Штознам баш дали пулсира...
Можеби пулсираше „у мое време“, ама ова Скопје во денешно време пулсира само преку ден, од сообраќаен хаос кој го прават увезени крнтии и дебили од возачи.
При крајот од 90-те и почетокот на 21-от век, Скопје живееше до сабајле. После долго време, пред 2 недели излегов во недела навечер со друштво, демек за после полноќ негде да се журкаме. Мртвило. Освен едно диско (69) кое е збирштина на се она од кое на човек може да му се гади, како и Балет (локал во кој имаше вкупно 5 души) ништо не работеше. Ебати пулсирањето.
У мое време, човек не можеше да се размине на цел булевар кај Аркадија и Кинг Бургер после полноќ
Умре и боемскиот живот. Забрана за пушење, забрана за работа после полноќ. Скопје нема ноќен живот, сериозно.
Некои нови чкарт шеми како на пример на Ленинова, каде сите седат и глумат дека се среќни, а на 95% од нив во себе им иде да си гризнат од таквото. Тоа не е ноќен живот.
Плоштадот е две децении микс на градежна зона, сиропиталиште и див пазар. Тоа не е плоштад.
Скопје нема пристоен објект каде се склучува брак. Од сите матични канцеларии по општини, „најмодерна“ е во Центар, која е невидена дупка и пример за мизерија. А сте ги виделе ли какви се по другите општини во Скопје?
Скопје нема место кај што човек може да се измоча и искења. Нема јавни тоалети. А камоли пристојни јавни тоалети, за скопјани да не уринираат по грмушки и ќошиња.
Човек нема кај да се паркира освен ако не плати, секоја јавна површина се претвори во алатка за цедење пари од скопјаните, а се повеќе нема место ни на платен паркинг.
Се градат згради без паркинзи. Битно имаат подруми за тегли зимница и складирање работи кои „може ќе се најдат некогаш“, наместо подземни гаражи.
Се ме нервира во Скопје. И Скопјаните, и дојденците кои му направија инвазија на Скопје за да бидат скопјани.