Зошто мажите се плашат од брак?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bertines
  • Време на започнување Време на започнување
Мажите се плашат од мајката на невестата не од бракот.
 
Па голема промена во животот претставува бракот, како да не се плаши човек. Како и да за некои не претставува ништо посебно, и онака за година многумина се разведуваат.
 
Се плашат од помислата да бидат врзани со една жена. Не дека го почитуваат тоа, (има исклучоци) али коа не се во брак можат што сакаат да прават.
Мажите се научени на слобода, сакаат да соберат повеќе искуство во животот во врска со жените, каде автоматски при стапување во брак тоа се прекинува.
^ Една од причините.
 
Ne sakat da se ozenat mazite, zatoa sto ne mozat da menjat potoa shvalerkite. Ako se ozeni koj ke ja trpi nea drdrdrdrdrdrdrdrrr , kade beshe, zashto kasno dojde aaaa vaka taakkaaa kako zenite sekogas sto mnogu bla bla bla ete zasto.
 
Па и ја се плашам. Не само мажите.
И сите од исти причини се плашиме. Врзување, дур_смртта_не_не_раздели муабетот, монотонија, деца, обврски... Како да не се плаши чоек од тоа.
Крај на ергенството/моминството значи и крај на лабавиот, а почеток на возрасниот живот. Тој живот ретко носи добри промени :icon_lol:

И ние и тие сме упрпани од брачниот соживот, само на мажите малце подолго им трае стравот оти покасно ги сече нив моментот „тик-так на биолошкиот саат“ :icon_lol:
 
Има два типа на мажи, оние кои можат да се контролираат и да бидат среќни со една и оние кои не можат и стално ќе ги „сврби„ некоја пропуштена прилика. Тие вторите се плашат од брак сосема оправдано, она што го правеле јавно сега ќе мораат да го прават тајно (или тивко да жалат) а тоа носи непотребни проблеми.

Првите пак се плашат само од една работа, да не завршат со погрешна личност од која не можат така лесно да се ослободат. Јасно дека постои развод ама кој сака непотребно да си комплицира па уште и деца ако дошле, жива мука е.

Да не збориме дека се менува одговорноста каде веќе не си центар на светот така да и егото мора малку да се намали што нормално за многу мажи претставува шок.

Сепак заеднички живот со партнерот на некој начин е веќе брак освен хартивчето кое го нема. Дали бракот или врската ќе биде монотона зависи само од нив двајцата. Ако се компатибилни, со слични интереси и искрено се сакаат нема граници кои не можат заедно да ги достигнат.

Впрочем зависи само од нас дали и со кого ќе стапиме во брак така да според мене стравот (кога би го имало) би бил сосема неоснован.
 
Не се плашам од бракот како таков, напротив сакам да живеам во брак смирено и спокојно со своето семејство, да имам деца да ги воспитувам примарни и талентирани, пред се добро и среќно воспитани,, не треба големи работи или многу пари за да се направат среќни луѓето кои ги сакаш вклучувајки ги тука и сопствените деца, поучен од сопствените грешки да ги исправам на правилен пат, доволно ми е само тоа како гориво за да издржам низ времето...по малку ме заплашува финансиската нестабилност, и се разбира државава и регионот како нестабилни и потенцијални непријатели на мојот спокој и спокојот на моето семејство....но тоа нема да ме спречи.........
 
Ќе прекинам да се плашам од брак коа ке легнам 20000 жени....тогаш више ке може да се размислува за смирување :vozbud:
 
Хах, зошто се плашат?
Па зарем има некој што не се плаши од обврски?
Многу смешно ми делува прашањево. Како да жените не се плашат. Пих, умирам од страв. Што ако ме побара за жена а не можам да ги исполнам сите домашни работи кога ќе дојде време? Што ако кикснам некаде? Ехеее, само мажите се плашеле. Баш така:LOL:
 
затоа што се плашат од обврски....
ќе се убијам еј, какво размислување, коа ќе легнам 2000 жени а у... и шо коа ќе легнете толку жени?
поголеми мужи ќе бидете тогаш???? :rolleyes:
 
затоа што се плашат од обврски....
ќе се убијам еј, какво размислување, коа ќе легнам 2000 жени а у... и шо коа ќе легнете толку жени?
поголеми мужи ќе бидете тогаш???? :rolleyes:
а вие жените не размислувате така? Аууу да го легнам лепотанов аууу ова она...
 
а вие жените не размислувате така? Аууу да го легнам лепотанов аууу ова она...

да ти кажам седнуваме со другарките кај е најпрометно и само тоа збориме која кој ќе го легне... :rolleyes:
ај пораси бе те молам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom