ЕБЕНИ ЛИЦЕМЕРИ!!!
Нека му е лесна земја...
Страшно.. Уште пострашно е што еден живот е изгубен (колку само сум лут што морам вака да кажам) ЗАЛУДНО. Никој ништо нема да научи од ова. Веќе од утре ќе се јават сдсм-ОВЦИВЕ и ќе бараат оставки од цела влада (демек морални), па вмро-ОВЦИВЕ веднаш ќе вратат дека е крива опозицијата и дека ова е нивно сценарио, па тогаш од небо ќе се симне нашиот Месија - Брат Љубе Слаткаристика и ќе ни кажува рецепти за патриотизам... Следно, ќе се јават катаљон (не)невладини и (не)опозициони организации со критики (само) кон опонентите, притоа приложувајќи решенија кои се сведуваат на серење пола саат-саат у некоја полупразна училница (нормално, за солидна сума испрани денари), додека во меѓувреме, по форуми, "нашиве патриоти" и "нивните патриоти" ќе го поврзуваат настанот со шамари испиени во детство, со 2001-ва, со калиња и слично, па ќе фрчат секакви меѓусебни обвинувања и умоболни закани, за на крај сложно да си закажат термин за решавање на проблемот на цивилизиран начин (со тенкови, зољи, кашикари итн.).. А ние, демек разумните, ќе посереме некоја патетика у стилот "Лесна му земја" и ќе се согласиме дека насилниците биле ѕверови и треба да ги обесиме, а никој нема да ја спомне причината - трулото општество, сиромаштијата, родителите кои трчаат по кариери (а во слободно време работат за партија), студентите/младината што мудро си молчи иако е во безизлез... Така неколку часа додека не дојде време за искачање, пошо нели петок е, ден за журка и за плескање со којтидојде, а утре, муабети за најновите вести од Големиот Брат, Идол, Боки-13 шоу и други едукативни емисии...
Пс. Некогаш мислам дека болните луѓе ги затвораат во места како Бардовци за да ги заштитат од вистинските психопати кои шетаат на слобода.