Има одговор како нема.
Ако се вработат по ,,квалитет,, кој ќе го процени квалитетот , пак мнозинството , па нормално дека тој ќе го пушти својот , не ми зборувајте за квалитет жити све , сеуште има македонци кои се вработени со средно во бившите системи , додека албанците кои завршиле факултети се невработени. Секогаш македонецот имал предност , албанецот не можел да се вработи во фабрика иако живеел во град, но селанецот македонец од некое планинско село дошол и се вработил, албанецот у град требало да живее од земјоделство.
Пред војната и првите години после , си требал да бидеш ептен јак за да завршиш факултет , крвта ќе ти ја исцицале, доволно ти било еден нацистички професор да науми да те уништи , но затоа денеска има десетина лица што ги знам , магистрираат низ европа и америка, и доста студенти кои денеска завршуваат во Скопје и кажуваат за националистички однос на некои професори, па и верска дискриминација, но напоменуваат дека најголемиот дел е променет и се сосема коректни, што е за поздрав , исто така и во Тетово има македонци кои студираат , и тие имаат пофални зборови за професорите албанци.
Зошто да нема албанецот квалитет , да не е ретардиран , остај таму мерење квалитет , дај ми ти мене 25% , држи ги твоите 60% , зошто сакаш да бидеш позастапен од останатите, нити го сакам твоето работно место нити не ти го давам моето. Ова е гарантирано со устав , се повеќе студенти албанци има , дипломирани исто така , барем за во државна администрација, нема проблем , имаме кадар со квалитет, не сум слушнал досега да се буни некој.