Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.965
Поени од реакции
45.234
Бидејќи смртта на момчето веќе нашироко се користи за да се канализира негативна енергија кон власта (замислете биле да протестираат пред зградата на премиерот) а опозициските партии А1 и СДСМ ја злоупотребуваат за сопствена промоција и партиски пресови (во нивно време ги забранија протестите), предлагам темава да биде затворена.
.
Немој не се брукај жити све, гарант живееш надвор од Скопје па поим немаш што збориш зашто ова никад не би го рекол, друго нема ...
Прво и основно, не бевме пред зградата на премиерот, бевме пред МВР, значи тука има огромна разлика, а потоа од таму сакал нејќел продолжуваш ( друг пат нема ) накај Подвожњакот во К.Вода каде од страна се наоѓа и едно од многуте живеалишта на премиерот, но тука имаше уште еден кордон џандари што нормално го одвлече вниманието на толпата за да се скандира против нив, ТОЛКУ. Каде и да имаше полиција се скандираше и се застануваше, кај тебе у двор да има и таму ќе се стои и ќе се скандира против нив.
Тоа се на се траеше замисли, цели 5 до 10 минути и се продолжи накај Плоштад, каков премиер какви бакрачи, пола од младите не ни знаат дека таму живее Никола Груевски.
Тие кои одеа во првите редови инсистираа веднаш да се тргнат луѓето од таму и да се продолжи накај плоштад бидејќи целта не беше да се иницира судир со кордонот желки, затоа и малку се задржаа таму, повеќе се седеше доле на улицата што води кон Министерството за Внатрешни Работи.

И НЕ, темава не смее да биде затворена, на форумов има модератори, супер модератори и админи, ЕДНА тема е, слободно нека бришат СЕ каде се инволвира и политиката, апсурдно ќе е да се цензурира овој настан, апсурдно.

Нит сум јас А1, нит СДСМ, нит ВМРО ДПМНЕ, во моментов ЈАС СУМ МАРТИН, за сите оние кои сакаат да профитираат од ова се надевам дека кармата ќе си ја заврши својата работа !

п.с.
Го убија, тие го убија, никој друг, државата и уште да кријам, како да кријам или дојдоа од ВМРО да го убедат маж ми не треба да кажува така, тоа го направија, да го молат да не кажува, да не дава изјави оти државата го уби. Уште ќе работам за државата, цело време одевме, детето дојде со веселба, да каже“, изјави мајката на убиениот Мартин.
Уште еднаш, капа доле !
--- надополнето: Jun 7, 2011 5:35 PM ---
Темата нема да биде затворена. Политичките коментари ќе бидат избришани, троловите ќе бидат банирани од форум на 1 недела и повеќе... како и секогаш.
Респект Принц.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Тие што мешаат политика во случајов се за на психијатар, да ги провери, да им даде лекови, да ги советува, како да се излечат и како да и пријдат на својата психичка болест.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Темата не смее да биде затворена.
За што да ја оправдаат: оти живееме како богови, оти има 34% невработени, оти се убиваат од ќотек млади деца, оти не може да направам група на фб и да протестирам против нешто?
А за оние од опозиција што се обидуваат да провоцираат и да ќарат на сметка на изгубен млад живот, нека се прегледаат.
Очигледно е дека се политизира смртта на момчето(не на Кајгана).
Колку повеќе се вмешува политика во случајов толку позомбирани ќе бидеме.. И нема да можеме ништо да постигнеме. Се дури едни цело време даваат цинични коментари за тоа колкави идиоти се од Сител кога се обидуваат да ги оправдаат полициските службеници, а другите во наоѓањето фалинки на известувањето на А1 кои лично Груевски би го осудиле на доживотна робија за дело што го сторил некој друг, се дотогаш ние ќе бидеме кукли во куклениот театар наречен Македонија.
Дали се сеќавате на протестите на тутунарите? Дали се сеќавате зошто не успејаа?
Се плашам дека оваа акција со чисто благородна цел за заштита на човеков живот ќе биде осуетена на истиот начин.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.965
Поени од реакции
45.234
Убиениот е член на навивачката група City Park Boys, така да сега не сум изненаден зашто нивните воџи ( дел од нив )денес беа присутни на протестот и постоеше напната атмосфера пред кордонот џандари.
 

proud_89

Legenden sterben nie!
Член од
17 јануари 2011
Мислења
147
Поени од реакции
87
Ултрас но политика!
Да се фокусираме на тоа убиецот да е соодветно казнет, а тие кои немаат ни трошка срам нека го користат случајот за политички пропаганди! Ми се смачи од ова телевизиите, та а1 та сител, почнаа да се препукуваат кој е крив дрн дрн јариња! Срамота стварно, оставете го детето да почива во мир од ваквите квази политички пропаганди!
РИП Мартине
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Премногу се генерализира. Сепак тоа е постапка на поединец. Можеби ги има повеќе ама неверувам дека секој алфа или тигар или што и да е ќе тепа некого до смрт. А кажаа на сител дека другарите негови изјавиле дека бил алкохоличар и учествувал во повеќе кражби, но не бил насилник. Можеби од порано им бил познат на органите на власта па затоа толку бурно изреагирал убиецот. Немој да ме сватите погрешно воопшто не го оправдувам чинот, туку само претпоставувам што може да биде причина за таквото брутално тепање. Нека почива во мир и се надевам дека во иднина вакви работи нема да се случат повторно. Како за пример треба да му дадат една сочна затворска казна на убиецот. Да биде пример за другите како да не постапуваат во иднина.
Оф морее мајко, какви глупости, другарите негови НЕ изјавија такви работи туку само кажаа дека момакот отишол на плоштад да зима некои гратиси и дека требал да иде на прослава, а Сител самите си изјавија демек момакот бил алкохоличар и имал ситни кражби.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Tемава не смее да се затвори,нека стои отворена.
Тие што се партиски определени војничиња,само нека читаат,нека не реплицираат,пошо знаеме што може да пишат,некој ептен глуп пост на кој ќе му позавиди и најглупиот човек на планетава помножен со 1000000.
Затоа партиски војничиња што ќе пишуваат тука и ќе јадат гомна дека ова е некоја намештајка,дали од црвените или од плавите,одма да иде на бан без размислување.

Уште еднаш,нека му е лесна црната земја на Мартин,нека почива во мир !
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Оф морее мајко, какви глупости, другарите негови НЕ изјавија такви работи туку само кажаа дека момакот отишол на плоштад да зима некои гратиси и дека требал да иде на прослава, а Сител самите си изјавија демек момакот бил алкохоличар и имал ситни кражби.
Јас не реков дека е така. Кажав дека така слушнав на Сител. Можеби е вистина можеби и не е. Само тие што лично го познаваат можат да кажат подетални информации.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ултрас но политика!
Да се фокусираме на тоа убиецот да е соодветно казнет, а тие кои немаат ни трошка срам нека го користат случајот за политички пропаганди! Ми се смачи од ова телевизиите, та а1 та сител, почнаа да се препукуваат кој е крив дрн дрн јариња! Срамота стварно, оставете го детето да почива во мир од ваквите квази политички пропаганди!
РИП Мартине
Телевизиите профитираат од смрт и од политика, после политичките вести оди пребројување колку мртви има за денес кај нас и во свет, што сакаш повеќе од тоа тие немаат човеково достоинство. Нивните вести се полни со мизерии несреќи омраза и страдања, затоа ги викаат мршојадци на човечката несереќа од новинари до уредници па и газди кои профитираат од тоа.
--- надополнето: Jun 7, 2011 5:47 PM ---
Јас не реков дека е така. Кажав дека така слушнав на Сител. Можеби е вистина можеби и не е. Само тие што лично го познаваат можат да кажат подетални информации.
Не верувај ништо што ќе видеш на вестите ниту на Сител ниту на А1, па и на другите, затоа што ја извртуваат вистината за свои потреби.
 
P

Princ

Гостин
Во суштина, овој случај не треба да се поистовестува со одредена политичка партија директно, туку со институцијата наречена Министерство за Внатрешни Работи на Република Македонија. Тие заебаа работа, нивен припадник уби младо момче и дури после 20 часа после убиството нивниот портпарол тврдеше дека не се случило убиство на сред плоштад.
Ако веќе сакате да го префрлиме делото "убивање на омладина" на една или друга политичка партија, веднаш да ве спречам со моето тврдење дека институциите на секоја политичка партија во одреден сегмент од нивното владеење убила најмалку едно младо лице од бизарни причини и не одговарала за тоа. Сепак, не смееме да дозволиме тоа да трае неограничено долго, и веќе е време да се престане со бизарни убиства од страна на оние што се тука да не заштитуваат. Кренете го гласот за утре да не дојде до ваше убиство преку бизарна причина од страна на горенаведените, и да нема кој да крене глас за вас.
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Не знам дали линков е поставен не го видов еве само да видите...
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139049

,,Се славеше победата на плоштад?''

,,Тука беше премиерот, лидерите?''

Од овие две прашања се гледа целта на вестта. Стварно е жално што ова го користат во партиски цели.
 
Член од
6 јуни 2011
Мислења
52
Поени од реакции
25

Не знам дали линков е поставен не го видов еве само да видите...
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139049
Мали, ситни, незабележливи нијанси од изјавата на котески вчера.
Значи оваа гнаса не знам на што бил па на кутрото дете му откинал делови од лицето. ех...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.941
Поени од реакции
73.583
Убиениот е член на навивачката група City Park Boys, така да сега не сум изненаден зашто нивните воџи ( дел од нив )денес беа присутни на протестот и постоеше напната атмосфера пред кордонот џандари.
Не беа само они, тука беа и ФА и ние :)
Од сите групи по некои 30-тина членови...:)
Намерно несакав да откривам дека детето било член на навивачка група, пошто знам дека постојат толку стереотипни луѓе што одма муабетот ќе го свртат во друга насока, демек ете навивач бил бељи правел...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom