Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да, да , апсолутно тука се сложвам. Без разлика кој е убиен, се води кон то дека е извршено убиство.
Муабето само ми беше дека премногу глупости се испотресија во врска со детето (Даниел) за џабе.

И не глеам зошто тука организаторо на митингот треба да сноси последици ?
Па ако се испостави дека убиецот бил алфа или обезбедување на собирот или имал било каква поврзаност со тој митинг, моралната одговорност ја сноси секогаш организаторот и јавната критика треба да биде упатена и до него
 
Чекај сеа, се шпекулира дека Даниел не бил Даниел, туку Ирец?

Понатаму ќе се измисли и нешто трето и отиде случајов јабана... И се кладам дека ќе се испостави дека дечкото бил тепан од алфа,ама сепак тоа не е причината за неговата смрт. и толку ќе биде/
 
работава е да чекаме да се произнесат надлежните за случајот
дотогаш се е ветер и магла
 
Шо да информираат бе друже кога никој ништо не знае? па овие синоќа на протестот прашуваа кој го уби Даниел, извикуваа пароли, за подоцна да испадне дека тоа воопшто не бил Даниел туку сосема трето лице, сведокот се препознал...што ако се препознал и за алфата? какви се тоа релевантни информации....
Па тоа ми е муабетот де, они ко медиум се ДОЛЖНИ да пренесат информација во врска со овој настан, значи не копи пејст од останатите, не копи пејст од шпекулациите, мртво дете вчера е најдено на Плоштадот, тоа е потврдено и од МВР, значи должни се да дадат информација за него, било каква !
Проблемот е што тој настан е целосно игнориран, што не смее да биде случај за еден медиум.
 
Kурац мој не бил од Ѓорче,зошто тогаш трипа цело Ѓорче,меѓу кој и комшииве Дарк и Џену дека имале информации дека детето било од Ѓорче,а и мене ми кажаа дека е од Ѓорче,а за кој поточно се работи,сеуште не знаат,јас знам 100 деца по име Даниел од Ѓорче,може да е од Волково или Геге рецимо,мање битно.
До вечерва ако не се објави,поточно до ударните вести во 18 часот на секоја телевизија и дефинитивно смрди целава работа тука.

Уште пак читам дека џандарите не виделе траги од насилство,па поглупи луѓе од нив нема,да им кажеш дека лубеницата е грашок,ќе ти кажат да тоа е,е толку се глупаци.
 
Па и ја не знам вчера сите скокнавте од Ѓорче испадна друга прикаска.
 
Јаоо читам и не ми се верува, да иделе во полиција да пријавеле, абе кај живеете вие! Во полиција да пријавиш алфа. Браво, ај тие што го пишаа тоа нека одат да пријават, да видат што ќе им речат и што ќе се деси.

Нешто е бајаги матно. Прочитав изјава од очевидците дека жали дека се препознал, дечкото не бил Даниел, а за тоа се уверил откако отишол кај него дома за да ги извести неговите родители. Од друга страна ова објаснува зошто неговите родители не се појавија до сега и зошто никој не го дозна презимето.
Се шпекулира дека е Ирец, е ако е Ирец тогаш дебело ќе го кркаат алфите, ако така и треба.
 
Помалце гнев ќе има кај народот ако не е Македонец и побрзо се заборава . Ако типот бил Ирец немало да биде во капела во Бутел да биде префрлен туку уште во мртовечница

‘‘Откако се јавивме во Бутел, оттаму негираа дека воопшто е донесено момче утринава да биде погребано.‘‘
http://www.plusinfo.mk/vest/4348/Pochinatoto-momche-e-vo-Butel
 
па нека пријават хелсиншки кај било...тие одат да дадат изјави за медиум......
 
‘‘Откако се јавивме во Бутел, оттаму негираа дека воопшто е донесено момче утринава да биде погребано.‘‘
http://www.plusinfo.mk/vest/4348/Pochinatoto-momche-e-vo-Butel
Од судска медицина викаат дека е во Бутел. Од бутел не е таму.
Овие дефинитивно сакаат да заташкаат.
Море протест не еден 100 .
Доста е ... Првин сите молчеа, после испадна дека навистина се десило тоа.
Сега не е алфа типот а човекот не е македонец.
А бе ај !
 
пс. ме интересираат тие камерите на плоштад, работат ли воопшто !?
Мислам дека има нон стоп снима на сити радио камерата на плоштад.
А и телекабел имаа (ако не е истата).
 
Каков Ирец бе Ирците си отидоа уште во неделата сабајле малку чудно ми е ова.
 
Шо да информираат бе друже кога никој ништо не знае? па овие синоќа на протестот прашуваа кој го уби Даниел, извикуваа пароли, за подоцна да испадне дека тоа воопшто не бил Даниел туку сосема трето лице, сведокот се препознал...што ако се препознал и за алфата? какви се тоа релевантни информации....

Можеби се препознал за алфата ама треба да бидеш ретардиран за да не забележиш траги од насилство освен ако не лажеш и не криеш нешто или некого. Е сега кој кого и зошто го излагал, лаже и извртува вистини најверојатно нема никогаш да дознаеме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom