- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.184
- Поени од реакции
- 1.354
Нови критики за алијансата
НАТО измислува секакви изговори за да не ни помогне. Тие не можат да бомбардираат поради лоши временски услови, а Гадафи може, обвинуваат бунтовниците
Бунтовниците повторно се пожалија на недоволното залагање на НАТО во Либија, обвинувајќи ја Алијансата оти измислува секакви изговори за да не им помогне. Бунтовниците претходно го критикуваа НАТО зашто не реагирал доволно брзо за да ги заштити цивилите.
Силите на либискиот лидер Моамер Гадафи вчера продолжија да ги гранатираат Аџдабија и Мисрата.
Армијата ги гранатираше бунтовниците во Аџдабија на далечина од 40-50 километри од градот. Шамисидин Абдулмола, портпарол на бунтовниците, за Си-ен-ен изјави оти лојалистите на Гадафи немаат проблеми со временските услови и продолжуваат да бомбардираат, алудирајќи на непотврдените извештаи оти воздушните напади на НАТО биле запрени во областа поради неповолни временски услови.
- Понекогаш помислуваме оти НАТО дава секакви изговори за да не ги изврши своите должности - обвини Абдулмола.
Алијансата одби да ги коментира извештаите за привремен прекин на воздушните напади, туку само соопшти оти нејзините авиони во саботата извеле 142 прелети и 42 бомбардирања.
Во Мисрата, бунтовниците соопштија оти силите на Гадафи убиле најмалку 17 нивни соборци, јави Ројтерс.
- Убедени сме дека може целосно да го ослободиме градот и да ги спасиме цивилите, кои се цел на лудилото на одредите на смртта на Гадафи. Потребна ни е помош од Алијансата, но не разбираме какви се нејзините планови - нагласи Абдулмола.
Тој посочи еден пример, кога бунтовниците ги натерале лојалистите на Гадафи да се повлечат во фабрика за чевли, од каде што ги бомбардирале станбените населби во градот. НАТО одбило да ја бомбардира фабриката, нагласувајќи оти станува збор за цивилен објект. На крајот, бунтовниците ги истерале лојалистите од фабриката, а тие на заминување ја запалиле.
Хјуман рајтс воч вчера упати лавини обвиненија против Гадафи дека користи касетни бомби во Мисрата, што Триполи веднаш ги демантираше.
Во меѓувреме, британскиот премиер Дејвид Камерон ги повтори уверувањата на Западот дека нема намера да испраќа копнени сили во Либија.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41911853339&id=11&setIzdanie=22261