ATP тенис - општа дискусија

Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
п.с Ако проработи она Балканското потценување на послабите ќе го изеде од некој како МАреј, Содерлинг и слични играчи кои би имале свој ден.
Па не верувам дека ќе има таков пристап кон играчи како Мареј и Содерлинг и не би рекол дека се послаби многу исто така.Во Рим и среќата го послужи против Мареј. Еднаставно Џокович го игра врвот на кариерата сега и секако дека има сериозен пристап кон секој меч, посебно ќе има на Ролан Гарос, затоа што и го нема освоено. Но сепак ќе видиме што ќе се случува.
Секако за нас е интересно и добро е ова што се појави Џоковиќ во ваква форма откако Федерер спласна со формата.
Сепак мислам дека нема толку лесно да го остави Надал Ролан Гарос, ако не нешто друго ќе треба Џоковиќ да игра со 120% од силата на три добиени сета.

Едвај чекам да почне
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
^^
Муабетот ти е дека нема ништо никаква врска за на Роланд Гарос. Истата теза можит поинаку да се поставит како Надал друга сезона ги освои мастерсите на земја и го освои роланд гарос.

Значи ветар во магла,се можит да се случит али со ваква форма Ноле е несопирлив во овај момент и се зависи од него.
Само незнам од каде толкава љубомора произлегува кај некои фанови,како нивниот божем е најдобар а сите други тенисери се тек на околности или веќе остареле.
Не знам на кој алудираш, ама за мене најдобар тенисер на сите времиња е Роџер Федерер... Ниту се обидувам да докажам нешто, ниту слично... За мене најдобар тенисер во историјата на тенисот е Роџер Федерер, и ми е мило шо живеам во време кога можам да уживам во неговите квалитети...

--- надополнето ---

Џоковиќ е во страшна форма стварно, кога успеа да го тепа четири пати со ред Надал а и ги мети сите останати си залужува епитет најдобар нема што. Плус на добар пат е да го собори најстариот рекорд во победени натпревари со ред на Мекенро.
Мислиш на Вилјас ?

Новак Ѓоковиќ со победата во синоќешното финале против Рафаел Надал во Рим го оствари својот 39-ти триумф по ред. Оваа серија, што датира од ноември и настапите во Дејвис купот, колку и да изгледа импресивно, сепак не е најдолгата во историјата на тенисот. Со седум победи повеќе, односно шест места повисоко од Ѓоковиќ на вечната листа се наоѓа Аргентинецот Гилјермо Вилјас, кој својата серија ја направи во 1977 година. Во продолжение, можете да погледнете некои од поинтересните вечни листи во тенисот и да се потсетите на некои импресивни рекорди.

Најмногу победи по ред:
1. Гилјермо Вилјас 46 (1977)
2. Иван Лендл 44 (1981/82)
3. Бјорн Борг 43 (1978)
4. Џон Мекинро 42 (1983/84)
5. Роџер Федерер 41 (2006/07)
6. Новак Ѓоковиќ 39 (2010/11)
7. Бјорн Борг 35 (1979/80)
8. Томас Мустер 35 (1995)
9. Роџер Федерер 35 (2005)
10. Џими Конорс 33 (1974)

Најмногу победи по ред на тврда подлога:
1. Роџер Федерер 56 (2005/06)
2. Роџер Федерер 36 (2006/07)
3. Пит Сампрас 34 (1994)
4. Пит Сампрас 34 (1996/97)

Најмногу победи по ред на трева:
1. Роџер Федерер 65 (2003-2008)
2. Бјорн Борг 41 (1976-1981)
3. Џон Мекинро 23 (1980-1982)
4. Пит Сампрас 23 (1994-1996)

Најмногу победи по ред на земја:
1. Рафаел Надал 81 (2005-2007)
2. Гилјермо Вилјас 54 (1977)
3. Бјорн Борг 41 (1977-1979)
4. Томас Мустер 40 (1995)

Најмногу победи по ред против играчи од Топ 10:
1. Роџер Федерер 25 (2003-2005)
2. Роџер Федерер 17 (2006/07)
3. Новак Ѓоковиќ 13 (2011)

Најмногу титули во сингл по ред:
1. Иван Лендл 8 (1981/82)
2. Џон Мекинро 8 (1983/84)
3. Гилјермо Вилјас 7 (1977)
4. Бјорн Борг 7 (1978)
5. Роџер Федерер 7 (2006/07)
6. Новак Ѓоковиќ 7 (2011)

Следен турнир за Новак Ѓоковиќ ќе биде „Ролан Гарос“ во Париз. Интересно е што доколку Србинот успее да го освои овој втор грен-слем годинава, не само што ќе се изедначи со Вилјас на врвот на листата за најмногу победи по ред, туку ќе се изедначи и со Лендл и Мекинро на врвот со најмногу титули во сингл по ред. За победа на „Ролан Гарос“ му требаат точно седум победи.

--- надополнето ---

Добар пост браво Makedonec7, поготово делот со задржување на врвот, тука Федерер и Надал засега брилираат, ќе видиме за Ноле и следните генерации, тоа е познатиот факт кој ги двои родените шампиони од одличните тенисери.
Фала, тоа и ми беше поентата да кажам... Мило ми е што некој ме разбра ! :)
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
^ Моја грешка, сега видов и во право си дека не е Мекинро со најголем број на победи со ред. Фала исто така и за другите рекорди :salut:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.742
Поени од реакции
18.490
Погледните ги табелите и видите кој е на врвот на најмногу од нив, и тоа убедливо и после тоа критикувајте го Федерер, мислам малце усул :)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
^ Моја грешка, сега видов и во право си дека не е Мекинро со најголем број на победи со ред. Фала исто така и за другите рекорди :salut:
Мекинро има рекорд за најмногу победи по ред, но тоа е рекордот за најмногу победи по ред од почнување на сезона, рекордот изнесува 42.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Во тенисот за Надал се роди нова пречка кон титулите, Ноле, ама и него ќе го среди:)
 
С

сашенко

Гостин
Топ 10 листата после вториот гренд слем годинава.

1.Рафаел Надал -12,070​
2.Новак Џокович -12,025​
3.Роџер Федерер -9,230​
4.Енди Мареј -6,625​
5.Р.Содерлинг -4,595​
6.Давид Ферер -4,150​
7.Томас Бердих -3,490​
8.Гаел Монфилс -2,780​
9.Марди Фиш -2,440​
10.Енди Родик -2,200​
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.939
Поени од реакции
16.238
Почнаа турнирите на тревна подлога..каде што АС-овите ќе ја имаат најголемата улога.
Се играат турнири во Хале и Лондон(Квинс клаб), и во женска конкуренција во Бирмингем..oвие турнири се загревање за она што не очекува од 20 јуни, а тоа е Вимблдон.
 
С

сашенко

Гостин
Џокович лани како ја изигра тревната сезона? Освои некој турнир пред Вимболдон?​
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Џокович лани како ја изигра тревната сезона? Освои некој турнир пред Вимболдон?​
Лани на турнирот Квинс Клаб изгубил во осмина финале, а сега не игра, што значи пак ќе изгуби поени. Надал изгубил во 1/4 и игра на истиот турнир, што значи и по овој турнир Надал ќе е прв, освен ако не изгуби уште во првите рунди.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Ноле нема да изгуби многу поени во Квинс зошто е АТП500 иначе лани на Вимблдон испадна во 1/2 финале од Бердих што значи ако сака да биде прв мора да влезе во финале, единствено ако Надал не испадне порано па да ја превземе позицијата Ноле.​
 
С

сашенко

Гостин
Ноле нема да изгуби многу поени во Квинс зошто е АТП500 иначе лани на Вимблдон испадна во 1/2 финале од Бердих што значи ако сака да биде прв мора да влезе во финале, единствено ако Надал не испадне порано па да ја превземе позицијата Ноле.​
Федерер изгуби од Бердих, ноле изгуби порано

Или не, моја грешка...

R128 Olivier Rochus (BEL) 68 W 4-6, 6-2, 3-6, 6-4, 6-2 Stats
R64 Taylor Dent (USA) 97 W 7-6(5), 6-1, 6-4 Stats
R32 Albert Montanes (ESP) 31 W 6-1, 6-4, 6-4 Stats
R16 Lleyton Hewitt (AUS) 26 W 7-5, 6-4, 3-6, 6-4 Stats
Q Yen-Hsun Lu (TPE) 82 W 6-3, 6-2, 6-2 Stats
S Tomas Berdych (CZE) 13 L 3-6, 6-7(9), 3-6 Stats
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.939
Поени од реакции
16.238
Ноле нема да изгуби многу поени во Квинс зошто е АТП500 иначе лани на Вимблдон испадна во 1/2 финале од Бердих што значи ако сака да биде прв мора да влезе во финале, единствено ако Надал не испадне порано па да ја превземе позицијата Ноле.​
АТП 250 е турнирот..
И да, 45 поени е разлика...кога-тогаш ќе дојде Новак на прва позиција, освен ако не преовлада балканското во него, во негативна смисла.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom