Криза во македонската музичка сцена?

  • Креатор на темата Креатор на темата Petkovsky
  • Време на започнување Време на започнување
Ама порано си била помлада ,може имаш потреба од некаков посериозен поп кој ние одамна го немаме ,ние долго време имаме музика која воглавном е слушлива за оние до 25,а и ако заклучиме дека немаме асални песни сепак треба да заклучиме дека за квалитет потребни се пари ,а во Македонија нема многу пари во музиката,Македонија кога станува збор за поп комерцијална музика нема продукции ,сериозни продукции кој би вложувале во пејачите ,спонзорите повеќе даваат пари за организирање на концерти на некои изведувачи надвор од Македонија ,М2 порано и личеше на продукција денеска се скоро па мртва продукција ,Дарко Димитров прави песни повеќе за изведувачи надвор од Македонија него за сопствените екслузивци ,не знам покрај споменатите две пејачки(Калиопи и Каролина) дали некој има сериозна продукција позади себе.Ама нивната музика не е македонска ,како автори се потпишани некои надвор од Македонија
Што се однесува до Евровизија ,па нас целиот концепт на Евровизија ни е лош ,повеќе се работи на немање на идеја и концепција па и пари кој се многу битен фактор ,ние одржуваме Евровизија колку да ја одржиме ,без желба за подобрување ,па ниедна победничка песна кај нас не била хит ,ама ниедна,ние не избираме нешто што ќе биде хит кај нас ,не знам зошто би очекувале да биде прифатена негде на друго место,сепак ни Евровизија не е показател на квалитетна музика
А за пејачите јас мислам дека имаме добри пејачи со добри гласови ,само не вежбаат пеење, а тоа им е професија,па и Пандев знае фудбал па мора секој ден да тренира ,а нашиве не продолжуваат да вежбаат и да го усовршуваат своето пеење,не знам дали се работи за неамбициозност ,односно кога ќе удрат во плафонот веќе немаат желба за развивање или што ама гладав еден клип на youtube од новогодишната програма и очајни беа нашите ни поп пејачи ,па дури и текстовите не ги знаеа на песните кои требаа да ги пејат,крајно неодговорно и несериозно ако се знае дека репутацијата се гради со секој твој настап ,каква репутација ќе створиш толку и ќе те вреднуваат
И уште нешто македонската публика сака поп музика ,толку честото доаѓање на балканските поп пејачи покажува дека овде како нигде на Балканот поп музиката има примат ,Србија турбофолкот е доминантен ,Бугарија и Босна исто така ,Хрватите исто така ,пред два дена Порин награда за хит на годината доби типична турбофолк мелодија или цајка како што тие велат ,па еве ги два дена сите прават колумни во врска со тоа по сите нивни весници означувајќи дека поп музиката веќе изумрела

Во ред тоа што го збореш но кај нас се обрнува(ше)внимание на некој што си нема појма од пеење.Типичен пример ти е Ноне Неделковска.
Ма дали девојчето знае дека се брука со нејзиниот глас.?Повеке би успеала на детски Евросонг отколку на возрасната македонска естрада зошто баш таков глас има,како мало дете.И некогаш премногу ја форсираат.Наместо да се обрне внимание на некој талент кој има убав глас за пеење цело време истите на сцена.Емил Арсов има убав глас,специфичен,снима неколку песни кои не му беа хит,и затоа замина во Србија да си ја проба среката,и потполно го подржуваа публиката таму.Македонија нема пари за музика?точно! ама има пари за брука на Евросонг(и да не се пофторувам овде)и такви срања со кои музиката ама баш ништо не добива.Се е комерцијала денес.
Па деца на детски евросонг подобар пласман ке ни донесат отколку возрасниве.
Пандев?Па и самиот тој знае дека во Македонија фудбал не постои онаков како што треба и затоа сака да си ја проба среката на друго место.
И да имаме пејачи за кои мислам дека се се помалку со квалитети мора да има некој кој ке даде се од себе и да го промени стилот.Добро кажа некој претходно,од кога го нема Тоше се замре,а Тоше сите го сакаа,ама Каролиан и Калиопи не може секој да ги сака така нели?
Немам ништо против тие две пејачки,секој си е со својот избор.И тоа сакам да ти кажам,дека повеке се слуша српски турбо фолк отколку нашите македонски поп песни.А има причинан сигурно нели?

Рубин Ред
никој не бара да ги слушаш Каролина и Калиопи, но што според тебе е добра поп музика кај нас? Јас го дадов тој пример зошто нивните песни се разликуваат од се останато што се прави во земјава од било кој друг пејач или пејачка, од се она што го нудат автори како Копров, Јованов, Елвир, ДНК. Она што е спорно е што на најголем дел на тие песни се потпишани странски автори (хрватски, српски, руски, бугарски), а не македонски затоа што очигледно е дека македонскиве автори не нудат ништо добро и тапкаат во место со години.

Владо Јаневски вади песни многу ретко, Кристина Арнаудова спремала албум па да видиме што ќе биде, Андријана се откажа од поп музиката, тоа се тие квалитетни вокали што имале квалитетни песни во нивната кариера.

Дијаманте,немам ништо против нив две ама како спомнав и во претходниот пост се е до вкус.И со одговорот од кога го нема Тоше се замре.
Го посочив и Емил Арсов кој можеше да успее доколку имаше квалитетен менаџер покрај себе.
Елвир,Ламбе,и компанија е веке видено.Треба најново нешто на сцената.
Имам единствено од сите што останаа респект кон Владо Јанески.Тој има некој посебен шмек кон музиката.Кристина Арнаудова,таа бог знае од кога ја немам видено да пее,зошто знае каква е работата овде.
 
Ако нема поп има друга музика, имате Фолтин,String Forces, Љубојна и еден куп други групи и групички, некои попознати некои по underground, само побарајте секогаш има нешто за слушање, а да не го гребе увото......
 
Да бе нон стоп Каролина ке се слуша,или Калиопи,не мижам органски да ги сварам не пак да ги слушам.На Врчак и Елвир измина времето.Потребно е нешто ново што ке го слушаат сите.После ке се чуди некој зошто слушал некој турбо фолк...Се е пропаднато.Немаме асални пеачи бе.И кој ке има убави текстови за нив?Никој.Само едно исто,сум кажала и пак ке кажам наместо нешто ново да се вметне секогаш се слушаат истите текстови о леле мори мајко јас го сакам тој има друга.

И дај малку извади ја Каролина од устата,секој пост ти се содржува од нејзиното име,сфативме дека ти е идол не мора да го пофторуваш 7534892573489 пати.

Е добро де, што и се нафрливте си кажа нејзино мислење, многу луѓе на форумов напињаат со едни исти муабети па нив ништо не им викате.

Него, друго ми беше муабетот. Тоа дали некој ја сака Каролина или Калиопи или не, не е релевантно. Реално, они се единствените кои ја држат македонската поп музика на некакво ниво. Албумот на Каролина, последниот одлично котира, а и песните и се слушани доста. Нема врска сега дали ние ја сакаме или не ја сакаме, битно прави поп музика која реално ја издвојува од останативе квази музичари.

Не знам каква поп музика барате? Во Македонија има поп музика, неинвентивна колку сакаш, но квалитетна може да се најде.
Минативе години и беше полошо поради напливот на Јованов, Елвир, ДНК, Врчак и така натака. Сега се стишаа, а малите деца знаеме колку се палат на тие лесни песни.

Новите албуми на Каролина и Калиопи се доказ дека постои квалитетна македонска поп музика за чие издавање се вложени големи пари и кои се разликуваат од најголемиот процент на останати новокомпонирани песни.

Ок, се согласувам Каролина и Калиопи направиле добри албуми, ама жалосно е да се каже дека имаме само две пејачки кои ќе извадат тук тамо по некој добар ПОП албум. Што е со другите? Македонската музичка сцена е очај, песните што се прават се силување за уши ама буквално. Не е доволно да се тешиме што Каролина или Калиопи и евентуално Владо Јаневски ќе направат добра песна или албум, премала е таа бројка во однос на тоа колку "пејач/ки" има. И Елена Ристевска имаше еден добар албум пред неколку години и од тогаш кариерата и е на мртва точка.

Инаку мое лично мислење е дека има таленирани дечки и девојки, ама проблемот е со да не кажам хитмејкерите односно композиторите, тоа е една мала клапа на луѓе, да не ги наречам олигарси, кои се држат меѓу себе и буквално имаат монопол на македонската музичка сцена и покрај нив не може да се пробие некој квалитетен композитор, кој всушност и знае нешто од музика. И додека не им се дозволи на талентираните да се пробијат, нашата сцена ќе биде мртва и нема да се помести од мртва точка, ние ќе си мењаме канал секад кога ќе чујеме македонска песна.

Во време на Југославија, значи пред 30 години имало подобри песни од сега. Зар има некој што не ги знае македонските шлагери? Ама тогаш имало школовани композитори, кои се разбирале од музика и кои не даунлоадирале програмчиња за правење музика, туку навистина си ја знаеле работата.
 
Него, друго ми беше муабетот. Тоа дали некој ја сака Каролина или Калиопи или не, не е релевантно. Реално, они се единствените кои ја држат македонската поп музика на некакво ниво. Албумот на Каролина, последниот одлично котира, а и песните и се слушани доста. Нема врска сега дали ние ја сакаме или не ја сакаме, битно прави поп музика која реално ја издвојува од останативе квази музичари.

Во ред признавам дека последниот албум на Каролина е добар,настрана од тоа,ама еве некој не сака да ја слуша,ни нејзе ниту Калиопи.И си има посебен стил на музика,успеале Каролина и Калиопи ама не треба постојано да се тешиме дека ги имаме нив кога можат да најдат и нови неоткриени таленти. Може има убави песни,не викам ништо,ама не ја слушаме сите, ама луге смешно е што пола и повеке од концертите во Македонијава се од Балкански звезди а не македонски.Ке помине година или 6 месеци,и пак Каролина ке има концерт,никој друг.Ке отидат на концерт и кога ке видеш пак исто.
Сега ова со Македонски Идол,по ваше мислење дали воопѓшто барем еден ке излезе како некој што ке биде нов на сцената?Александар Белов цело време беше прв на Операција Триумф ама не успеа да направи некоја којзнае каква кариера.
Србиве направат шоу со звезде гранда и сите речиси кои биле во завршната фаза успевале а ние не можеме да смениме барем една работа.
Имам кажувано многу пати иако ен сакам да се повторувам морам да кажам.Секоја песна е со ист мелоз,зурли тапани земји балкански.Веке слушнато и видено.
 
Во ред тоа што го збореш но кај нас се обрнува(ше)внимание на некој што си нема појма од пеење.Типичен пример ти е Ноне Неделковска.
Ма дали девојчето знае дека се брука со нејзиниот глас.?Повеке би успеала на детски Евросонг отколку на возрасната македонска естрада зошто баш таков глас има,како мало дете.И некогаш премногу ја форсираат.Наместо да се обрне внимание на некој талент кој има убав глас за пеење цело време истите на сцена.Емил Арсов има убав глас,специфичен,снима неколку песни кои не му беа хит,и затоа замина во Србија да си ја проба среката,и потполно го подржуваа публиката таму.Македонија нема пари за музика?точно! ама има пари за брука на Евросонг(и да не се пофторувам овде)и такви срања со кои музиката ама баш ништо не добива.Се е комерцијала денес.
Па деца на детски евросонг подобар пласман ке ни донесат отколку возрасниве.
Пандев?Па и самиот тој знае дека во Македонија фудбал не постои онаков како што треба и затоа сака да си ја проба среката на друго место.
И да имаме пејачи за кои мислам дека се се помалку со квалитети мора да има некој кој ке даде се од себе и да го промени стилот.Добро кажа некој претходно,од кога го нема Тоше се замре,а Тоше сите го сакаа,ама Каролиан и Калиопи не може секој да ги сака така нели?
Немам ништо против тие две пејачки,секој си е со својот избор.И тоа сакам да ти кажам,дека повеке се слуша српски турбо фолк отколку нашите македонски поп песни.А има причинан сигурно нели?
Не знам баш за Ноне ,јас никогаш не сум имала чувство дека Ноне е баш некој битен фактор на нашата сцена,на триото од македонски радија кој пуштаат македонска музика (Скај,Фортуна и Бубамара) ретко ја имам слушано
И како што реков нема кој да им обрне внимание на тие со талент и убав глас бидејќи немаме продукциски куќи ,ние немаме ни една дискографска куќа од типот на City во Србија,Croatia Records во Хрватска во кои има и по 50 пејачи кои припаќаат на различни жанрови,а во однос на Емил веќе кажав во друга тема кога се појави 2004 многу сличеше на Тоше ,па Дарко реши да го замени со Ламбе
За Евровизија МРТВ има пари колку да го плати учеството на Евровизија и толку
А за Пандев не си ме разбрала ,го наведов како пример во смисла дека секој треба да се унапредува ,Пандев знае да игра фудбал ама сепак секој ден мора да тренира ,нашите пејачи мислат дека си знаат да пејат и не мора воопшто постојано да го школуваат и вежбаат гласот односно своето пеење
А не се согласувам со делот дека замрела музиката после Тоше ,туку повеќе дека постои апатија кај македонската публика после Тоше ,во времето на Тоше беа 4 пејачи вклучувајќи го и него
А зошто се слуша повеќе српска музика отколку македонска ,па бидејќи имаат бесплатна промоција тука , Македонија спаѓа во српско -хрватското медиумско подрачје ,Словенија и Македонија поради заедничкото минато се насочени кон подрачјето каде доминантен јазик е српско хрватски,а секогаш медиумското влијание иде од поголема земја кон помала,а и нашите радиа поради тоа пуштаат нивна музика,во Хрватска ,Босна и Србија не пуштаат македонска музика,особено во Хрватска каде не се пушта никаква музика освен хрватска
 
Се префрла млаџината на ДНБ и степ...ваков степ таков степ.
Дури ни фолкери нема,кого ќе хејтам богати :(
Металците одамна изумрен вид.
И емофци/скримофци снема.
И раперите се во криза.
Само степ...
Порано знам дека степ се лижеше...не знам кај ојдова децава.
Изгледа почнаа да го шмркаат па зато така чудно скокаат со нозете.
Изглеа оти народот сиромашен,а степ само сиромасите пиеја и лижеа оти беше по 10 денари.

stepmax-grape-intro.jpg

СТЕП!
 
Во ред признавам дека последниот албум на Каролина е добар,настрана од тоа,ама еве некој не сака да ја слуша,ни нејзе ниту Калиопи.И си има посебен стил на музика,успеале Каролина и Калиопи ама не треба постојано да се тешиме дека ги имаме нив кога можат да најдат и нови неоткриени таленти. Може има убави песни,не викам ништо,ама не ја слушаме сите, ама луге смешно е што пола и повеке од концертите во Македонијава се од Балкански звезди а не македонски.Ке помине година или 6 месеци,и пак Каролина ке има концерт,никој друг.Ке отидат на концерт и кога ке видеш пак исто.
Сега ова со Македонски Идол,по ваше мислење дали воопѓшто барем еден ке излезе како некој што ке биде нов на сцената?Александар Белов цело време беше прв на Операција Триумф ама не успеа да направи некоја којзнае каква кариера.
Србиве направат шоу со звезде гранда и сите речиси кои биле во завршната фаза успевале а ние не можеме да смениме барем една работа.
Имам кажувано многу пати иако ен сакам да се повторувам морам да кажам.Секоја песна е со ист мелоз,зурли тапани земји балкански.Веке слушнато и видено.

А бе скраја да е дека сите треба да ја слушаат Каролина, нормално е да има публика што ќе ја слуша и луѓе што не ја слушаат. Мене чисто муабетот ми беше дека не е релеватно дали ти или јас ја сакаме, поентата е дека девојката си се држи солидно на сцената. Е сега не знам колку примети, ама и јас истиот муабет го кажав дека не може да се тешиме што Каролина, Калиопи или Владо извадиле добри песни или албум. Тоа едноставно не е доволно...
 
Не знам баш за Ноне ,јас никогаш сум немала чувство дека Ноне е баш некој битен фактор на нашата сцена,на триото од македонски радија кој пуштаат македонска музика (Скај,Фортуна и Бубамара) ретко ја имам слушано
И како што реков нема кој да им обрне внимание на тие со талент и убав глас бидејќи немаме продукциски куќи ,ние немаме ни една дискографска куќа од типот на City во Србија,Croatia Records во Хрватска во кои има и по 50 пејачи кои припаќаат на различни жанрови,а во однос на Емил веќе кажав во друга тема кога се појави 2004 многу сличеше на Тоше ,па Дарко реши да го замени со Ламбе
За Евровизија МРТВ има пари колку да го плати учеството на Евровизија и толку
А за Пандев не си ме разбрала ,го наведов како пример во смисла дека секој треба да се унапредува ,Пандев знае да игра фудбал ама сепак секој ден мора да тренира ,нашите пејачи мислат дека си знаат да пејат и не мора воопшто постојано да го школуваат и вежбаат гласот односно своето пеење
А не се согласувам со делот дека замрела музиката после Тоше ,туку повеќе дека постои апатија кај македонската публиката после Тоше ,во времето на Тоше беа 4 пејачи вклучувајќи го и него
А зошто се слуша повеќе српска музика отколку македонска ,па бидејќи имаат бесплатна промоција тука , Македонија спаѓа во српско -хрватското медиумско подрачје ,Словенија и Македонија поради заедничкото минато се насочени кон подрачјето каде доминантен јазик е српско хрватски,а секогаш медиумското влијание иде од поголема земја кон помала,а и нашите радиа поради тоа пуштаат нивна музика,во Хрватска ,Босна и Србија не пуштаат македонска музика,особено во Хрватска каде не се пушта никаква музика освен хрватска

Ноне на почеток беше многу како да се изразам славна,ама со текот на времето опадна и таа...
...Лесно ко два и два
јас би те украла
никогаш таа
не би ни дознала

Абе ај...се прашувам како може да го пее тоа...како може?:lud:
Oчајна е ко прво и прво.Ама некои и одат на концерти само заради големите гради кои ги има.Ама да не мешам сега тоа на темава.
И тоа сакам да го кажам,немаме продукциски куки,нема менаџер кој може да направи од нив вистинска звезда,како што беше случајот со Лилјана и Тоше.
Ламбе?што успеа Ламбе?
Тонам во море од солзи
солзи на љубовта.

Пак видено,пак слушано кое и понатаму ке се негува.
Пандев како Пандев,си успеа човекот,се залага и затоа игра во професионален тим ама овде го нема тоа што го спомна ти.Музички куки кои ке прават лом.
Затоа и Емил замина во Србија.И како не?Кога знаел дека нема да успее во земјава.
Време е да се сменат работиве.
Тоше го слушаа од 7-77 години.
Овие сега што се ретко да се најде некој повозрасен.
Се секавам на времето имаше еден Сашо Спасовски,направи неколку песни и кога беше во мојот град демек на концерт само стар народ имаше на 5-6 масички.
Жалосно но вистинито.

Едит:Младите се повеке слушаат турбо фолк и странско зошто македонскава сцена и нема што да понуди.
Тоа е реалноста.

А бе скраја да е дека сите треба да ја слушаат Каролина, нормално е да има публика што ќе ја слуша и луѓе што не ја слушаат. Мене чисто муабетот ми беше дека не е релеватно дали ти или јас ја сакаме, поентата е дека девојката си се држи солидно на сцената. Е сега не знам колку примети, ама и јас истиот муабет го кажав дека не може да се тешиме што Каролина, Калиопи или Владо извадиле добри песни или албум. Тоа едноставно не е доволно...

Да,се држи и во тоа си во право...има одено на Евросонг,Беовизии и такви фестивали.
Сите се согласуваме со едно.Не можеме вечно со нив да се вадиме.Ама до кога ке е вака прашање е.Исто мислење различно кажано :pos:
 
Македонска поп сцена никогаш не била популарна освен на домашните телевизии, кој спот се појави прв на MTV? Суперхикс, кој се ска-рок, панк бенд што е дефинитивно не е поп. Повеќето во светот не знаат заради Леб и Сол, Мизар, Фолтин Беј д фиш, Marga Sol што не се поп изведувачи.
Така да криза нема на Македонската поп сцена, има криза на Македонската домашна поп сцена, бидејќи ние само дома си ја слушаме и тоа кој како.
А зошто има криза? баш ми е и гајле ако имало криза и онака не ја слушам а и не треба да се замараме за тоа, бидејќи надвор не знаат повеќе по underground/алтернативната музика.
Е сега на некој му е криво што нема да можеме на евровизија да одиме, па голема работа за евровизија, и онака никогаш нема да се пласираме во финале, само ќе праќаме по еден торко наречен пејач за да се прошета и толку, а подобро и да не одиме веќе бидејќи и евровизија е срање.
 
Значи и поп музиката е правец, тоа што ти лично не ја слушаш, не значи и дека не треба да постои. Поентата е да има избор на жанрови на нашата сцена... секаде постои и поп музиката како правец и по дифолт не значи дека е лоша.
 
Ниту дека е добра. Поготово во Македонија каде што ништо не е како што треба, а камо ли музика која е на маргините на „нешто Океј“. Поп музиката се „шлепа“ на неколку добри изведувачи (на светско ниво), и покрај нив се добива впечаток дека е добар мјузик. А вака кога ќе ми текне што се нема низ тоа поперајот...

Убаво рече некој погоре. Не може да има криза во поп музиката во Македонија, бидејќи никогаш не ни било поарно.
 
Затоа и Емил замина во Србија.И како не?Кога знаел дека нема да успее во земјава.
Време е да се сменат работиве.
Тоше го слушаа од 7-77 години.
Едит:Младите се повеке слушаат турбо фолк и странско зошто македонскава сцена и нема што да понуди.
Тоа е реалноста.

Емил нема да успее ни во Србија ,освен ако не пее турбофолк,а бидејќи не сакал тоа да пее затоа и испадна
Треба да сфатиме дека постојат некои стварности кои ние не можеме да ги промениме и можеме само да ги прифатиме ,а тоа е дека медиумите создаваат ѕвезди, па медиумскоо влијание е најбитно,пропагандната машинерија, медиумската пропаганда е моќ, ако Американците имаат најголемо медиумско влијание во светот благодарејќи на доминацијата на англискиот јазик во светот тоа го искористиле за своја доминација во музичката индустрија , значи реално Британците имаат подобра,поквалитетна поп музика,а сепак американските поп пејачи се најпопуларни во светот, истиот принцип важи и на Балканот, Србите ,Хрватите имаат најголемо медиумско влијание благодарејќи на доминацијата на српско-хрватскиот јазик на овие балкански простори,значи ние хипотетички можеме да имаме безброј поквалитетни пејачи и поквалитетна музика ама сепак тие ќе бидат популарни ,едноставно ние пееме на македонски, а они на српско-хрватски ,они секогаш ќе имаат предност ,а ние бидејќи тие се популарни на поголем простор (Србија,Црна гора ,Хрватска ,Босна ) САМО ПОРАДИ ТОА ќе мислиме дека се поквалитетни
 
Па јас и не памтам кога кај нас оваа музика не била во криза. Дури и со Тоше, некако кубуревме со квалитетен квантитет, со она што всушност се гради сцената. Владо, Калиопи, Каролина - тоа е отприлика она што заслужува некакво поголемо внимание. Останатото се сведува на изведувачи со еден или два „хита“ по неколкугодишно пеење, со просечен глас, и на некои, некако насила направени и наречени ѕвезди кои никако да светнат. Некои ги вади изгледот (сериозно, каде ќе беше Елена Ристеска сега, ако не изгледаше како што изгледа?), некои парите или врските, и тоа е тоа.
 
Ниту дека е добра. Поготово во Македонија каде што ништо не е како што треба, а камо ли музика која е на маргините на „нешто Океј“. Поп музиката се „шлепа“ на неколку добри изведувачи (на светско ниво), и покрај нив се добива впечаток дека е добар мјузик. А вака кога ќе ми текне што се нема низ тоа поперајот...

Убаво рече некој погоре. Не може да има криза во поп музиката во Македонија, бидејќи никогаш не ни било поарно.

Јас не кажав дека е добра, јас само потенцирав дека треба да ја има. Секој жанр е потребен, за секој да си има музика по свој вкус. Не е фората, поп музиката не ми се свиѓа, боље да ја нема, не е тоа решение. Не може сите да слушаат еден или два жанра, секоја држава треба да си има повеже жанрови кои треба да се развиваат, а кај нас поп музиката е сведена на ти ме изневери, ми го искрши срцето и јас со солзи во очите те молам да се вратиш оооо копнежу мој ме распадна... Глупости на куб.
Секаде може да се најдат убави песни, во секој жанр, се разбира во зависност од вкусот на индивидуата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom