Значи да се обидам да кажам колку-толку за атмосферата.
Балистите се подготвуваа речиси еден месец за овој спектакл.Се работеше напорно,се ангажираа многу членови.
Ден пред натпреварот веќе се беше подготвено,тој ден низ Тетово многу коли со обележја на Балистите почнаа да го најавуваат долго очекуваниот спектакл што следеше утредента.
На 28-05-2011 собирањето на Балистите беше во плоштадот Илириа од 13:00 часот.Само за еден час неколку стотици навивачи веќе беа таму,потоа од најголемите населби навивачите доаѓаа организирано.
Кога веќе се собравме почна марширањето кон градскиот стадион.Кога влеговме на трибина другите трибини веќе беа полни.
Играчите излегоа облечени во одела и се поздравија со навивачите.
Кога почна натпреварот го отворивме големото знаме по 3 пат сезонава но овојпат беше придружувано со 2 пароли.Горе пишуваше KOSOVA,ILIRIDA,CAMERIA DHE MALSIA JANE PJESE PERBERESE T'MEMEDHEUT SHQIPERIA! Во превод: Косово,Илирида,Чамерија и Малсија се составни делови на татковината Шќиперија.А доле пишуваше SHKENDIJA BASHKON SHQIPETARET! Шкендија ги соединува албанците.Оваа парола но само поголема од оваа беше поставена кај кружниот тек пред стадионот.
Втората кореографија беше составена со делови хартија,околу бела и на средина црно срце и црвен навивач со шал.
На почетокот на второто полувреме отворивме нова кореографија каде од неколку делови се состави името на нашата гордост
SHKËNDIJA и над името беа главите на орелот.
Потоа имаше една интересна кореографија каде еден Балист со ваљак ги газеше другите екипи,почнувајќи од Тетекс,Вардар,Ренова и Металург.
Следната кореографија беше истакнувањето на трофејот,кој шеташе низ сите трибини.
Потоа отворивме друга кореографија која се составеше од неколку делови и се формираше реченицата: EUROPE WAIT US!
После следеа ролните и бакљите низ целиот стадион.Првин имавме бакљијада само на нашата трибина и потоа следеше на целиот стадион.
Имавме и неколку пароли,само сега не можам да најдам слики од сите и не ми текнуваат сите.
Едната беше: GJENERATA E ARTË=Златната генерација
Една друга : IL CAPITANO N.MUSTAFI!
Сега не ми текнува што друго имавме
И на крај се случи тоа што 32 години го чекавме:
Се на се прекрасна атмосфера,полн стадион,и играчите на Металург ни аплаудира посебно голманот се занесе и неколкупати се вртеше накај нас и аплаудираше.
Потоа фештата продолжи во центарот на градот каде пееја 2 музички групи и една позната пејачка од Албанија.Некаде околу 21:30 дојдоа играчите заедно со трофејот,после тие си отидоа а славењето продолжи до доцна.