Gurdjieff
Bastardo dentro
- Член од
- 12 јануари 2011
- Мислења
- 3.645
- Поени од реакции
- 1.264
Гастарбајтерите лани испратиле 1,366 милијарди евра, што е за 234 милиони евра повеќе од 2009
Соња Маџовска
Австралија, Канада, Швајцарија, Италија, а во последно време и Дубаи, Авганистан се дестинациите од каде што нашите печалбари праќаат пари во земјава. Се' поголем е бројот на македонски граѓани кои поради тоа што не можат да најдат работа, заминуваат на печалба во странство, па праќаат пари оттаму за својата фамилија. Тоа го потврдуваат и бројките.
Минатата година испадна рекордна за приватните трансфери. Вкупниот износ што го испратиле нашите иселеници бил 1,366 милијарди евра, што е за 234 милиони евра поголем споредено со вкупните трансфери во 2009 година и 381 милион евра поголем спореден со 2008 година.
Ова се официјалните бројки што ги евидентира Народна банка на Македонија, но, според експертите, во земјава стигнуваат многу повеќе пари од иселениците, кои, главно, нивните семејства ги трошат за да преживеат, но не и за да инвестираат во земјава.
Парите што ги испраќаат гастарбајтерите во земјава го спасуваат стандардот и државата, но е жално тоа што македонските власти не ги есапат како значајна економска категорија, велат експертите.
Многу често се поставува и прашањето дали овие пари од иселениците ја спасуваат, всушност, државата од банкрот?
Според анализите на експертите, приватните трансфери на дијаспората се многу поголеми од странските директни инвестиции и тие учествуваат со речиси 20 отсто во БДП. Со нив се брани стабилноста на денарот и се крпи јазот во платниот биланс што се создава затоа што Македонија повеќе увезува отколку што извозува.
Аналитичарите велат дека приливот од дијаспората е сериозно голем и буквално подарок за државата, а Владата не прави ништо. „За жал, не само што државата не им посветува внимание на печалбарите туку и не ги насочува овие пари, односно не ги третира како економска категорија. Кога власта ќе се освести, ќе види дека овие пари се единствениот потенцијал што ја одржува домашната економија? Време е, конечно, креаторите на политиката да се осврнат на овие средства, во смисла да ги гледаат печалбарите како потенцијални инвеститори. Најмалку што треба е Владата да им даде бенефиции како на странските инвеститори. Има неколку општини во земјава, каде што парите на иселениците се многу важни, а таму сега нема ниту еден невработен“, вели Беџети. Според него, жално е што овие пари засега се само социјална подршка за семејствата, а што нема интерес да се вложат во земјава. „Одамна требаше да и' се обрне поголемо внимание на оваа категорија, но и сега не е доцна“, вели Беџети.
Аналитичарот Ден Дончев деновиве во својата колумна вели дека бројките од дознаките, кои лани се искачиле до 1,366 милијарди евра, се доказ оти домашната компонента на македонската економија станува се' послаба. „Домашната економија не само што нема капацитет да обезбеди приходи на сите граѓани туку паѓа и оној капацитет што го имаше континуирано. Граѓаните се принудени да си ја земат судбината во свои раце, а тоа единствено можат да го направат барајќи го своето парче леб надвор од Македонија. Голем дел од приходите што ги заработуваат надвор, сепак, ги праќаат во земјата“, вели Дончев. Според неговата анализа, вкупните трансфери континуирано растат во последните десет години, но особено е изразен интензитетот во последните пет години. Вкупните девизни приливи од трансфери изнесувале 850 милиони евра во 2005 година. Меѓутоа, просечниот годишен износ од 2006 до 2010 година изнесува 1,1 милијарди евра, односно 250 милиони евра повеќе во споредба со 2005 година. Овие средства, доколку трајно останеа во македонската економија, ќе придонесеа за драстично зголемување на бруто домашното производство. Меѓутоа, во истиот петгодишен период се случи и драстично зголемување на нашиот трговски дефицит. Тој прашува „замислете што би значело ако во наредните години се успее да се зачуваат дел од вкупниот кумулативен прилив на трансфери да останат во македонската економија“.
Според одредени процени, над 160.000 семејства во Македонија егзистираат со печалбарски пари. Сепак, експертите сметаат дека нема конечна официјална бројка за тоа колку Македонци живеат и работат во странство, но се смета дека станува збор за масовна популација, а оттука и за голема сума пари што доаѓа во Македонија. Тоа значи дека ако државата малку повнимателно се насочи кон овие луѓе, може да има голем бенефит. (С.М.)
Utrinski vesnik 01/04/2011