причекаат такси.

Токму тогаш се појавиле З.Н. и М.Н. со возило и се понудиле да ги префрлат до дома. Сите влегле во возилото, но возачот наместо да вози кон населбата Аеродром, каде што живеела девојката, се упатил кон Бит-пазар. Пред подвозникот застанале за да се симне пријателот на девојката. Потоа тројцата продолжиле кон Бит-пазар со изговор дека ќе ја носат на бурек. Пред едно кафуле кај пазарот еден од нив го извадил службениот пиштол и почнал да го врти со прст, потоа двајцата се префрлиле на задното седиште кај девојката, ја зграпчиле за облеката и за коса и го впериле пиштолот во нејзината глава и почнале сексуално да се изживуваат. Додека ја малтретирале, како што тврдела подоцна жртвата, преку мобилен повикале да дојдат уште неколку нивни другари да им се придружат. Откако ги задоволиле сексуалните страсти, ја однеле дома и пред да ја пуштат да си оди и се заканиле дека ако каже за случајот ќе и го убијат семејството за кое тврделе дека го знаат. Родителите подоцна го пријавиле случајот во полиција која ги пронашла осомничените кои таа веднаш ги идентификувала. Во нивното возило бил пронајден дел од обетка што ја носела девојката, перчиња од коса, кои биле земени како доказен материјал на вештачење.

Од МВР сў уште не можат со сигурност да кажат дали ќе поднесат кривични пријави или дисциплински мерки, бидејќи, наводно, ги чекале резултатите од истрагата.
_____________________________________________________-
ова не се Алфи, Тигри или кои и да е, туку овични џандари од пазете КАРПОШ! Случајов е постар 4 -5 години, ама мислите овие лежеле пола ден или девојките си го барале???
Значи се можам да прифатам дека може да се случи, ама некои постапки на некои лица и професии се едноставно НЕПРИФАТЛИВИ!!! Не смее да биде!
Значи присила на орален секс не е силување. Ех, значи какви шанси за оралка сум пропуштал затоа што не сум го знаел ова...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Што и? :)

Ако не се излезеше на протест, зошто не се излезе, сега се организираат протести, зошто не се крши. Ако почне да се демолира, ќе се јават други на форумов зошто се демолирало, никако непогодено.
Да не беа протестиве немаше ни да се открие случај или па целосно да се расветли. Да стане помасовно треба тука да се навивачките групи ама ги оправдувам до некаде што не присуствуваат, кога се случи инцидентот со полицијата пред две години некаде цела јавност ги етикетираше нив, сега нека видат останатите кој бил во право а кој не.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Во ред е, разбирам на некого да не му се допаѓа зошто протестираме, има луѓе си поштуваат насилство, нивна работа, ама ти што сакаш да не убедиш сега? Да не протестираме дека не ти се допаѓа тебе? Мислам дај, не подржуваш и нема потреба да се замараш.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.969
Поени од реакции
45.252
Се согласувам со Точкест дека начинот на кој се протестира е погрешно организиран, не сме кадарни без асална организација да протестираме, тоа е факт, не сме кадарни фејсбук и твитер да се нештата преку кои ќе се организираме, и тоа е факт ...
Но и факт е дека ова и те како заслужува протест, факт е дека ова било случај во Америка, Русија, Шпанија, В.Британија, Франција, Германија, Грција, Србија и тн и тн, но и факт е дека таму биле далеку помасивни но и понасилни ( не оправдувам насилство ).

Овој наш протест моли за подобра организација, инаку Точкест, рашарај малку и види како го заташкуваа случајот, како манипулираа со јавноста, како не лажеа, како го купуваа молкот на неговите родители, па сеа кажи ми најискрено, дали тоа не заслужува протест ? Дали тоа што го оставија народот да шпекулира, да погодува и да изнесува погрешни информации за Даниел од Ѓорче само зашто они ја заташкуваа оваа работа не заслужува протест ? Дали Иво, кој го лажеше народот гледајќи го во очи, и Горде која се огласи дури вчера тврдејќи дека никој друг не треба да понесе одговорност, не заслужуваат оставка ?

Во нормални земји веќе ќе се разговараше кој треба да е нов министер на МВР и кој треба да биде потпарол на тоа министерство.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Во ред е, разбирам на некого да не му се допаѓа зошто протестираме, има луѓе си поштуваат насилство, нивна работа, ама ти што сакаш да не убедиш сега? Да не протестираме дека не ти се допаѓа тебе? Мислам дај, не подржуваш и нема потреба да се замараш.
А искрено што штрајкате кој е приведен човекот кој го убил детето ?
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Во ред е, разбирам на некого да не му се допаѓа зошто протестираме, има луѓе си поштуваат насилство, нивна работа, ама ти што сакаш да не убедиш сега? Да не протестираме дека не ти се допаѓа тебе? Мислам дај, не подржуваш и нема потреба да се замараш.
Ај прочитај ја мојата прва реченица од постот
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Некој ми спомна дека се собирале за распуштање на единицата за брза интервенција АЛФИ. Да, имаат правено глупости и тоа премногу. Јас имам јадено шамар зашо сум имал мрсна коса. Ама ај да ве прашам вас кои продавате "морал" и шотијазнам Знаете дека голем број од тие АЛФИ имаат жена, деца, фамилии кои што ги ранат со тие пари?
Пази го моментов.
Алфите ги ранат своите деца и жени од парите на оние луѓе чии деца ги убиваат на сред плоштад!!!!!
Рани куче да те лае!? Или понаместо би звучело, рани куче да ти го прегриза гркланот.
Ова ли е правда Точкест?!?
Нареден пат кога ќе имаш мрсна коса ќе ти ја запалат, зејтинот појако гори, од сламата.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
А искрено што штрајкате кој е приведен човекот кој го убил детето ?
Абе дечко, 500 пати е кажано, мора да се стегнат полициските припадници, не може било кој да биде полицаец. Значи што ако го казнат овој сега, и после за година дена пак џандар убие друг човек? Значи потребни се ОПШТЕСТВЕНИ ПРОМЕНИ.
 
Член од
9 јуни 2011
Мислења
19
Поени од реакции
5
Никој не спори дека имаме корист од алфите имаше и во претходен пост дека откако има алфи дека е посигурно но неможе по секоја цена да ги толерираме овие нивни испади а такви има многу. Убаво кажаа нека има алфи ама тие да бидат луѓе кој ќе поминат психо-тестови а не единствен услов за да бидеш алфа кај нас е бричена глава и да се билдаш. Не ни треба ткава полиција ни треба полиција што ќе ги познава законите што ќе му помага на народот и најажно од све ќе биде човечна и нема да мисли дека го фатиле господ за таквото
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Се согласувам со Точкест дека начинот на кој се протестира е погрешно организиран, не сме кадарни без асална организација да протестираме, тоа е факт, не сме кадарни фејсбук и твитер да се нештата преку кои ќе се организираме, и тоа е факт ...
Но и факт е дека ова и те како заслужува протест, факт е дека ова било случај во Америка, Русија, Шпанија, В.Британија, Франција, Германија, Грција, Србија и тн и тн, но и факт е дека таму биле далеку помасивни но и понасилни ( не оправдувам насилство ).

Овој наш протест моли за подобра организација, инаку Точкест, рашарај малку и види како го заташкуваа случајот, како манипулираа со јавноста, како не лажеа, како го купуваа молкот на неговите родители, па сеа кажи ми најискрено, дали тоа не заслужува протест ? Дали тоа што го оставија народот да шпекулира, да погодува и да изнесува погрешни информации за Даниел од Ѓорче само зашто они ја заташкуваа оваа работа не заслужува протест ? Дали Иво, кој го лажеше народот гледајќи го во очи, и Горде која се огласи дури вчера тврдејќи дека никој друг не треба да понесе одговорност, не заслужуваат оставка ?

Во нормални земји веќе ќе се разговараше кој треба да е нов министер на МВР и кој треба да биде потпарол на тоа министерство.
Syn, еве почнаа да излегуваат колумни во весници за протестите, ама да не беше твитер ФАКТ е дека немаше ни да има протест, моќта на 140 карактери излезе поголема од моќта на медиумскиот пишан збор и репортажи.
Денес сите се на социјалните мрежи, најдобар начин е да се рашири таа вест, не за џабе денес заработката од интернет маркетингот е толку висока. Ајде тогаш предлог како да се рашири совеста за протестов, на ФБ се бришат страници, на телевизиите кажуваат партиски ваков таков, луѓево тука осудуваат дека бил партиски, им го перат мозокот а не ни биле на протестот.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Игор Спасов страдал од

Post Traumatic Stress Disorder

Бар така кажува Стојанче Ангелов:

“I have been saying all along that all the members of the unit that participated in the battles ten years ago suffer from PTSD. They need professional help,” Angelov said, describing them as “time bombs” that may erupt in violent outbursts.

http://en.wikipedia.org/wiki/Posttraumatic_stress_disorder
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
http://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=10150276591601532&id=134731976531
Janko Ilkovski
ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО ПРОТЕСТИТЕ - ГИ ПОДРЖУВАМ КАКО ИЗРАЗ НА ГРАЃАНСКА ЗАГРИЖЕНОСТ БИДЕЕЈЌИ ИМААТ ПОВОД, СЕРИОЗЕН ПОВОД. ПРЕДЛАГАМ ЕДНАШ ГОДИШНО ДА СЕ ОРГАНИЗИРА МИРЕН ПРОТЕСТ ПРЕД МВР ДУРИ И ДА НЕМА ПРИЧИНА, САМО ЗА ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ КАКО СИ ЈА ИЗВРШУВААТ ЗАДАЧАТА ЗА КОЈА НИЕ ГИ ПЛАЌАМЕ!

во коментарите излегуваат дека тие што протестирале дека биле партиски обоени.......
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom