Како што се наредило, мие следна сезона шампиони ќе станеме

Шала на страна ова лето ќе биде ептен тешко за Тетекс. Како што знаеме брацо остана да не "финансира" (у наводници затоа што играчиве скоро и да не зедоја плата) само сезонава што пројде, следна наебавме, дај боже да се најде спонзор иако ќе биде многу тешко со оглед на тоа дека никој не сака да вложува во овој наш "прекрасен" фудбал. Тоа е тоа јебига, ќе чекаме да дојде следна сезона па да видиме што, како ќе биде. Иначе сезонава ја пројдовме сосема солидно и така немавме цел за првите места, важно обезбедивме прволигашски статус и за другата сезона.
На навивачки план, мислам дека бевме солидни, лани бевме подобри, ама со опаѓањето на квалитетот на фудбалов падна и бројката, но добро се држевме. Присутни на домашниве утакмици, неколку гостувања и покрај забраната за гостување и на крај како шлаг на тортата дојде финалево на купов и нашето одлично навивање... Мислам најдобри изданија имавме против Брегалница, Шкендија, Тиквеш и со Металург финалево. Добра сезона со оглед на тоа дека цела сезона ја минавме со наше самостојно финансирање, сами ги плаќавме гостувањата, потоа бакљите, кореографиите... што искрено ми се свиѓа мене бидејќи така се прикажуваат вистинските навивачи... Тоа е тоа дечки. Не чека долга пауза до почнувањето на следната сезона, за која се надевам дека ќе имаме подобар тим и дека ќе се бориме за горниот дел од табелата, секако и наше севкупно навивачко подобрување.