Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
K

kalimer0

Гостин
ke odmore 2 3 godini vo zatvor
ne veruvam vo povike od 2 3 godini
Како што кажаа другите членови и 15 години да одлежи тоа нема да го реши проблемот.
Мартин е веќе мртов, утре ќе биде некој друг (можно е јас, ти, твоите/моите блиски)
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
го читам ова и се чудам.. не си ништо подобар од тој што го утепал детето
Види вака, јас сум многу мирољубив се додека некој не ме нападне прв, дури и левичар бев едно време ама со молитви и со мирни протести како во Барселона не се прави ништо. Треба сериозна контра офанзива... ако сакате да смениме нешто ако не ај по старо.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
не сфаќам зошто некој од модераторите ми го избриша коментарот, да не навредив некој ? или некој не сака да прими критика?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
Хм... Хм хм хм. Јас стварно не знам како да почнам со тебе. Значи, синоќа се избацуваш во темава, тотално неинформирана за случајов. Те цитираат неколкунаесет луѓе, и наместо да одебеш од тука, ти загазуваш во гомна сè повеќе и повеќе, со секој влегуваш во дискусија, и ставаш лајкчиња на секој пост во кој нема да биде спомнато твоето куче. И немој да ми реплицираш нешто во стил како на заратустра, пошто е лејм да си мислиш дека си ни опсесија или нешто.
Се плашиш да не му се слоши на грујо од протестиве? Протестиве се заради тоа што Котевски (кој инаку ми е најсекси тип во државава) се потруди да го затаи случајот. Претставници од МВР утрото присуствувале додека траела обдукцијата и била испитувана причината за смртта на Мартин, а Котевски неколку часа потоа вели дека немало пријавен таков случај. No shit, Evo. Па после како: еј да, имаме тело на 22 годишен тип, но нема траги на насилство и си починал од природна смрт, за на крај колку-толку да ја дознаеме вистината.
Смрди. Затоа се протестите.
Аха, значи според тебе протестите се зошто Котевски сакал да ја заташка работата...
Дојдовме до уште една потточка на списокот.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
Како што кажаа другите членови и 15 години да одлежи тоа нема да го реши проблемот.
Мартин е веќе мртов, утре ќе биде некој друг (можно е јас, ти, твоите/моите блиски)
da se slagam so tebe
zatoa trebe da se gleda koj se pribira za da bide specijalec,zasto polovinata od specijalcite vo mvr se bez lekarsko :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
не сфаќам зошто некој од модераторите ми го избриша коментарот, да не навредив некој ? или некој не сака да прими критика?
Навреда на член. Не е критика да споредиш некого со убиец. Фалачаопријатно.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
Oставката е само едно од барањата, оставката тука се подразбира поради начинот на кое министерството за внатрешни работи се однесуваше, затоа жити све не тролај со вакви малоумни постови се со цел да најдеш оправдување за моменталната гарнитура која е на власт, жити све не ми начнувај вакви тематики се со цел да испровоцираш дискусија во која сакал некој или не ќе преовладува политика.

Тебе треба да ти увезат неврони во глава за да воочиш некои работи, за да воочиш зашто се бара Оставка за министерката и за нејзиниот потпарол бидејќи све црно на бело ти е изнесено а ти упорно мижиш но на повеќето тука јасно ни е зашто е тоа така ...

Еве, пак ќе ти нацртам, не со муабетите мои од вчера, туку од она што излезе денес во јавноста со кое уште еднаш се потврди очајното функционирање на МВР

Иво во 15 часот истиот ден, или 16, не ме фаќај за збор излезе со изјавата дека немал никакви сознанија за да подоцна истото тоа министерство потврди дека починало дете во Неделата вечер но и потврдија дека на телото немало никакви знаци за насилство.

И сега тебе ти е чудно зашто се бара оставка ? Тебе ти е чудно зашто бараме оставка за личност која дури денес излезе во јавноста и кажа, самоуверено, дека нема никаква потреба некој тука да понесе одговорност иако фактите велат дека.
1. МВР ги криеше околностите за ова убиство цел ден, дури и тврдеа дека немале информација за таков случај ШТО НЕ Е ТОЧНО.
2. МВР со својот начин на работа дозволи јавноста сама да се занимава со овој случај и да шпекулира со што проструи погрешна информација дека станува збор за дете со име Даниел од Ѓорче.
3. МВР шпекулираше за нешто што веќе го знаеле со што дополнително фрлија сомнеж врз самите себе бидејќи тврдеа дека нема траги на насилство иако истите и те како биле евидентни.
4. МВР се мава во гради дека случајот е скоро решен иако тоа се случува дури по 2 дена по САМОВОЛНО предавање во полиција, па дали си ти свесна дека човек за 2 дена денес од Македонија може да отиде до Аљаска ?!

Кажи ми бе ти, ооо партиски војнику, па зар тука никој не треба да сноси одговорност ?
Немој ти мене партиски војнику. Значи, да резимираме - се бара Котевски или Јанкулоска да даде оставка? Кој? И ти различна верзија... добро.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
http://arangel.linux.net.mk/2011/06/08/protests-against-police-brutality-06-06-2011/
The question here is why the fuck do you have a trained killing machine securing a square full of people celebrating and having fun?! The prime-minister has his own security and there were who knows how many regular policemen there that night. The "Tigers" are a special counter-terror unit trained for urban combat that are usually called in hostage situations, terrorism attacks, in a case of war etc, they do not get called for bull shit.

Добар текст со добри поенти. Препорака за читкање.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Навреда на член. Не е критика да споредиш некого со убиец. Фалачаопријатно.
-.-тоа беше мое мислење, членот повикува на насилство што сакаш да му кажам, браво ајде утре да се испоубиме ?

Темен крал остај ги моите коментари на раат, не сум на форумов од вчера, знам што смеам што не смеам да коментирам
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Првото јавно признание кое укажува дека протестот е анти Никола и неговата Влада. Добро е, полека, полека, ќе стигнеме до крајот.
Инаку, во Македонија, тутунарите протестираа против тутунарите, ако паметиш.
Во ред е протестот. Нема конкретни барања. Барем јас не ги знам конкретните барања, до сега се спомнаа (сигурно ќе заборавам нешто): против бруталност на специјалните единици (поддржувам), против Јанкулоска, реформирање/расформирање на алфи и тигри, прочистување на вработените во полицијата, против Котевски, против целиот систем....... Сеуште не се дефинирани конкретните барања од власта, што таа треба да преземе за да престанат протестите?
АМАН ЖЕНО ПРЕСТАНИ ДА ПРАВИШ СПИНОВИ ВО ТЕМАВА! Ти прва почна со политика и не ми глуми детектив да си водиш заклучоци од тоа што кажале и да ги провоцираш луѓето да свртат на политика. Ако уште еднаш споменеш дека протестиве се против владини, против партија каде што си член, како што ми кажа веќе, и со тоа да провоцираш - леташ бан на дооолго време. Разбрано?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ја не знам што уште се замарате со ова на толку проблеми во државава се истурка оваа работа злосторникот ќе си добие казна од МВР ќе си носат поука за идни настани тоа е тоа крај на прича.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
Ај вака најбуквално, не сфаќам како некој се спротиставува на барање за немање насилство? Као демек у реду е бе, нека има насилство WTF?!

Друга работа, причини за вакви протести со децении се таложат, а во таква ситуација, доволен е повод за револтот да излезе на виделина (во случајов убиство на 22 годишно момче). И тој револт нема како да излезе освен со спонтано собирање, сами меѓу себе луѓето се организираат, и уште ако не па и прес да ви одржат.
А иначе, ти знаеш па мене колку ме заболе кој е на власт? Нема да не подржеле вмровците :glavavozid: Јас не сакам етикети да не подржуваат, јас сакам луѓе што го подржуваат барањето за не насилство. Пошто ти не си една од тие, уживај. Свашта значи, до каде отиде политикава..

А, и на крај, си била некогаш на протест?
Да сум била на многу протести, од кои повеќе биле против насилство. Но, на сите протести сме поставиле барања кои делумно биле исполнувани, преку заеднички договор со тој против кој протестираме. Сум била и на студентски протести.

Јас не се спротивставувам на протестот, прочитај малце, само барам некој да се изјасни со конкретни барања кои ќе ги поддржат сите што протестираат, и да, токму транспарентот со бркови и оставка, и муабетењето дека Никола е убиец, ќе ги одврати сите кои го почитуваат Никола да излезат на протест, ИАКО СЕ СОГЛАСУВААТ И САКААТ ДА ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО НА СПЕЦИЈАЛНИТЕ ЕДИНИЦИ КОИ НЕ ПОШТЕДУВААТ НИКОГО!

Што не е јасно?
ВМРО ќе протестира против алфите и било каква бруталност.
НЕМА да протестира против Никола.

Затоа што нема заедничка кауза. Секој протестира против својата болка. Не го оспорувам протестот. Некој со малце повеќе грам мозок ќе сфатеше дека на крајот, давам совет, дека вака НЕМА НИШТО ДА СЕ ПОСТИГНЕ.

Тоа е како да штрајкуваат некои работници од некоја фабрика, да излезат во двор и да седат така, да извадат транспаренти против газдата. Ама, немаат никакви конкретни барања, кои газдата би требало да ги разгледа и да ги прифати делумно или целосно, за работниците да го добијат тоа што го сакаат и да се продолжи со работата на фабриката. А ако дремат во двор и плукаат по газдата, нема да се најде заедничко решение, како прво зошто работниците не се сложни што сакаат, а како второ, газдата не разбира што точно тие сакаат за да може тоа да се исполни.
Направете конкретни барања и објавете ги преку некој независен медиум, за да не ви ги извртат зборовите а1 или сител, и тек тогаш, ќе има некакви резултати од протестот.
Вака, ќе излезе, секое чудо за три дена.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Remember remember Струга 2004 . Не сме до толку глупи, памтиме уште кој како што направил. И едните и другите се само за да ги избркаш од државава, ама пуста фотелја, многу комфорна за седење изгледа е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom