Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Еве што пиша Кацарска на FeitLe пред некои саат-два:

Студентите кои немаат освоено најмалку 30 поени од теоретскиот дел и покрај поените имаат
запишано У се повикуваат на дополнително полагање само на теоретскиот дел на 06.06.2011
(понеделник) во 13 часот.
Во истиот термин ќе се внесуваат и оценките на студентите кои го положиле испитот по
Основи на електротехника 2, а кандидатите кои не се задоволни од оценката ќе можат да
дополагаат за друга оценка.

аа.. теорија што треба да се учи ? кои лекции се за повеќе поени, на кои да обрнам повеќе внимание и да не има некои прашања од теорија, јас ги имам тие што ги дадоа на втор колоквиум.
кој знае нека пише

фала
 
Учи ги тие од втор колоквиум, затоа што лани така ни ги дадоа. Само не твојата група, туку другата .... ама научи си ја и твојата :)
 
Учи ги тие од втор колоквиум, затоа што лани така ни ги дадоа. Само не твојата група, туку другата .... ама научи си ја и твојата :)

ги имаш ти од лани ?

јас ја имам втора група ако ја има некој прва група теорија електротехника 2 нека ја стави, или пак од другите години што паднало.
 
ги имаш ти од лани ?

јас ја имам втора група ако ја има некој прва група теорија електротехника 2 нека ја стави, или пак од другите години што паднало.

Прва група - 1-4 и 5-6
Втора група - 1-3 и 4-6
само одговори :)
--- надополнето: Jun 3, 2011 3:10 PM ---
Прва група и втора група!
 
ги имаш ти од лани ?

јас ја имам втора група ако ја има некој прва група теорија електротехника 2 нека ја стави, или пак од другите години што паднало.
Мотор/Генератор(15 поени), Фазна Резонанција(15 поени), ИЕМС, Ленцов, мерни единици, RLC коло..друго не ми текнува сеа..
 
Ај бе доста види го, цццццццццц ... ќе видиш утре и онака полагам во 223 и 8ца ќе извадам :p Дај Боже да положам, ни оцена ми треба ни ништо.
Шо напраи???
--- надополнето: Jun 3, 2011 11:58 PM ---
Комутација и рутирање ти го предава Тони Јаневски. Типот е одличен професор (и во објаснување и во однесување). Има само една равенка во целиот предмет и само таа и ќе ти треба. Нема интеграли, нема диференцијали, нема ништо од математика. Само логика и текст. Содржините се лесно разбирливи, се учи нешто конкретно (дигитална телефонија, сигнализација, принцип на работа) и башка Тони многу добро објаснува. Мој совет, седи на предавања кај Тони, нема да зажалиш. Бонус е што Тони е интересен и да го слушаш. Според мое мислење, еден од најдобрите професори на факултетот. Едно 300 страни е целата скрипта, постојат и испитни прашања кои стварно се паѓаат (Самикоп FTW). Предметот е боза, со еден збор.

За симулациски...немој да ја правиш грешката да го одбереш. Можда звучи интересно, ама воопшто не е. Едно 30 души од наша генерација го одбраа, сите до еден зажалија (вклучувајќи ме и мене). Глупи содржини, од време на време изгледаат некорелирани една со друга и како да се без поента. За твое добро, не го бирај предметот. Одбери некој предмет од другите студиски програми.
Благорадам за првото. За второто: битно ми е дали лесно се положува, пошо е изборен предмет. Борба за кредити е, не за оценки :)
 
Шо напраи???
--- надополнето: Jun 3, 2011 11:58 PM ---

Благорадам за првото. За второто: битно ми е дали лесно се положува, пошо е изборен предмет. Борба за кредити е, не за оценки :)

Имаш замена за втор колоквиум (опционално,кој сака), МАТLAB програма што ќе треба да ја напишеш и да ја оптимизираш (може да излезе ѓавол и пол), а за положување фала богу ако научиш како што треба ќе немаш проблем. Е сега, бидејќи предметот е глуп (мое мислење), прашање е како воопшто ќе се натераш да ги учиш содржините.
 
А може да ми кажеш, чим овој предмет не го бива кој да го изберам :) :smir:
 
А може да ми кажеш, чим овој предмет не го бива кој да го изберам :) :smir:

Па што знам да ти кажам... можеш да одбереш Нуклеарни централи (од некој од енергетските смерови беше). Предметот се положува само со семинарска, а изминатиов семестар го држеше Антон Чаушевски. 6 кредита е, нема одење на часови, нема лабораториски, нема колоквиуми за тие што не им е понуден како изборен предмет (како ТК, ИКИ, КСИА и слично). Подобро од тоа здравје. Само проблемот е да не се смени нешто од септември, па би ве советувал лично да одите кај професорот и да го прашате како одат работите во септември да не се зафркнете.
 
Добро, а што ќе ми кажеш за Електромагнетни полиња и бранови? Имам разбрано дека е обемен предмет, се учело од две книги... Ме интересира шо се учи, дали е лесен ко Комутација и рутирање, кој предава, дали цепидлачи на колоквиум/испит, дали доминираат високи или ниски оценки (што пак е индикатор за тежината на предметот) итн... Треба да знам шо да запишам од септември, пошо ја малце заглавив со тие математиките од прва година :)
 
Отприлика како би изгледал испитот по англиски?
 
Електромагнетни полиња и бранови ти е најтежок предмет после Основи на мерна техника (мое лично мислење). Дури може да кажам дека теоријата е страшно поглупа од онаа на мерна. Основи на електротехника, само со екстра додаток на интеграли и изводи. На предавања не ти вреди да одиш оти истото што ќе ти го зборуваат го има и во книгата, башка и досадно е мнооогу. Андријана Кухар ќе се погрижи да ти биде мизерно и на аудиториски. Жива мизерија е цел предмет
 
Отприлика како би изгледал испитот по англиски?

Граматика и пасус превод :)
претпоставувам вака, пасив актив ќе имаш 100%, времињата да ги користиш во реченици дадени да впишеш глаголот во точно време, prepositions, adverbs такви ствари
Ако ти иде грматика положуваш јас имав 9 ама поради негативни од предавања добив 8 без никакво учење, дента на испитот се вратив во СК :)

За мене беше еден од најлесните испити заедно со Веб Дизајн.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom