- Член од
- 1 мај 2009
- Мислења
- 204
- Поени од реакции
- 52
Апелирав до еден член на форумов и останав извисен од одговор. Нека биде така речено за да симнам едно камче од гради оти малку ме погоди неажурноста или незаинтересираноста. Можеби грешам- секој си има обврски, но барем нека биде доследен со одговор оној на кого сум се обратил. Продолжувам на главното јадење 
Подфорумот “историја“ е извонреден извор на нужни информации за Македонија и нашиот народ, но за жал ова останува резервирано за тие што го посетуваат форумот и што знаат да читаат македонски. Дека треба да се изложи сево ова на видно место достапно до сите и преведено на што е можно повеќе јазици, треба да се ангажираме сите по малку за да биде сторено. Има многу луѓе низ светот што го проучуваат балканот или ја проучуваат македонија и македонците. Овие научници и истражувачи се лишени од првокласни, веродостојни информации за Македонија. Залутани по интернетот луѓето наидуваат на кобожем македонски страници со пропаганда во засега. И после да не не чуди зошто некој тукутака го отпишува македонскиот идентитет. Можам да ви гарантирам оти сум во таква средина, за луѓе кои вршат истражувања за Македонија за да достават информации до политичари, државни и научни институции и слично. Нивните толкувања не го одразуваат тоа што е скриено на форумов.
Затоа, иако не се знаме, нека се јават доброволци да се координираме и да спровдеме една акција за срочување на македонската етнологија од сите домашни и странски извори. Нема потреба премногу да се концентрираме на антиката затоа што има за тоа доволно информации на страната historyofmacedonia.org каде се потцртуваат разликите помеѓу грците и македонците, но ако некој смета дека таму има пропуст или отсуство на важна информација, нека биде тоа вклучено во истражувањето. Предлагам да се почне од новата ера до среден век до турска империја до 19ти век до денес.
Нема многу работа туку само добро координирање. Тој што објавувал информации за среден век си го памти сработеното...треба само да ја најде темата и да направи копи/пејст на најважните текстови/цитати.
Кај мене во приватна порака по еден или двајца доброволци за:
нова ера
среден век
османлиска империја
период на ВМРО
втора светска војна до денес
После се тоа јас ќе го преведам највнимателно што можам и ќе го објавам на блог кој потоа ќе биде распространуван нашироко и надалеку, да биде пополнета таа празнина од информации.
Заради јасни причини, учество можат да заземат само проверени членови на подфорумот.