Дали одите на шопинг во Солун?

  • Креатор на темата Креатор на темата DANTE
  • Време на започнување Време на започнување

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
Локација
Аеродром
Здраво, ме интересира дали има членови кој одат на шопинг во Солун? Јас планирам наредната недела да одам ама сакав да прашам дали некој знае да не има некој попусти сега или да бил во скоро време па да ми каже дали има добра гардероба, треба да си купувам за матура по нешто :) Поздрав
 
Да, одам.
Ама задолжително пред граница вадам секакви ознаки кои даваат до знаење дека доаѓам од Македонија.
Знаеш, за да не се испровоцираат грците. А јас не сум првокатор.
 
па кај нас се поголеми цигани оти продаваат брендови а ги носат од кина и турција - шкарт роба, зашто да дадам 100 евра за шкарт патики кога во космос ќе си купам оригинал патики за 30 евра поевтино...
 
Да трошам пари во грчка? Па треба да сум луд! Ќе ми ишкртаат кола, ќе мислат дека сум циган само префриганите останаа да го посетуваат Солун. Ова не значи дека сум 100% патриот ама кога политичката блокада стана толку силна од нивна страна грев е да ги посетувам.
 
да, секако се оригинал, само те чекаат тебе да ти ги продадат...можеби и метла ќе ти дадат попат..
 
па долго време користам производи т.е. гардероба од грција, искрено да збориме, квалитетна е и задоволен сум, купи еден другар патики од наик од гтц за 2 недели му се одлепиа од напред..
 
Па и не се нешто поевтини патиките у Космос.
 
па долго време користам производи т.е. гардероба од грција, искрено да збориме, квалитетна е и задоволен сум, купи еден другар патики од наик од гтц за 2 недели му се одлепиа од напред..

и тоа беше причината да отидеш у грчка и да изнакупуваш се.. а да те прашам шо ако ти се деси истото со патики купени од таму? следно каде? бугарија ?

на темава.. НЕ неодам на шопинг у грчка и никад не би одел !!! а богами и толкави пари на патики никад не би дал. гледам многу модерни има тука низ форумов па се брендови и марки носат. еве ја јавно кажувам ни солун ни теранова ни најк ни никакви глупоси.. златна шутка за 1000че патики тип топ има да ги изнаносам 5 6 месеца СИГУРНО ! а ид а ми се одлепат лепење ми е 30 денара.
 
Бев минатиот месец во грција, да видам што и како..... и треба да си или жена или педер за да си најдеш добро парче облека, а и скапо у п. м.

Башка тој глупакот на граница, вика кај ќе идете (на чкартен англиски), викам на шопинг во СОЛУН! И се збуни малце..... шупаци.

И цел Солун НЕМА PEPSI!!!
 
У живот не сум бил, нити сум помислил да идам таму... Не (само) ради фактот дека Грција и дека нив ќе им правам профит, туку едноставно ми е бизарна таа идеја - „ќе идам до Солун за да купам облека... Тука не била толку квалитетна и поскапа била од таму...“ Се слушаш ли ти дете што збориш?
 
Имам одено, и имам намера пак да одам. Само не по алишта, ме интересираат други работи. А тоа што го има во Ikea и во Jumbo, тешко дека го има некаде низ Македонијава.
 
Убаво да си поминете и попат купете си совест... сигурно е поефтина таму и со поголем квалитет, за да ја носите барем година дена. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom