- Член од
- 16 февруари 2007
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 8.235
Без дисквалификации.Победата во оваа дискусија јас ја имам од самото отварање на темата а не на докажувањето со човек ко тебе - зошто? Многу едноставно - ти упорно тврдиш дека мрзата е нешто сосема различно додека правото објаснување на зборот мрзата е да не ти се прави некоја работа во даден момент, а која треба да ја направиш.
Ништо не е апсолутно во овој свет исто така и мрзата и работливоста...
Жити се или си глуп или само се инаетиш.... а сега продолжи со твоите цинични тврдења додека јас мрзливо ќе се испружам на кревет, баи
И глупоста е релативен поим, како и конципирањето на сите појави кои човекот ги симплифицирал во фонетски кованки, за потоа да ги толкува "еволутивно" - како тебе, или на некој друг начин.
Еве да го земеме дарвинизмот за точен и да поедноставиме малку. Ако дефиницијава за мрза е таа, а мајмунот е наш предок, тогаш за да тој се прехрани, требало да чека дрвото да роди плодови или да мигрира константно за да најде храна. Ете не му се чекало колку и да природата предодредила, па ги земал работите во свои раце. Сам садел и одгледувал овошје, правел копја и секири за да сече дрва и да лови диви свињи, со тек на време развил сточарство и земјоделие, научил да ја наводнува земјата, се удомил, станал моногамен, фамилијарен човек, ја открил Америка, утепал 6 милиони евреи за 2-3 години, го снимил Avatar у 3D. Заебан мајмун.
Поентата на прогресот на човекот лежи во неговиот капацитет да ги механизира и поедноставува веќе совладаните проблеми. За да може да напредува технологијата, потребно е добрата кои веќе се бренд да се конвенционализираат и да се пуштат во оптек, за да се остави простор поуките од таквите изуми да се искористат за нови подвизи, а и да бидат доволно профитабилни. Миксери, правосмукалки, мобилки....тоа не се работи кои го прават човекот повеќе мрзлив, туку повеќе хедонист. Мене тоа ми смета. Лажниот хедонизам и лажната благосостојба од кои пати денешниот поредок и пред кои е слеп и игнорантен.
Јас, о рандом члену, требаше да полагам економија. Ама неможам бре да ти опишам колку не ми се учеше. Па правник сум ебаго, кур ме боли мене за економија.
Фатив инсталирав на компјутерот една игра, Capitalism се викаше и ја играв добри два дена. Положив со 8-ка. А ете не го правев тоа што требаше у моментот.
И тоа мрза ли е?