- Член од
- 8 октомври 2009
- Мислења
- 39
- Поени од реакции
- 10
На тие што чувствуваат природна диспозиција да се занимаваат со филозофија, најсрдечно би им препорачал да се запишат на факултет, и таму систематски и посветено да ја проучуваат истата, бидејки тоа е единствениот начин да се стекнат со вистинско знаење. Во спротивно, ќе можете да се наречете филозофи исто онолку колку што можете да се наречете архитекти и машински инжињери. Впрочем, зарем мислите дека некој би се осмелил да ви сугерира дека можете да станате експерт во некоја област без соодветно факултетско образование?!
Култот кон пишаниот збор воопшто не треба да се потценува, оти покрај сите останати придобивки, повеќекратно го зголемува капацитетот на умствениот хард диск на човекот. Замисли колку посиромашен ќе беше човекиот дух ако Шексир одлучеше наместо Хамлет да го пренесе на парче хартија, секојпат одново да го рецитираше.
