- Ако Гадафи не ја испочитува резолуцијата на Меѓународната заедница, тој ќе се соочи со последици - одговорот ќе биде воена интервенција, изјави Барак Обама
А, токму тоа и се случува. Француски воени авиони веќе бомбардираат делови на Либија. Прв на мета е источниот град Бенгази, каде се водат најжестоките борби меѓу про и анти владините сили. 20 авиони Рафал, гордоста на француската авијација, се вклучени во воведната пресметка со режимот на Гадафи. Наскоро ним треба да им се приклучат и италијански и британски воени авиони.
Жестоко ќе одговориме на секаква агресија, гласеше изјавата на францускиот претседател, Никола Саркози, по средбата меѓу западните и арапските лидери во Париз, каде беше донесена финалната одлука за воена интервенција во Либија.