Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Во првата недела кога станав полнолетна и се здобив со право на глас. Политиката ме интересира од моја 10та година, или 2001 година.
Аха. Океј де. Јас мислев дека некаде измеѓу мислењето во кое се дистанцираш од партијата (народски, се правиш на Тошо) и она во кое конечно си кажуваш, си тркнала со кучето по членска.
 
T

Tetro

Гостин
Можам да протестирам против мојата матична партија ако донесе одлука спротивна на моите лични убедувања, и како што кажав до сега милион пати, ...............

Ама тука никој тоа не го разбра, очигледно, па јас почнав да тролам дека се обидувам да ја тргнам вината од него. Тоа се вика субјективност.

Јас вака само да те прашам:
До кога планираш да тролаш на темава?
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Сосема истото и јас го сакам. Да не бидам искористена од опозицијата. .
Девојче ако не сакаш да бидеш искористена од никој седи си дома и пиј си сокче, сто пати поназад беше кажано дека протестите немаат политичка позадина и на ТВ кажаа на сите можни телевизии, и самите протестанти тоа го изјавија и ти пак тролаш за политичка позадина, никој не те тера тебе да искочиш, и прекини више стварно си напорна и како не ти е срам, и како немаш трунка совест, наш сограѓанин беше претепан крвнички на плоштадот а ти се грижиш да не си била искористена, која дегенка си ти ма, каква себичност само не себе да се мислело., овде станува збор за нешто многу подлабоко од политика, јас сум член на Вмро како што реков, јас бев да гласам, гласав за Никола, јас сеуште ја поддржувам политиката на Никола, но овој протест е искажување на револт против насилството на полицијата, да ти се нацрта ли треба, дај те молам поштеди не сите од твоите глупави коментари.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Трето. Денес се дозна дека убиениот се обидел да се качи на бината, за да го гушне Груевски (или нешто слично). А1 изјави уште поголема глупост од Сител така што пиша дека мајката на Мартин го изјавила тоа. Како е можно, кога мајка му не ни знаела каде е син и'?
Дури и стварно да се десило ова (да се качил на бина), убиецот денес пред да почне сослушување изјавил дека дошло до вербална расправија помеѓу него и детето. Ова веќе има некоја логика, плус ако се додаде на тоа и дека можеби Мартин го нападнал, или во најмала рака го плукнал Спасов - мислам дека е доволна причина некој да го извадиш од кожа. Можеби и затоа била претераната реакција на Спасов. Вие не би му се нафрлиле на некој помал од вас ако јавно ве засрами?

Исто така, многу од вас избрзаа со заклучок. Значи почекајте да видиме прво која ќе биде пресудата, па после бунете се. Околу казната, моја претпоставка е ова:

Што значи минимална казна би била 6 години.
Имаш ПРАВИЛНИК односно ЗАКОНИ кои што треба да ги спроведуваш како униформирано лице. За БИЛО КАКОВ прекршок (дали опцул, плукнал, навредил, нападнал полицаец) треба да се приведе лицето и да се казни соодветно, а не да се лечат фрустрациите и да доведе до смрт. Полицијата постои за да спроведува правда според законите на државата, за да не прават сите како сакаат односно сите да НЕ ја спроведуваат своеволно правдата.
Дали до сега некој те плукнал или те навредил? Ако да, како изреагира?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
Немам намера да влагам у твоите интригантни ставови, каде што и веќе на профилот кај тебе, ме нападна дека бранам една партија на темава. Очигледно е на што инсуинираш цело време. Замисли, толерантен бев кон тебе а не кон другите членови. Затоа те молам - не ја упропастувај темава и ако имаш нешто да кажеш конструктивно а не само да прашуваш зашто се чувствуваш дека ти ја нападнале партија - зборете тоа во штаб со членовите на вашата партија.

Тука е место каде што се дискутира за смрт на младо момче од страна на полициски службени и мислење што околу тоа. Други тематики и прашања кои доаѓаат од други страни, кои само може да ја упропастат дискусијата - не се толерираат. Ова е последно од мене во темава насочено кон тебе. Биди ми поздравена и се надевам ќе имаш чиста свест и ќе размислиш што понатаму со твоето учество во темава. Благодарам за вниманието.
Мислам дека не те нападнав тебе, туку одредени членови. Ако сакаш да се увериш, провери.
И јас се обидувам да бидам конструктивна и да дадам предлог, ама тоа се сфаќа како бранење на криминалец.
Како и да е, ќе се обидам повторно, да видам дали некој конструктивно ќе ми одговори, или пак ќе бидам државен непријател бр. 1.
Дали, мои сограѓани, се согласувате со мене дека:
1. Треба да се изберат одредени личности кои ќе ги предводат протестите и ќе се грижат да останат надвор од политиката?
2. Дали може сите заедно да се повикаме исклучиво на построгите мерки према полицајците, како и намалување на нивните овластувања?
3. Дали може сите заедно да создадеме став дека убиецот не смее да добие олеснувачки околности, кои му следуваат како полицаец?
4. Дали може да побараме строга забрана во полиција да влезе било кој што има досие, макар и казна за паркинг?
5. Дали може да побараме прочистување на МВР, да останат само оние кои имаат чисто минато?
6. Дали може да се заборави дека Мартин со себе носел знаме на владеачката партија, и да останеме имуни на вестите на а1 и сител, кои до сега смислија 1001 сценарио?
7. Дали може на протестите да се истакнуваат исклучиво симболи и слики и транспаренти кои ја доловуваат сликата за нашиот протест - стоп на бруталноста - а не замена на вакви и такви функционери? Тоа ќе го бараме, ако не ги испочитуваат нашите барања.
8. Да се договориме да не извикуваме имиња на политичари (и во време на СДСМ се случуваше ова, па јас не би се дерела ,,Бранко е убиец,,) на настан кој го карактеризираме како неполитички
9. Да бидеме сложни и масовно да се собираме и сите да ги почитуваме овие правила (допишете уште некое, ако сметате за потребно) и да не толерираме некој што не ги почитува?

Дали постојат и други барања кои можеме да ги истакнеме и доставиме до надлежните институции? Зошто ако протестираме, бараме да ни се исполни нешто, и не престануваме додека тоа нешто не се исполни.

Мислам дека е ова конструктивно, ако имате некоја реална замерка, повелете, ме интересира. Кажете што е погрешно во овој мој пост, кој до сега сите требаше да го сфатите.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Лажеш, не е точно дека пробаа да заташкаат (ако се однесува на МВР).

Од сите 15 сведоци се земени искази.

Не мора да кажеш, јасно е како бел ден дека лаеш по форум без блага врска и немаш докази.
--- надополнето: Jun 9, 2011 12:09 AM ---

Ти како да паѓаш од Марс бе?! Ајде ме мрзи да пишувам, па ќе го цитирам претходниот пост.

Претходно искажав мислење базирано на податоци од луѓе што беа на протестот дека истиот почна спонтано, но дека веќе е срамтоно исполитизиран од страна на опозицијата.

Да се разбереме, сите имаат право да се присутни на протестот бидејќи се граѓани на Македонија и сите би требало да сме засегнати со истово прашање (полициска бруталност). Но кога од сите ќе се појават само неколку обоени и ќе почнат да фрлаат со дрва и камења по другите кои се трудат да дојдат на почетокот на приказнава, тогаш веќе не е во ред.

Во меѓувреме, Милчин и соросодината компанија сакале да одат на задушница на клупата каде што умрел Мартин.sick: А бе нели имаат трунка почит кон умрениот?!?

Што се однесува до некакво барање за оставка од Јанкуловска и Котевски врз основа на шпекулации на неколкумина погоре за работата на МВР, тоа мало морген ќе го гледате.

Прво, по ниеден основ не смеат да се носат предвремени заклучоци за/од портпарол на институција кога истрагата е во тек!

Второ, МВР сосема добро си ја вршеше и си ја врши работата, не сакаа да скријат ништо. Тој што скрил, обвинетиот, самиот се предаде. А и неговите другари кои пробале да ја сокријат целава оваа работа, ќе се предадат.

Јанкуловска работи на случајот и не млати празна слама по форуми. Ако речеше дека го фативме убиецот и толку, тогаш ќе имаше основа да се бара одговорност од неа зошто ќе знаевме дека сака да сокрие некого. Но Јанкуловска отворено рече дека ќе одговараат сите вовлечени во случајот. Значи трпение-спсение, да видиме прво кои се тие сите и колку ќе одговараат, па дури тогаш ќе може да се зборува дали има основа за оставка.

Ама да се напалиш ко млад мајмун во првите 24-48 саати од истрагата и да запениш за оставка по основ на вметнати медиски шпекулации кои може но не мора да се точни, е тоа е повеќе од претерано.
Нервозен си нешто...

Не лаже, точно е дека пробаа да заташкаат.
Јасно е кој лаже тука и на која страна е.
Се обидуваш да извртиш работи...во ред, поелоквентно од некои други тука, но содржината е таа.
Земени биле искази и што?
Нормално дека се земани искази.
Секако оставка на официјални лица кои прикриваа докази (изјави дека немало траги на насилство), изјави дека човекот умрел на клупа, негирање на убиството...сето тоа за некого е недоволно за оставка...
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Претходно искажав мислење базирано на податоци од луѓе што беа на протестот дека истиот почна спонтано, но дека веќе е срамтоно исполитизиран од страна на опозицијата.

Да се разбереме, сите имаат право да се присутни на протестот бидејќи се граѓани на Македонија и сите би требало да сме засегнати со истово прашање (полициска бруталност). Но кога од сите ќе се појават само неколку обоени и ќе почнат да фрлаат со дрва и камења по другите кои се трудат да дојдат на почетокот на приказнава, тогаш веќе не е во ред.

Во меѓувреме, Милчин и соросодината компанија сакале да одат на задушница на клупата каде што умрел Мартин.sick: А бе нели имаат трунка почит кон умрениот?!?

Што се однесува до некакво барање за оставка од Јанкуловска и Котевски врз основа на шпекулации на неколкумина погоре за работата на МВР, тоа мало морген ќе го гледате.

Прво, по ниеден основ не смеат да се носат предвремени заклучоци за/од портпарол на институција кога истрагата е во тек!

Второ, МВР сосема добро си ја вршеше и си ја врши работата, не сакаа да скријат ништо. Тој што скрил, обвинетиот, самиот се предаде. А и неговите другари кои пробале да ја сокријат целава оваа работа, ќе се предадат.
Ах, еве го и спин-мастерот да се јави.
По кој основ одење на задушница е забрането за некои луѓе? Без разлика кои се. Ако имаат задни намери, посебно ако тие намери се политички, нека им иде на душа, не можеш да дискредитираш незадоволство на десетици илјади млади луѓе заради поединци.
Протестите во никој момент немаа политичка заднина и беа доста фер и мирни, премногу мирни ако ме прашаш мене.

Котевски не треба да дава заклучоци. Но не смее ни да лаже. Како може да каже дека се работи за ненасилна смрт кога семејството од модрици едвај со ги позна синот и како може да кажат дека е несреќен случај?
Како може 2 дена да не се јават на родителите да им кажат дека знаат што се случило со нивниот син. Па и да немал дечкото лична карта во себе, ќе нашле начин да го идентифицираат, МВР се да му ебам мамата.

Мисирков, ако не си платен ова што го пишуваш, тогаш си тешко гомно од човек. Само толку ќе ти кажам.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Сосема истото и јас го сакам. Да не бидам искористена од опозицијата. А тоа се случува, иако можеби ти и уште некои сте со самостојни ставови независно од партијата.
Никаде не кажав бранете ја ВМРО, бранете го убиецот, бранете ја бруталноста на полицијата.....
Само прашав, дали навистина сте сигурни дека нема политичка заднина?
Тогаш, зошто а1 и сител го прават тоа што го прават?
Зошто се оди со транспаренти и извикување против целокупната власт?
Мислам дека добро се разбираме.
Јас можам да дојдам со транспарент на џандар кој тепа некого, и на него да напишам Доста е од полициска бруталност. Ама не сакам тој до мене да дојде и да носи знак на Груевски со пиштол или да се дере ,долу влада,. Зошто во тој случај, јас доаѓам од објективни причини, а тој до мене доаѓа од субјективни (не му се допаѓа владата). Затоа и побарав да има организатори, кои ќе забранат носење на било какви политички транспаренти и ќе извикуваат против кој било функционер (има и такви, Бранко го плукале, па Љубе итн.)

Зошто, секое споменување само на името на било кој политичар, дава политичка нота на протестот.
Мислам дека тоа се подразбира, и е јасно.
Знаеш дека во моментов само ти ја правиш политичка темава? Единствено само ти (ВО МОМЕНТОВ) спомнуваш политичари и политички партии. Пак ќе кажам, од Сител и А1 политика не се учи. Врати си ја партиската книшка, оди прошетај надвор, прошетај малце периферија, оди на планина диши чист воздух, разгледај што се случува па кога ќе се вратиш размисли пак дали ќе сакаш да ја земеш партиската книшка.
Те молам посочи ми една парола кај што имаше „Долу влада“ и кај што беше Груевски со пиштол или воопшто некој го коментираше него. Ако немаш не треси глупости и не тролај, ако сакаш излези на протест ако не никој не те тера, само не треси.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Какви само безкичмењаци има на темава а и пошироко во македонијава...
ми се гади веќе од вас.
Уште малце ќе направите дека момчето било криво не дебилниот тигар.

Мисирков, дали ти нема да приметиш кога на некој му е скршен носот а и имал внатрешно крварење во главата?
Значи Котевски излезе со ИЗЈАВА дека ПРИМЕНО Е МОМЧЕ КОЕ НЕМА ТРАГИ НА НАСИЛСТВО, повторувам НЕМА ТРАГИ НА НАСИЛСТВО!!! Зарем не е очигледно кога некој е претепан?

Па маме му ебам дали имате вие видено мртов човек бре?
Секоја рана уште толку помодрува и е надувана, како може да изјави дека немало никакви траги на насилство? ЗАШТО го изјави тоа?
Се лажеш ако мислиш дека не се обидоа да го скријат, се обидоа ама неуспешно пред се благодарение на некои медиуми (нетпресс) кои ја објавија веста и тие 300-400 луѓе кои излегоа на плоштад и што дигнаа колку толку узбуна.

гадни сте, се срамам што сум македонец.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Океј, гледам дека има уште луѓе на форумов кои што ги мрзи да го вклучат малце мозокот при размислување и да употребат common sense.

Да речеме дека стварно украл пијачка од штанд... Дали ти СТВАРНО мислиш дека толкава горила обучена и тренирана за воени и полициски акции, каде што треба да се бори против терористи и што све не - ќе се замара да брка обично дете кое што украло пиво??? Јас не. Башка, таа приказна никој не ја потврди, туку само беше шпекулација.

Одиме понатаму... Сител изјавија дека тигарот бил симпатизер на СДСМ, а детето на ВМРО (бидејќи носел нивна маичка), па поради тоа се изнервирал и го претепал... Знам дека Сител се телевизија на која што ти доаѓа да речеш OMGSTFU кога ги слушаш, ама ова е стварно претерано.
Како прво убиецот бил ставен таму за да ја обезбедува прославата на ВМРО, а и како што се дозна - бил од обезбедувањето на Груевски и близок до Урко. Што значи нема никаква логика да е за СДСМ.

Трето. Денес се дозна дека убиениот се обидел да се качи на бината, за да го гушне Груевски (или нешто слично). А1 изјави уште поголема глупост од Сител така што пиша дека мајката на Мартин го изјавила тоа. Како е можно, кога мајка му не ни знаела каде е син и'?
Дури и стварно да се десило ова (да се качил на бина), убиецот денес пред да почне сослушување изјавил дека дошло до вербална расправија помеѓу него и детето. Ова веќе има некоја логика, плус ако се додаде на тоа и дека можеби Мартин го нападнал, или во најмала рака го плукнал Спасов - мислам дека е доволна причина некој да го извадиш од кожа. Можеби и затоа била претераната реакција на Спасов. Вие не би му се нафрлиле на некој помал од вас ако јавно ве засрами?

Исто така, многу од вас избрзаа со заклучок. Значи почекајте да видиме прво која ќе биде пресудата, па после бунете се. Околу казната, моја претпоставка е ова:

Што значи минимална казна би била 6 години.
Абе човече..како прво, што се правиш паметен и бараш некој да ти каже официјално, кога и самиот виде дека сите неофицијално знаеме дали и што престап направил малиот па да го збрка горилата.
А се гледа дека си немал никакви проблеми со такви горили, па што не веруваш дека баш поради тоа може да те брка. Па тие за еден поглед на страна(според нив) кој ќе го испратиш кон нив прават проблеми бе.

А за ова вториов болд се гледа дека кај тебе нема проработено common sense затоа што и да му врзал шамар, а не да го плукнал(незнам ни зошто го додаде тоа, али не е битно) не смее ни да помисли на тоа што го направил. Плус кога ќе се додаде дека бил таму професионално...

П.С. Сега вметни го тука негде учењето, затоа што во секое твое мислење што ќе налетам на вакви теми, одма се фаќаш за школото.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Жал ми е, навистина, што ви пречи мојата искреност.
Ни пречи твоето тролање, златен народ доби казни за политизирање а ти си уште тука, убедлив рекордер во млатење празна слама на темава. Успеа да изиритираш и политички истомисленици, работа што тешко им успева на луѓето колку и да се трудат. But you did it!!! :)
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Имаш ПРАВИЛНИК односно ЗАКОНИ кои што треба да ги спроведуваш како униформирано лице. За БИЛО КАКОВ прекршок (дали опцул, плукнал, навредил, нападнал полицаец) треба да се приведе лицето и да се казни соодветно, а не да се лечат фрустрациите и да доведе до смрт. Полицијата постои за да спроведува правда според законите на државата, за да не прават сите како сакаат односно сите да НЕ ја спроведуваат своеволно правдата.
Дали до сега некој те плукнал или те навредил? Ако да, како изреагира?
Не, за среќа никој не ме плукнал до сега. Ама и да ме плукне, сепак имам повеќе од 2 грама памет и нема да изреагирам како Спасов. Релативно нормална реакција е да се изнервираш до толку што ти доаѓа да убиеш некој кога јавно ќе те понижи (а плус и со плукање), а ако додадеш на ова и дека типов (а и повеќето специјалци) се доста слаби со нервите, па и најмала навреда може да ги извади од колосек - имаш логично размислување за неговата постапка.

Сепак, ова моето е само претпоставување. Не заклучувам ништо додека Спасов или некој од осомничените не даде целосна изјава. Ама како што тргнало денес (Спасов се решил да се брани со молчење), прашање е колку ќе добиеме таква работа.
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
156
Поени од реакции
149
Сосема истото и јас го сакам. Да не бидам искористена од опозицијата. А тоа се случува, иако можеби ти и уште некои сте со самостојни ставови независно од партијата.
За тоа ми е најмногу криво, што на секој од партиските активисти му е потребна партиска дозвола или наредба за да присуствува. Без разлика од која страна и да се членовите, криво ми е што не размислуваат разумно туку како партиски војници. Утре конкретно твојата партија можеби ќе биде во опозиција, а бруталноста како и секогаш ќе остане на власт.
Само прашав, дали навистина сте сигурни дека нема политичка заднина?
Тогаш, зошто а1 и сител го прават тоа што го прават?
Зошто се оди со транспаренти и извикување против целокупната власт?
Бев на првиот протест и се скандираше само против полицијата, ништо поврзано со владата, власта, ВМРО, ДУИ, ДПА, СДСМ и т.н.
За сител и а1 не вреди да се зборува, доволно е што ги спомнав во реченицава.
Јас можам да дојдам со транспарент на џандар кој тепа некого, и на него да напишам Доста е од полициска бруталност. Ама не сакам тој до мене да дојде и да носи знак на Груевски со пиштол или да се дере ,долу влада
Единствен кој што може да скандира "долу-влада" е човек кој што сака да го растури протестот.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
А дали вие имате видео дека полицаецот му ја мавал главата од клупа, или очевидци виделе, и тоа се смета за релевантно?
Тогаш зошто не се сметаат за релевантни моите пријатели кои беа на протестот и кои се вратија револтирани токму заради извикувањето на името на Никола?
Добро е ако јас сум виновна за политизирање на темава, ама кој е виновен за политизирање на настанот? Јас сигурно не.
Амебо, дечкото имал внатрешно крварење ВО ГЛАВАТА - МОЗОКОТ!!! Од што го добил тоа од што лежел на трупчето кај што го оставиле пред МЕПСО?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom