Убиен ученик во тепачка во средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Жално.. колку време треба да пројде да се свесне младинава за нејзините постапки.. Мора да се направат работни групи каде што ќе ги едуцираат уште од прво одд. дека не е убаво да се носи оружје со себе и тоа да им се повторуе нонстоп неколку години за да им влезе у глава. Лоша навика е ова, ќе видат дека има негде проблеми и одма пиштолите, ножевите и боксирачите. Ајт нека се носа у курац. Ќе дојде време кога ќе излагам од дома со себе да носим и панцир за во случај ако некого погледнем накриво да не завршим негде у друга димензија :/ Исто така прошла година мислам дека умре Албанец во меѓусебна тепачка. Му беше забиен нож у бут кај што му била погодена некоја артерија.

Инаку уште една смрт во Тетово
 
@The Funny Guy



Сакав само да посочам на случаов, а дека има такви, има. Најдобар другар ми е Албанец, а прво секогаш сум ја оставил неговата религија и националност на страна, па после сум ги гледал вредностите на човекот. Секогаш знаеме само да обвиниме безпотреба и да пцуеме по националност, вера, а уствари ги има и секакви од двете страни.
 
Многу лоша ствар е ова лесна му земја на починатинатиот.
Не можам да замислам колку болни умови има меѓу нас што се во состојба да убиваат невини деца крвнички.
Пред околу месец дена од непосредна близина гледав брутално тепање 1 vs 10 со шишиња и све околу кое траеше 20 минути.Буквално незамислива ситуација шо ја нема ни на филм и коа дојдоја полицијата го фатија тепаниот како и секогаш.
 
Албанчето го даде животот и скокна за да му помогне на Македонецот кој беше нападнат од Македонци. Самите преиспитајте се, дали наш ќе скокне за Албанец??? Сфатете дека ние сме ѓубрињата.


Да,зашо сум ѓубре ми ебаа матер брачата од ЕМУЦ у 50ка.
Зашо сум ѓубре лежев у болница.
Дај не дупи.
 
Брат, прочитај го постот кој го напишав после тоа за да ти се разјасни. Поентата ми беше премногу ја префрламе вината на други. Има секакви, ама и од двете страни, и од Македонците и од Албанците.
 
Жално...

Нека му е лесна земјата на починатиот,и сочуство до неговата фамилија.

А тој што се наоѓа во болница што побрзо да оздрави.
 
Да,зашо сум ѓубре ми ебаа матер брачата од ЕМУЦ у 50ка.
Зашо сум ѓубре лежев у болница.
Дај не дупи.

Остај вие од ЕМУЦ, АСУЦ, МАСУЦ, без разлика на националноста, важите за тепачини, (ова е генерализација), ама познато е во јавноста дека таму нема некој ред...
 
Само не ми е јасно,што правеле другите дечки во школскиот двор??? гледале сеир :tapp:
 
Нека почива во мир починатиот, какви болни умови има во државава, тоа е неверојатно дури.
 
Бог да го прости.
 
@Lbaneso напиша:
Убиен е средношколец во училишен двор. Со метална шипка удрен е директно во глава. Го тепале двајца, засега се уште непознати за полицијата.
Крвавата тепачка се случи попладнево на самиот влез од градежното скопско училиште „Здравко Цветковски“ во населбата Карпош.
Убиен е 18-годишниот Мухамед Али Јашари од Кондово, излегол да ја спречи тепачката во која цел на насилниците бил неговиот соученик 17-годишниот Дарко, кој пак од удар со бекатон плочка лежел во бессознание на плочникот пред влезната врата од зградата, силните удари со металните шипки во главата за Мухамед биле смртоносни.
Реагирало и обезбедувањето на училиштето но попусто. Лекарите успеале да ги санираат повредите кај 17-годишниот средношколец.
Полицијата пладнево вршеше увид во градежното училиште, металните шипки со кои бил убиен Мухамед не ги најдоа во дворот.
Со полициска трака беше одбележано местото каде се случило крвавото убиство. Додека траеше распитот во „Здравко Цветковски“, директорката на училиштето вешто ги избегна новинарите, брзаше на прес конференција во Град Скопје, кај министерот за образование Никола Тодоров и градоначалникот Коце Трајановски.
Но таму, ниту одговорност ниту одговори за новинарите.
Не е прв пат ученици да се пресметуваат со ножеви, метални шипки и камења. Се почесто баналните расправии меѓу учениците завршуваат со пукнати глави и слепоочници или избодени со ножови.
Денеска Мухамед само сакаше да му помогне на својот другар. Неодговорноста на општеството ја плати со живот.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=136515

Еве ви. Дете од албанска националност загинало бранејќи го својот македонски другар. Затоа пред да почнете со напади на национална база, прво добро осигурајте се дали вие сте тие што подгреваат етничка тензија таму кај што не и е место. За греота детево. Дали училиштава имаат воопшто обезбедување?
 
Ученици што одат во училиште треба да решаваат спорови на вербален начин, а не вака со шипки и даски. Зошто се оди на училиште

Пројде тоа време другар. Многу е покритично сега.
 
Еве ви. Дете од албанска националност загинало бранејќи го својот македонски другар. Затоа пред да почнете со напади на национална база, прво добро осигурајте се дали вие сте тие што подгреваат етничка тензија таму кај што не и е место. За греота детево. Дали училиштава имаат воопшто обезбедување?

Ова се случило еднаш дете албанец да брани по Македонец. И ние не ја подгреваме етничката тензија, небива ние ги предизвикуваме, еве членот погоре и самиот бил тепан без никаква причина од албанци, ние сме криви? Они не секогаш ама скоро секогаш се предизвикувачите на тепачките. Работата е што никој не смее тоа да го рече јавно, а пак ни на форум.
 
Дали училиштава имаат воопшто обезбедување?

Обезбедување... Зашто ВИП личностите,како обезбедување земаат поранешни/моментални припадници на војска/спец единици? е тоа е обезбедување...

А овие дечкиве,со еднонеделен курс мислат обезбедување станале... ајде ти се молам :)
 
Нека му е лесна земјата..навистина жално!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom