Ај вака најбуквално, не сфаќам како некој се спротиставува на барање за немање насилство? Као демек у реду е бе, нека има насилство WTF?!
Друга работа, причини за вакви протести со децении се таложат, а во таква ситуација, доволен е повод за револтот да излезе на виделина (во случајов убиство на 22 годишно момче). И тој револт нема како да излезе освен со спонтано собирање, сами меѓу себе луѓето се организираат, и уште ако не па и прес да ви одржат.
А иначе, ти знаеш па мене колку ме заболе кој е на власт? Нема да не подржеле вмровците :glavavozid: Јас не сакам етикети да не подржуваат, јас сакам луѓе што го подржуваат барањето за не насилство. Пошто ти не си една од тие, уживај. Свашта значи, до каде отиде политикава..
А, и на крај, си била некогаш на протест?
Да сум била на многу протести, од кои повеќе биле против насилство. Но, на сите протести сме поставиле барања кои делумно биле исполнувани, преку заеднички договор со тој против кој протестираме. Сум била и на студентски протести.
Јас не се спротивставувам на протестот, прочитај малце, само барам некој да се изјасни со конкретни барања кои ќе ги поддржат сите што протестираат, и да, токму транспарентот со бркови и оставка, и муабетењето дека Никола е убиец, ќе ги одврати сите кои го почитуваат Никола да излезат на протест, ИАКО СЕ СОГЛАСУВААТ И САКААТ ДА ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО НА СПЕЦИЈАЛНИТЕ ЕДИНИЦИ КОИ НЕ ПОШТЕДУВААТ НИКОГО!
Што не е јасно?
ВМРО ќе протестира против алфите и било каква бруталност.
НЕМА да протестира против Никола.
Затоа што нема заедничка кауза. Секој протестира против својата болка. Не го оспорувам протестот. Некој со малце повеќе грам мозок ќе сфатеше дека на крајот, давам совет, дека вака НЕМА НИШТО ДА СЕ ПОСТИГНЕ.
Тоа е како да штрајкуваат некои работници од некоја фабрика, да излезат во двор и да седат така, да извадат транспаренти против газдата. Ама, немаат никакви конкретни барања, кои газдата би требало да ги разгледа и да ги прифати делумно или целосно, за работниците да го добијат тоа што го сакаат и да се продолжи со работата на фабриката. А ако дремат во двор и плукаат по газдата, нема да се најде заедничко решение, како прво зошто работниците не се сложни што сакаат, а како второ, газдата не разбира што точно тие сакаат за да може тоа да се исполни.
Направете конкретни барања и објавете ги преку некој независен медиум, за да не ви ги извртат зборовите а1 или сител, и тек тогаш, ќе има некакви резултати од протестот.
Вака, ќе излезе, секое чудо за три дена.