Келнерите низ локалите

T

Tetro

Гостин
Веројатно постои некаква норма/закон кој го регулира соодносот на гостите со послужувањето, но ако не, мислам дека ова би можело да помогне
Точно. Има и закони за осигуран работник (само што тоа се заобиколува често), закон за работно врем, закон за мобинг,....

Имам чуден (условно) впечаток дека најмногу замерки наоѓаат оние кои никогаш немале потреба да работат нешто слично, и немаат претстава што значи физичка работа. Се надевам грешам.
И тука се сложуваме ;)

Јас, на пример, имам многу поголеми замерки на однесувањето на некои од вработените во големите компании, отколку на било кој келнер/ка. Имаат супер плата, удобна канцеларија и точно одредено работно време, со други зборови, немаат причини да бидат серковци, а сепак се.
Алудираш на Администрација. Најголемиот дел од нив се партиски војници кои дошле на работно место после лепење плакати,...
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Алудираш на Администрација. Најголемиот дел од нив се партиски војници кои дошле на работно место после лепење плакати,...
Не не не, администрација не сакам ни да помислам. Зборувам за компании со големо К, каде секој би сакал да работи. Познавам куп лица што имаат dream job, а се поисфрустрирани од било кој аргат што го знам. Ама друг муабет е тоа, веројатно корените на таквиот однос лежат некаде во нивното детство. :p
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619

Не е додетството брат има многу луѓе со перфектно детство што морале да станат такви ради околината
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Не е додетството брат има многу луѓе со перфектно детство што морале да станат такви ради околината
Можеби си во право, можеби кај поголемиот дел од нив токму тоа е причината. Во секој случај е жално што живееме во општество каде мораш да бидеш кучка за да преживееш. Сепак, мислам дека секогаш има простор да се ублажат ваквите наши "испади", само што многу често забораваме.

Извинете за офтопик. :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Угостителството е занает, а правилото за да изучиш некој занает е 4 години чирак, 2 години калфа, 2 години мајстор и после полагаш мајсторски испит.
Најдобро угостителско место ми е Галерија 7 во Стара Чаршија, мајсторот е топ, услужливост, насмеаност кога ќе влезеш, добар ден како си итн. после јадењето, Дали беше добро ?
Замислете во било која елитна кафана во Скопје, да дојде шефот на кујна и да ве праша после јадење дали било добро, тоа е научна фантастика
Турците се едни од подобрите угостители, имаат долга традиција, исто така има угостителска традиција и во Струмица и Гевгелија кои се и стари боемски градови заедно со Битола уште од турско време, па првите по модерно да се изразам кафиќи во Скопје ги држеле луѓе од Струмица и Гевгелија. И вие сакате сега некој кој се потпишува со X, кој имал некоја среќа да се поврзе со некоја политичка партија или да има некои врски да држи кафиќ да има добра услуга и слично, едноставно тоа не оди така. Прво газдата треба да помине големо време како келнер, да има добар учител, и кога ќе стани мајстор и ќе сфати дека може да работи како газда да си отвори свој кафиќ и самиот тој да почне да продуцира мајстори од келнери, затоа што секој не е за келнер роден.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Темава таман ми се погоди за да се искажам што ми се деси пред некој. Идеме со другари на кафе и си влагаме во кафулето, фино лепо си седнавме и чекаме да дојде келнер да не послужи... Едно 10 пати помина од кај нас, ама абер нема да те праша шо ќе се напиеш. Да имаше гужва ај би го сфатил, ама 5 маси се на се имаше... за на крај пред да ми скурчи го викна еден од другарите и нарачавме. Е откога си поседавме така 15 минути, викнавме келнер да нарачем и за помалце од 1 минута доаѓа друг келнер и не прашува шо ќе нарачаме. Кога ги немаше, во рок од 2 минути ни дојдоа двајца.
Уф... нарачавме :) Ајде чекај нарчка 10 минути, па ја донесе пола... за другото заборави што сме нарачале, па си праша поново :) и така пола саат изгубивме дур ни донесат се.

Човек да му е срам да однесе гостин таму, има шо да види... за да нарачаш едно кафе ќе чекаш 15 минути.

Ги има многу кафулиња што се добро организирани и имаат одлучна услуга, ама некои се ептен тапа. Пример за тоа е кафулето за кое е случката погоре и уште едно друго, на истиот газда... Па сеа ме става у мислење дали е до газдите, дали слабо ги плаќаат келнерите... или стварно наоѓаат тапа келнери.

Ама до некаде сме и ние криви.... ги остава така. Ако им викнеш малку и ги искараш ќе видиш дали следен пат ќе ти прави така или штом те види одма ќе трче кај тебе.
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Секоја приказна си има две страни, па така и темава. Ситуација кога си во улога на муштерија и ситуација кога си во улога на келнер.
Кога си во улога на муштерија настојуваш и очекуваш перфектна, брза, љубезна услуга , пошто ипак нели, ти му ја вадш платата на тој што те служи, за твои пари станува збор, сакаш да се осеќаш убаво, очекуваш топ кафе итн, итн. И сето тоа е океј и разбирливо.
Во овој случај би го истакнала негативното искуство со Ања, најпрвин од аспект на нељубезноста, која преминува во дрскост, а потоа од аспект на брзината на услугата и ред други работи.

Кога си во улога на келнер, настојуваш да си ја одработиш колку што е можно супер работата, да немаш незадоволни муштерии, да ти дојдат пак, да ти остават бакшиш. Само се соочуваш со проблем од типот на сам да служиш 20 маси во шпицот, сам да ги правиш кафињата, да чистиш, да му угодуваш на газдата (кој често се неподносливи) и сето тоа, пошто газдата не сака (или не може), да вработи некој друг со тебе на смена.

Затоа знаејќи ги двете страни, прилично толерантно настапувам кога посетувам некој од локалите, нормално во граници на нормалата. Кога веќе прераснува во претеризам ( како горепосочениот пример), едноставно не го посетувам тоа место и крај. На крајот се' се сведува до личноста.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Абе македонска класо. Колку сте смешни тоа чудо едно. Како бе јас никогаш не сум се пожалила од никого кој работел угостителска работа. Нити ме погледнал налево, нити лошо ми вратил, нити заборавил нешто да ми донесе. Ама се е до односот кон било кој човек. Кога ќе се научите дека тие луѓе не ви се буквално слуги и нема да ги третирате така, да видите како се ќе биде во ред.
Инаку, никаде не ме шиканирале повеќе отколку на шалтери по банки и такви институции. Затоа молим лепо, прво видете кој КАДЕ како ве третира. Друго е што сите сакате да бидете третирани како да сте божества. Менталитет.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Абе македонска класо. Колку сте смешни тоа чудо едно. Како бе јас никогаш не сум се пожалила од никого кој работел угостителска работа. Нити ме погледнал налево, нити лошо ми вратил, нити заборавил нешто да ми донесе. Ама се е до односот кон било кој човек. Кога ќе се научите дека тие луѓе не ви се буквално слуги и нема да ги третирате така, да видите како се ќе биде во ред.
Инаку, никаде не ме шиканирале повеќе отколку на шалтери по банки и такви институции. Затоа молим лепо, прво видете кој КАДЕ како ве третира. Друго е што сите сакате да бидете третирани како да сте божества. Менталитет.
RockNRolaa, нареден пат кога ќе идеме на кафе ќе идеме во Пјаца за да видиш :). Гладиус и Крејзи ин Лав можат да ти потврдат, колку и да си учтив со нив и да си „ако може“, „ќе ве молам“, џабе е. Некад страв ни е да порачаме :(
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Абе македонска класо. Колку сте смешни тоа чудо едно. Како бе јас никогаш не сум се пожалила од никого кој работел угостителска работа. Нити ме погледнал налево, нити лошо ми вратил, нити заборавил нешто да ми донесе. Ама се е до односот кон било кој човек. Кога ќе се научите дека тие луѓе не ви се буквално слуги и нема да ги третирате така, да видите како се ќе биде во ред.
Инаку, никаде не ме шиканирале повеќе отколку на шалтери по банки и такви институции. Затоа молим лепо, прво видете кој КАДЕ како ве третира. Друго е што сите сакате да бидете третирани како да сте божества. Менталитет.
Не можеш да си земеш за право и да ми кажеш (и на другите секако, не само на мене) дека јас нив ги третирам како слуги затоа што никогаш не си била некаде отидена со мене па да знаеш каков однос имам према луѓето кои работат. Слободно отиди до Плаза дел Торос на кеј и имај ја среќата да те услужува едно никакво исфрустрирано полничко келнерче да видиш дека кога ќе дојде и кога ќе му речеш здраво, не враќа ништо... Кога ќе побараш мени туфка и се враќа по 5 минути фрлајќи го на маса. А кога ќе ти ја донесе нарачката, чинијата уште од глава да ти ја искрши... ФлејмОгСпирит погоре ја посочи девојката од Пјаца - имај ја среќата таа да те служи.

не викам дека нема луѓе шо претеруваат, ама голем број келнери се понашаат мноооогу несоодветно.
На крај, во бизнисот има две правила:
1.Муштеријата е секогаш во право, без разлика на односот.
2.Ако не е во право, тогаш прочитај го првото правило.
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Секоја приказна си има две страни, па така и темава. Ситуација кога си во улога на муштерија и ситуација кога си во улога на келнер.
Кога си во улога на муштерија настојуваш и очекуваш перфектна, брза, љубезна услуга , пошто ипак нели, ти му ја вадш платата на тој што те служи, за твои пари станува збор, сакаш да се осеќаш убаво, очекуваш топ кафе итн, итн. И сето тоа е океј и разбирливо.
E ова е грешката. Не му ја вадиш ти платата на тој што те служи. Него го плаќа газдата што го вработил, а не ти. Ти му ја вадиш платата на газдата, од која тој можеби, а можеби и не, го плаќа персоналот. Кога сите пари што ќе ги оставиш би ги земале келнерите, тогаш може да речеме дека живеат од наши пари. Во спротивно, од нашите пари живеат газдите, а келнерите од трошките. Затоа, кога не сте задоволни, бунете се по менаџери, сопственици итн, а не по келнерите. Ама работава, не можеш по магарето па удри по самарот. :cautious:

Не зборам за тебе лично, општо за сите.
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
E ова е грешката. Не му ја вадиш ти платата на тој што те служи. Него го плаќа газдата што го вработил, а не ти. Ти му ја вадиш платата на газдата, од која тој можеби, а можеби и не, го плаќа персоналот. Кога сите пари што ќе ги оставиш би ги земале келнерите, тогаш може да речеме дека живеат од наши пари. Во спротивно, од нашите пари живеат газдите, а келнерите од трошките. Затоа, кога не сте задоволни, бунете се по менаџери, сопственици итн, а не по келнерите. Ама работава, не можеш по магарето па удри по самарот. :cautious:

Не зборам за тебе лично, општо за сите.
Па многу добро знам дека нормално парите одат во касата (кај газдата), кој после дава плата, само се водев по општонародното размислување за тоа како функционираат работите и како повеќето се однесуваат, баш затоа и на крај потенцирав дека сум прилично толерантна во тој поглед, пошто целокупното "келнерисување", го гледам од подруг агол:)
 
K

kalimer0

Гостин
Прв ден почнав да работам како шанкер и влегува келнерот ми вика те бара надвор еден човек. Излегувам и го заприметив еден ќелав тип како ми мафта со раката. Одам до кај него (седеше со една девојка) ми дава девојката пари и ми вика да не одам јас, појди ти и купи ми картичка од one од една трафика во близина. (Хмм си викам во себе) ги зедов парите и одам купив картичката и и ја дадов.
Значи требаше да излезам од шанк и да и купам картичка на госпоѓата која ја мрзи да го мрдне својот задник 20м.
Ми беше прв ден на работа и не сакав да правам скандали но јас сум задолжен тука да правам кафиња, служам пијалоци, мијам чаши
а не да исполнувам желби на гостите надвор од кафулето.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не можеш да си земеш за право и да ми кажеш (и на другите секако, не само на мене) дека јас нив ги третирам како слуги затоа што никогаш не си била некаде отидена со мене па да знаеш каков однос имам према луѓето кои работат. Слободно отиди до Плаза дел Торос на кеј и имај ја среќата да те услужува едно никакво исфрустрирано полничко келнерче да видиш дека кога ќе дојде и кога ќе му речеш здраво, не враќа ништо... Кога ќе побараш мени туфка и се враќа по 5 минути фрлајќи го на маса. А кога ќе ти ја донесе нарачката, чинијата уште од глава да ти ја искрши... ФлејмОгСпирит погоре ја посочи девојката од Пјаца - имај ја среќата таа да те служи.

не викам дека нема луѓе шо претеруваат, ама голем број келнери се понашаат мноооогу несоодветно.
На крај, во бизнисот има две правила:
1.Муштеријата е секогаш во право, без разлика на односот.
2.Ако не е во право, тогаш прочитај го првото правило.
Не е мој проблем што си се пронашол во мојов пост. Твој е.
Има и трето правило. Дури ве хранат мама и тато и додека не видите барем еден месец што се бара едно работно место, особено едно вакво слободно може да си ги задржите сите останати правила за себе. Американски правила во Америка. Овде со овој народ важи нешто сосем друго.
Не берете гајле сум била и во Пјаца, и мислам дека знам за која девојка зборувате. Мене ми е сосем океј, т.е не ми се испонашала како вас.
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Абе македонска класо. Колку сте смешни тоа чудо едно. Како бе јас никогаш не сум се пожалила од никого кој работел угостителска работа. Нити ме погледнал налево, нити лошо ми вратил, нити заборавил нешто да ми донесе. Ама се е до односот кон било кој човек. Кога ќе се научите дека тие луѓе не ви се буквално слуги и нема да ги третирате така, да видите како се ќе биде во ред.
Инаку, никаде не ме шиканирале повеќе отколку на шалтери по банки и такви институции. Затоа молим лепо, прво видете кој КАДЕ како ве третира. Друго е што сите сакате да бидете третирани како да сте божества. Менталитет.
И мене исто..абе некогаш и до фацата е да знаеш:)некогаш од самата појава на гостинот излегува преголема доза на позитивна енергија и за тоа добиваш бонус екстра услуга:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom