Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
И само уште ова да кажам бидејќи гледам дека голем дел бараат оставка од Јанкуловска. Поради изборите моментално министер за внатрешни работи нема. А не се знае дали Јанкуловска повторно ќе биде назначена на истото место (наводно ДУИ го барале тоа министерско место). Оставка од министер неможе да има затоа што министер во моментов нема и бесцелно е ова барање да биде дел од протестите.
Владава е техничка ама министер има. Ако и се понуди да остане министер не треба да прифати од морални причини. Не само затоа што полицаец убил дете. Туку заради целокупната реакција на министерството кое во првичните информации кажа дека починал човек на кој му се слошило на плоштад иако неколку полицајци го чувале телото на починатиот.

И они не виделе знаци на насилство на човек на кој што му ја мавнале главата од клупа?

МВР се исплаши СДСМ да не поентира политички на случајот повеќе отколку што се потруди да го разреши, а тоа е недозволиво. Добро што СДСМ, веројатно уште збркани од изборите, не замараа многу и ги оставија луѓето да си се соберат најспонтано.

А за тоа дека се следат социјалните мрежи.... no comment.
 
?

..........

Гостин
Многу ми е мило што конечно младинава успеа сложно да испадне на протести, во случајов против полициската бруталност, која не е од вчера сме имале вакви случаеви и во минатото каде што на сличен начин се обидувале да ја заташкат работата, надлежните треба да сносат одговорност!!! да се направи детално испитување на случајот кои се тие кои го одвлекле телото истите треба да сносат одговорност како припадници на мвр за соучество во прикривање на убиство...
И конечно да се воведат санкции и систем на испитување за ниво на интелегенција кај лугето кои треба да се грижат за нашите животи а не да ги одземаат, затоа што на секој не се дава овластување и оружје во рака!!!
Исто така и не е во ред случајов да се користи за мегупартиски препукувања и политичко поентирање.
Сочуство до убиениот Мартин, нека почива во мир!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.965
Поени од реакции
45.230
Ја обвинуваш македонштината за се? Секогаш ќе има луѓе за, против и воздржани. Нормално е. Излези на протест и глеј да ги донесеш другарите/другарките и родителите.
Ова не е мој текст, како што гледаш цитирам и давам извор од каде е превземен, тоа е едно, второ, измозгај што му значи тоа доле,
Младич на кој му е смачено од Македонштината!
Не гледај на нештата толку површно, во земјава со години егзистира стравот на народот од политичките структури, од актуелните гарнитури што се и што биле на власт, од самата држава, а треба да е обратно.
Оваа земја е единствена и излегува на улица кога ќе почине претседател или познат пејач, дали само таквите работи треба да не обединуваат ?! Дали требаше да се чека да почине 22 годишно дете за да повторно се излезе на улица ?! Дали требаше да се случи војната во 2001 за да Народот го запоседне Собранието ?

Реков, и ќе повторам, излегувам на улица за да по еден месец, пола година, година, 5 години, повторно не излезам на улица за ист повод, излегувам за Промени.
Се е објаснето во текстот, објаснето е пред какви работи ние константно мижиме ко народ а истото создава огромен простор за злоупотреба на оние од горе, направи една ретроспектива на Се што се случуваше во оваа земја по независноста, за ова ли ја добивме долгопосакуваната Независност и Слобода, за ова ли се бореа моите и твои предци ?! НЕ, едноставно ... доста беше.

Пак ќе повторам, жално е што треба да се случи нешто вакво за да народот се одлучи да излезе на улица, жално е што вакво нешто треба да се случи за да, пази, ДЕЛУМНО ги отвори очите на овој народ, не само за начинот на кој функционира МВР ко институција, нц, туку начинот на кој оваа држава функционира и функционирала.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Знам дека е глупо, бескичмењаци сме ние, не зборам за случкава со детево стриктно, мислам дека вчера и името да ни го сменеа народов ќе останеше по домовите и ќе броеше гласови.
Не мора да се крене народов за овој, не мора за оној, кога ќе треба?
Изгледа дека некој тука упорно влева бензин во оган и меша политика со настанот,ајде ке идеме да палиме чим си запнал...само незнам кој ќар од тоа ке добиеме??можеби од Водно ке потече млеко?
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Полициска бруталност е само површната причина за која протестирам

Ќе пробам да бидам краток јасен и концизен, зошто протестирам на овие протести:
Драги читачи на овој пост, ова што се случи во неделата ја прели чашата, и строго ја обвинувам полициската бруталност. Но дали е бруталноста единствената причина заради која излагам на улица да протестирам?!
Не, воопшто не е единствената причина. Барам распуштање на специјалните единици кои постојат во државава и формирање на нови. Една држава мора да има специјални сили. Но, во Лондон требаат 5 години да се стане таксист, а во Македонија треба ќелава глава и стероиди да се стане специјалец. Човек кој треба мене да ме штити од законот! Човек кој ако го погледнам криво ме дроби од ќотек. Да, се сложувам дека откако се алфите во градов е помирно, и помирно си одам дома, но не смеат никако да покажуваат сила. Да, за алфи, правилно донесени, кои претрпеле тешко учење и подготвување и ПСИХО-АНАЛИТИЧКИ тестови за да станат специјалци. Не туку така напукани со стероиди. Зошто ако нив не им се дига поради стероидите, немора да малтретираат деца.
Но дали распуштањето на алфите е главната причина заради која протестирам? Или дали оставка на Јанкуловска?
Не драги читачи. Протестирам многу повеќе од тоа. Вистинската цел се општествени промени. Зошто вакви немили настани ќе се случуваат кој и да е на власт. ВРМО, СДСМ, ДУИ, ДПА… Кој и да е. Знаете зошто?! Затоа што овој народ трпи. Не за џабе ние во нашето именување на луѓето имамеимиња од типот на ТРПЕ, ТРАЧЈЕ, итн. Трпи си, трај си. Тоа е македонскиот народ! Трпиме постојано! Никогаш не сме излегле на протест да го изразиме незадоволството. Мислите дека само 1500 луѓе се незадоволни од се што се случува. Не, 1,500,000 се незадоволни, ама 99% од нив го имаат тоа толку потиснато што неможе ни ваков ГРОЗОМОРЕН настан да им го извади на површина. Нивното мото е „Навикнат сум, што ќе протестирам, увек е така“.
Јас младич, инженер по професија, нема да го дозволам тоа. Бидејќи ние живееме во држава во која „НАРОДОТ ЈА СЛУША ВЛАСТА“ а не обратно „власта да го слуша народот“.
Ова за мене е повеќе од полициски протест, протест за бруталност и протест за распуштање на алфите или другите сили. Ова е општествтвен проблем, кој се наметнува веќе декада наназад. Од 1997ма не се памти протест за незадоволство. Дали вие верувате дека 14 години кај нас тече мед и млеко?
Не. Ова ја прели чашата. СЕ ВЛОЖУВАМ целосно во овој протест. Доколку не успее, јас како млад и потенцијален инженер ќе си барам своја нова татковина! Имам еден живот, и нема да го потрошам во општество кое ги гази моите права, во општество во кое немам право на збор! Не благодарам. Доволно сум интелегентен да го најдам своето идеално место за живот.

Искрено,
Младич на кој му е смачено од Македонштината!
Само нека смее некој да праша зошто протестираме!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Мало потсетување дека не е прв пат:
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Таа петиција треба некој да ја направи и во електронска форма, да ја пуштиме на ФБ и нет, да ја кликнат што повеќе луѓе инаку за џабе потписите.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Ми се допаѓа оргранизираноста на протестите. Луѓето знат зашо простестират, не му е наложено од никој. Дали то малце почнува да се користи мозокот кај нас ??
Инаку, шо е со останатите двајца колеги на овој убиецо шо му поможиле да го преместат телото на не толку видно место ?
И тие треба да одговарат !

Мака ми е шо не можам лично да присуствувам на протестите.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
12.516
Ќе дава бе некој министер или потпарол или било што оставка нешо? Или со сила треба да му се даде :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.965
Поени од реакции
45.230
Ќе дава бе некој министер или потпарол или било што оставка нешо? Или со сила треба да му се даде :)
Јанкуловска МОРА да поднесе оставка во пакет со Иво Котевски !!!
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Инаку, шо е со останатите двајца колеги на овој убиецо шо му поможиле да го преместат телото на не толку видно место ?
И тие треба да одговарат !
И јас ова на неколку пати го прашав! Што се со останатие кои му помогнале!?

Оставка треба да си поднесат Котески и Јанкуловска од причина што: ја злоупотребија положбата, манипулираа со народот, лажеа и криеа факти. Морално и етички во секоја демократска држава е да го направат тоа. Доколку доброволно не се повлечат протестите ќе продолжат...
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Кривична за Игор Спасов, максималната можна казна - доживотен затвор
Како што велат од МВР со преземеното дејствие, обвинетиот сторил кривично дело убиство, за кое е предвидена казна според член 123, став 3 од Кривичниот законик, кој гласи “Со затвор од најмалку 10 години или со доживотен затвор, ќе се казни тој кој што друг ќе лиши од живот на свиреп или подмолен начин.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=87561&kategorija=4
Пази да не добие доживотна. :cautious:

Стојанче Ангелов: “Тигрите“ кои учествуваа во воениот конфликт боледуваат од поствоен синдром
Одамна говорам дека сите припадници на единицата ’Тигар’, кои учествуваа во борбите во земјава пред 10 години, боледуваат од поствоен синдром. Потребна им е професионална помош. Едноставно тие се темпирани бомби. Ценам дека ако не биде нешто сторено за да им се помогне, тогаш ова можно е да не биде последен инцидент “, вели за Нетпрес полицискиот генерал.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=87514&kategorija=4
Инаку, според вестите на Алфа, Јанкуловска изјавила дека никој освен тигарот нема да понесе одговорност, затоа што работно време му било до полноќ, а убиството се случило околу 00:40. Барам по нет, ама не можам да најдам ништо за ова.

Во меѓувреме:
Погреб на младиот Мартин Нешковски http://www.a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=2738

Уште има такви кои мислат дека нема причина за протести? :mad:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom