Лошо поставена тема, деградирачки заклучок и уште поинфантилни коментари.
Хомосексуалноста била застапена во редовите на антички борбени единици, но не се равивала како тренд, како што е денеска до некоја мера, туку се засновала врз братството, преданоста спрема своите соборци, взаемното пожртвување.
Тие 150 “педери“ како што се смеете, биле фанатични во борбата и се познати по тоа дека немале страв, а изгинале сите во бората бидејќи се бореле еден за друг до последниот човек, задржувајќи ја честа да загинат во борба и заедно со своите соборци.
Машката љубов, која се споменува во антиката, не била сексуална дрчност или некој психолошки проблем, како што денеска се гледа на тие појави, туку се сметало, а и во практика е така, дека онаа вистинската верност, лојалност и тага е одлика само на мажите, како војници, кои буквално биле растени заедно, обучувани и кај кои било чест да погинеш крај својот брат.
Можете да споредите колку фанатично се бореле и жртвувале еден за друг, земајќи како хипотетички пример, дека некој вам ви ги напаѓа блиските, децата, браќата, сестрите, семејството, па тогаш во таквите моменти се заборава на се', човекот се исклучува и како лав застанува да се бори против секој оној кој сака да им нанесе повреда на неговите блиски.
Дури ни за својот живот така не се бориме, кога се во прашање нашите блиски.
Поради таа причина овие војници биле така обучувани, во посебни услови, знаејќи дека нивната фанатична поврзаност и преданост ќе биде кобна за противникот.
И да, “педериве“ биле една од ретките елитни борбени единици. И доволно биле 150 души за да влезат во историјата и 2.500 години после да биде раскажувано за нив.
Не можам да замислам за кого од вас би можело да се зборува за 2 и пол милениума, не верувам дека би ви помогнало и да се попедерчите.
