Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Смешно е и те како смешно е. Пробуваат да го одбранат и да направат дека е убиство од небрежност. Ако имал трауми требало да оди на психијатар да му помогне (и ќе му помогнел барем колку толку) а не да работи државно. Ама ова само кај нас го има.
Што тоа само кај нас има? Полиција што тепа без причина? Обид за заташкување на полициските работи? Извртени умови од војна? Да, да, само во Македонија... o_O
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427

Смешно е ако е само обид да ја намалат неговата вина. Инаку имам огромна почит до оние што не' бранеа во 2001-ва и имам разбирање колку трауми понеле. Но, како што реков, ама баш ништо не менува тоа во случајов. Трауми или не, пак е fail на МВР што поставило такво лице да обезбедува најобичен јавен собир. За тоа што го прикриваат, ич да не зборам..
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Што тоа само кај нас има? Полиција што тепа без причина? Обид за заташкување на полициските работи? Извртени умови од војна? Да, да, само во Македонија... o_O
Читај ме убаво, само кај нас има луѓе со трауми и психички проблеми што работат на одговорни места. Сам себе убијал си прави портпаролот со ова.
 
С

Спенсер

Гостин
По најново, тигаров имал пост воени трауми од 2001 :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
Па повеќето од оние кои биле на терен имаат воени трауми.
Еве во Америка,оние кои ќе се вратат од Афган/Ирак одма на психијатар ги носат,да ги проверат од пост-виетнамски синдром (така во Америка го викаат)

Ама кај нас нема нешто такво,ние сме дива лига (n) И нормално,нема оправдување...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Па повеќето од оние кои биле на терен имаат воени трауми.
Еве во Америка,оние кои ќе се вратат од Афган/Ирак одма на психијатар ги носат,да ги проверат од пост-виетнамски синдром (така во Америка го викаат)

Ама кај нас нема нешто такво,ние сме дива лига (n) И нормално,нема оправдување...
Е ова го велам :) А и дискутабилно е дали бил дел од 2001, како што кажа Син за примерот со механичарот, има и полно други такви.
 
С

Спенсер

Гостин
Е ова го велам :) А и дискутабилно е дали бил дел од 2001, како што кажа Син за примерот со механичарот, има и полно други такви.
Мислам дека не би требало да има сомневање за тоа дали бил на терен или не...
гарант бил,со самото тоа што бил дел од единицата,за тоа е наменета таа единица/

Ова е показател,за и другите да одат да се испитаат.
 
Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453

Дечкото после тоа што го направил заслужувал ќотек,но не и да биде убиен...ама тоа е ..: (
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Bidejki mu pomagale da go skrie teloto, kade e izvestajot od policijata koja viknala brza pomos na koj pisuva deka deckoto nema povredi? MVR proba da go skire nastanot i ubiecot ete go problemot
Ако има такви што му помогнале на убиецот нека одговараат, но пак сум против за колективна одговорност на институцијата и сите кој ја носат таа униформа. Тенка е линијата помеѓу анархијата и еуфоријата, ефикасноста зависи од решавање на вакви случаи со ладна глава, а не водени од еуфорија и емоции.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Најпрвин морам да кажам дека сум згрозена од ова што се случи и апсолутно некој треба да превземе одговорност. Ако Јанкуловска не си поднесе оставка нека го направи тоа оној што е одоговорен за специјалната единица чиј припадник уби невино дете без причина. Второ ова не е прв случај за полициска бруталност и под итно некој треба да ги прочешла и Алфите и Тигирите и да се провери кој све и со колкав умствен капацитет работи таму. Што се тиче мене може после ова да ги распуштат.
Околу протестите, драго ми е што младината во колкав толкав број се собра на мирен простест и се надевам дека тие ќе продолжат додека правдата не биде задоволена. Ама да биде мирен, да им покажеме на оние стоки што е култура и цивилизиран начин за справување со работите. За она што сите паничите дека има полиција и обезбедување мора да разберете дека мора да има затоа што протест со толпа од 1000+ луѓе може во секунда да премине во инцидент од големи размери. Доволно е една усијана глава да се нафрли на полицијата друг да влета да го одбрани и да настане масакар. И подобро е да има полиција која ќе ја држи целата ситуација под контрола отколку да завршат десетици луѓе како Мартин. Околу политичката позадина... сите оние што на овој начин сакаат да добијат политички поени да се засрамат, и ај да не почнам да колнам. Срамота е на смртта не едно дете на било каков начин некој да бенифитира а уште по срамота е власта или било кој да е одговорен да се крие позади неумешни изјави и глумење незанање. Според мене многу повеќе би добиле и почит доколку излезат и си ја признаат грешката и се извинат и да се повлечат од своите функции наместо да му мачкаат очи на народот и да ја заташкуваат целата ситуација. 3 дена поминаа ние немаме никаква официјална информација што се случило и зашто се случило. Тоа е срамота. А ако планираат да го штитат убиецот со причи дека имал воени трауми, кај овој народ тоа нема и не смее да помине. За таквите со трауми има болници и доктори и во никој случај не им е местото во институции каде што сите фрустрации ќе ги лечат со насилство. Па добро де, па има психолошки тестови кои треба да ги помине секој пред да влезе во било која единица. Срамота!
RIP Мартин. Никој не може да ја одмазди твојата неправедна смрт но да се надеваме дека ова ќе биде лекција за оние говеда кои до сега беа над законот и изиграваа господ. На сите да им дојде крајот!!!!
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Дечкото после тоа што го направил заслужувал ќотек,но не и да биде убиен...ама тоа е ..: (
После што? После тоа што украл 2 сокчиња? Ти си направил нешто такво сигурно до сега во животот. Заслужуваш ќотек?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Дечкото после тоа што го направил заслужувал ќотек,но не и да биде убиен...ама тоа е ..: (
А што точно направил?
Ако има такви што му помогнале на убиецот нека одговараат, но пак сум против за колективна одговорност на институцијата и сите кој ја носат таа униформа. Тенка е линијата помеѓу анархијата и еуфоријата, ефикасноста зависи од решавање на вакви случаи со ладна глава, а не водени од еуфорија и емоции.
Не ми е јасно што напињате со колективнава одговорност. Никој не бара цела полиција да биде казнета, само оние што се инволвирани. Но, како крајна цел, бараме да се исфилтрираат нивните редови и да останат само оние што треба да останат, професионалците. И против ова ли сте?

Околу протестите, драго ми е што младината во колкав толкав број се собра на мирен простест и се надевам дека тие ќе продолжат додека правдата не биде задоволена.
Пошто добив впечаток дека не си дел од младината... Не само младината. И ти, и ние, и вие, сите треба.. Има младината родители или само на хартија? За се' друго се согласувам.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
А што точно направил?

Не ми е јасно што напињате со колективнава одговорност. Никој не бара цела полиција да биде казнета, само оние што се инволвирани. Но, како крајна цел, бараме да се исфилтрираат нивните редови и да останат само оние што треба да останат, професионалците. И против ова ли сте?
Toa e проблемот НЕМА професионалци . Не ти стана јасно до сеа?
Ако имаше професионалци многу работи немаше да се случуваат во земјава .
 
F

Frankie Yale

Гостин
Neli imase i lani slucaj vo koj policiska brutalnost rezultirala so smrt. Pretepale cigance pa go frlile vo reka, neka me ispravi nekoj ako ne sum vo pravo. Sto se sluci so toa?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom