Од Хрватска ќе купуваме и фински оклопни транспортери?!

  • Креатор на темата Креатор на темата .:makedonec:.
  • Време на започнување Време на започнување
M

.:makedonec:.

Гостин
Од Хрватска ќе купуваме и фински оклопни транспортери?!

Хрватскиот дневен весник "Слободна Далмација" тврди дека за околу 500 вработени во компанијата која ќе ги произведува оклопните транспортери е обезбедена работа за следните пет години, со оглед на тоа дека ќе следува извоз за трети земји од кои Македонија е најсериозен кандидат, бидејќи веќе најавила дека е заинтересирана за набавка. Во Министерството за одбрана не се запознаени со набавката

Македонската армија од хрватската компанија "Специјални возила дд", од Славонски Брод ќе набави фински оклопни транспортери за кои нашата држава одамна пројавила интерес, пишува Хрватскиот дневен весник "Слободна Далмација". Во текстот со наслов "Македонците, фински оклопни транспортери ќе купуваат во Хрватска" во викенд изданието, весникот пишува дека транспортерите кои би требало да ги добие АРМ треба да бидат дополнување на набавката за Хрватската армија. Весникот тврди дека за околу 500 вработени во компанијата, која ќе ги произведува оклопните транспортери, е обезбедена работа за следните пет години со оглед на тоа дека ќе следува извоз за трети земји од кои Македонија е најсериозен кандидат бидејќи веќе најавила дека е заинтересирана за набавка. Претходно, во октомври минатата година бил склучен договор меѓу хрватската "Специјални возила дд" и финската компанија "Патрија" за набавка на 84 оклопни транспортери, а дополнително ќе бидат набавени уште 42. За оваа набавка, весникот тврди дека е најголема во историјата на оружените сили на Хрватска, вредна околу 115 милиони евра.Во Хрватска, од Финска пристигнале и два оклопни транспортери кои ќе служат како прототип по кој ќе тече производството.

Во Министерството за одбрана велат дека не се запознаени, прв пат слушаат за ваква набавка и не знаат во чиј мандат бил остварен контактот. Ни рекоа дека во согласност со Законот за слободен пристап за информации ќе добиеме одговор во следните 30 дена.
Инаку, ова е втор случај во кој Македонија набавува воена опрема од Хрватска, за кој е запознаена јавноста. Претходно се утврди дека за време на конфликтот во 2001 година, Македонија од Хрватска купила стари ракети, а ги платила како нови. Загрепското Жупаниско јавно обвинителство поведе истрага против тогашниот помошник-министер за одбрана на Хрватска и директорот на компанијата која ги произвела ракетите. Тие на АРМ, како нови и продале 5000 стари ракети, претходно бојосани и со сменети сериски броеви.

http://www.vecer.mk/WBStorage/Articles/E22E1A10DFC39449AA94EB3EB7595606.jpg

--- надополнето ---

Дали некој е запознаен нешто повеќе за ова оти случајно го прочитав у весник вечер на интернет,... што оклопни возила се тие колку ќе бидат на број колку пари итн.....:icon_bigg
 
Дали некој е запознаен нешто повеќе за ова оти случајно го прочитав у весник вечер на интернет,... што оклопни возила се тие колку ќе бидат на број колку пари итн.....:icon_bigg

Хрватите имаат вакви само со потекло од Финска Patria AMV
За други информации некој покомпетентен.
 
Дап,се работи за Патрии :)

Аууууу богами моќни машини се ..... можеби и по софистицирани од БТР-ите

Тежи од 16 до 27 тони (во зависност од наоружувањето, оклопот и посадата најверојатно ) ...

Еве кој држави ги поседуваат,.... излеа возилава ги имаме одамна добиено ...
http://upload.wikimedia.org/wikiped...a.png/800px-World_operators_of_AMV_Patria.png
 
Добиено- НЕ, ама договорени- ДА :) :) Ехеее кога ќе стигнат,сликање,медиуми... знаеш како иде тоа кај нас :)
 
Добиено- НЕ, ама договорени- ДА :) :) Ехеее кога ќе стигнат,сликање,медиуми... знаеш како иде тоа кај нас :)

Хахахахахха да и ај што ќе се сликаат ама па тоа ќе и биде и аргумент како ја обновувале војската тие што ќе бидат на власт во моментот и ете ти дополнителни сликања и репортажи .... нека стигнат прво во секој случај па ќе видиме после :vozbud:

--- надополнето ---

http://youtu.be/TSzCuVtk5CQ

Eve edno video !
 
Поглуп транспортер од Патријата , нема!!!

Дизајн никаков, страничниот дел му е од агол од речиси 90 степени шо го прави ранлив дури и од зоља, еве една слика и погодете зошто е мрежата.

Rosomak_M1_with_RPGNet_in_Afghanistan.jpg
 
Не ги поштуем многу србите, али за ова му симнувам капа. (боље нешто од ова не сум видел)
 
А има некој оклопен транспортер кој не е ранлив на зоља? Постои некаде по светот таква чудесија?
Под зоља ваљда мислиш на..........

од ова подобро нема Рускаја машина не за џабе има Саудиска Арабија едно 1000 оклопни транспортер во својата формација

Мртовечки сандак...само што повеќе троши од дрвен...
images

Не ги поштуем многу србите, али за ова му симнувам капа. (боље нешто од ова не сум видел)

Нитни...:pos2:
Мистериите на заварувањето сеуште неразјаснети во србија...
 
Toecutter = дежурен трол на кајгана

Што си го пикаш носот у теми за кои појма немаш?
 
Toecutter = дежурен трол на кајгана

Што си го пикаш носот у теми за кои појма немаш?

Прашањето беше јасно и едноставно дури и за оние кои паметта не им е најголем адут да можат да го сфатат...

А има некој оклопен транспортер кој не е ранлив на зоља? Постои некаде по светот таква чудесија?

А за иснесените тврдења...

Поглуп транспортер од Патријата , нема!!!

Дали тоа значи дека М-113 на пример е попаметен од глупата Патрија?
Транспортерите се делат на глупи и паметни?
На пример му викаш на Патријата “еј колку е квадратен корен од 9?“

Туку во право си, моја грешка шо постирав...:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom