Кабала - религија или наука ??

Член од
26 декември 2008
Мислења
15
Поени од реакции
0
1. Во минатото кабалистите мислеле дека само неколку луѓе се навистина вредни, високо развиени луѓе од секоја генерација кој веќе поседувале внатрешни квалитети неразвиени од човештвото како целина, сè до неодамна. Овие квалитети им овозможувале да ја разберат кабалата и да ја употребуваат правилно. Затоа, кабалата била намерно криена од кабалистите .
2. Сите кабалистички книги се пишувани,употребувајќи зборови кои се чини дека реферираат за работи и луѓе,но факт е дека ниту еден збор во било која книга за кабалата не зборува за физичкиот свет,и ако не научите како да ги читате овие книги од кабалист, со автентично учење, вие едноставно нема да ги разберете. Не е важно колку сте бистри, на крај ќе завршите со продукт на вашата имагинација и ништо повеќе.
3. Кабалата ни ги открива целта и природата на овој систем што го нарекуваме живот, и доколку личноста нема моќна, реална и сериозна потреба да се запраша за ова прашање , тие нема да го слушнат одговорот. Дури иако им е извикувано на уво. Сепак денес луѓето од целиот свет ја бараат кабалата.
Ајде да ги расчистиме недоразбирањата. Најпрвин ајде да видиме што кабалата не е :
Таа не е и нема ништо заедничко со религија, магија, мистицизам , вештерство, обожување, култност, излекувања , медитација , само-помош , филозофија , теорија , парапсихологија , ЕСП, телепатија , јасновидност , новото доба , психо кинеза , суеверие , толкување на сништа , френологија , тарот картите , мантри,јога , црвени конци , света вода , благослови , Јудеизам , Исламизам , Христијанство , Будизам , Хиндуизам , Суфизам или било кој изам , враќање во минатите животи , холистичка медицина , нумерологија , верски излекувања , Ароматерапија , тајни друштва , реики , хипноза , вканалување , трансмутација , френологија , астрологија , астрални патувања или проекции , луцидни сништа, спиритуализам , комуницирање со мртвите , искуства надвор од телото , магнетизам , вуду , слободното масонство , теозофија , рефлексологија , НЛО , креатонизам , фанатизам или било кое друго верување.......
Иако многу од горенаведените позајмиле и погрешно ги толкувале принципите на кабалата со текот на годините..
Повеќе на:Автентична Кабала на македонски
http://www.kabbalah.info/mk/kabbalah-video-clips/kabbalah-basics/што-е-кабала
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Религија многу нормално...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.367
1. Во минатото кабалистите мислеле дека само неколку луѓе се навистина вредни, високо развиени луѓе од секоја генерација кој веќе поседувале внатрешни квалитети неразвиени од човештвото како целина, сè до неодамна. Овие квалитети им овозможувале да ја разберат кабалата и да ја употребуваат правилно. Затоа, кабалата била намерно криена од кабалистите .
^Болдираното веројатно требало да биде вака напишано:
"Затоа, кабалата била намерно криена од страна на кабалистите ."

Онака како што е напишано во твојот пост, има друго значење.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.367
1. Во минатото кабалистите мислеле дека само неколку луѓе се навистина вредни, високо развиени луѓе од секоја генерација кој веќе поседувале внатрешни квалитети неразвиени од човештвото како целина, сè до неодамна. Овие квалитети им ...
Види svetlina,
На форумов многу, многу не ценат отварање на теми само со цитати. Погледни ги другите теми. Оние со по голема популарност. Сите сериозни теми имаат некаков личен осврт на авторот. Личното мислење на членови е многу битно. Тоа е една од спецификите на форумот. Битна нијанса што ја нема на сајтовите, од каде што реферираме. Еден од нив е и сајтот на Бнеи Барух. Меѓутоа доколку сакаме да го прочитаме тоа таму, нема зошто тука да сме. А ако сме тука, не сме сигурно заради читање на преписи од оригиналот. Тука сме за да видиме што има некој да каже во врска со оригиналот со кој сигурно сакаме да комуницираме на лице место, а не преку посредници кои не ја доловуваат сто процентно пораката. А и неможат.

Бнеи Барух е сериозна организација, што и да мисли јавноста. Тоа што е популарна и тоа што поради таа популарност изгледа како помодарство, со ништо не може да и го одземе кредибилитетот, во условно кажано езотеријските кругови, кој заслужено го има.
Многу е интерсно тоа што студентите, кога започнуваат, влегуваат во една помалку филозофска средина, лишена од ритуал - пракса која дури мислам дека е негирана од страна на авторитетите, на почетокот.
Но со/по напредувањето, ненадејно, на нечие (или на сечие) изненадувње, работите се менуваат...:vozbud:
Како и да е, Берг и Лајтман се супер и добро е што конечно преведоа нешто на Македонски. Се надевам дека ќе следуваат уште изданија. Исто така се надевам дека активностите на центарот на македонски, нема да сопрат.

Да завршам: добро е што реферираш кон сајтот, ама не ли мислиш дека кабалата заслужува да биде преставена со повеќе од обични сувопарни цитати?
 
“Да завршам: добро е што реферираш кон сајтот, ама не ли мислиш дека кабалата заслужува да биде преставена со повеќе од обични сувопарни цитати?

Не знам за кои работи мислиш “се менуваат“ Кај Лајтман сум 7 год. Сем јас самата - ништо не се променило . Се` е и понатаму бесплатно ..на интернет ни цент не се плаќа (за разлика од Берг) Зохар се обработува збор по збор .
На страната на “Бнеи Барух “ се автентични текстови ...така да јас што и да објаснувам е излишно ..На крај на краиштата секој зависно од своето ниво ги доживува работите !!
Поздрав !
 
V

Vollstandig

Гостин

Moжеш во кратки црти да ја објасниш Кабалата?
 
Г

Господ

Гостин
Дури и во најкратки црти,ќе требаат стотици страници.Не верувам дека има поента да се дискутира кабалата вака,на форум.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom