Порано ги слушав нашиве поп песни.Секакви.Не мора да се избира и да се прави споредба туку ФАКТ е дека немаме асални песни.Погледнете ги поп пејачите во Македонија и во странство,не мора да се балкански.Погледни какви песни пракаме на Евросонг и се ке ти биде јасно.
Ако Дијаманте ја слуша Каролина и Калиопи не мора и другите да ја слушат,така нели?
Ама порано си била помлада ,може имаш потреба од некаков посериозен поп кој ние одамна го немаме ,ние долго време имаме музика која воглавном е слушлива за оние до 25,а и ако заклучиме дека немаме асални песни сепак треба да заклучиме дека за квалитет потребни се пари ,а во Македонија нема многу пари во музиката,Македонија кога станува збор за поп комерцијална музика нема продукции ,сериозни продукции кој би вложувале во пејачите ,спонзорите повеќе даваат пари за организирање на концерти на некои изведувачи надвор од Македонија ,М2 порано и личеше на продукција денеска се скоро па мртва продукција ,Дарко Димитров прави песни повеќе за изведувачи надвор од Македонија него за сопствените екслузивци ,не знам покрај споменатите две пејачки(Калиопи и Каролина) дали некој има сериозна продукција позади себе.Ама нивната музика не е македонска ,како автори се потпишани некои надвор од Македонија
Што се однесува до Евровизија ,па нас целиот концепт на Евровизија ни е лош ,повеќе се работи на немање на идеја и концепција па и пари кој се многу битен фактор ,ние одржуваме Евровизија колку да ја одржиме ,без желба за подобрување ,па ниедна победничка песна кај нас не била хит ,ама ниедна,ние не избираме нешто што ќе биде хит кај нас ,не знам зошто би очекувале да биде прифатена негде на друго место,сепак ни Евровизија не е показател на квалитетна музика
А за пејачите јас мислам дека имаме добри пејачи со добри гласови ,само не вежбаат пеење, а тоа им е професија,па и Пандев знае фудбал па мора секој ден да тренира ,а нашиве не продолжуваат да вежбаат и да го усовршуваат своето пеење,не знам дали се работи за неамбициозност ,односно кога ќе удрат во плафонот веќе немаат желба за развивање или што ама гладав еден клип на youtube од новогодишната програма и очајни беа нашите ни поп пејачи ,па дури и текстовите не ги знаеа на песните кои требаа да ги пејат,крајно неодговорно и несериозно ако се знае дека репутацијата се гради со секој твој настап ,каква репутација ќе створиш толку и ќе те вреднуваат
И уште нешто македонската публика сака поп музика ,толку честото доаѓање на балканските поп пејачи покажува дека овде како нигде на Балканот поп музиката има примат ,Србија турбофолкот е доминантен ,Бугарија и Босна исто така ,Хрватите исто така ,пред два дена Порин награда за хит на годината доби типична турбофолк мелодија или цајка како што тие велат ,па еве ги два дена сите прават колумни во врска со тоа по сите нивни весници означувајќи дека поп музиката веќе изумрела