Луцидни соништа

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Имам едно прашање - Дали ви се случило ко еден сон да сте го сонувале повеќе пати односно го сонуваш сонот и знаеш што треба да правиш и што ќе се случи. А кога ќе станеш да сфатиш дека усфари првпат го сонуваш сонот?
Накратко, да. :D
Ама ми се има и десено да сањам ист сон двапати, само вториот пат на пола да сфатам дека е сон, и да го сменам текот.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Накратко, да. :D
Ама ми се има и десено да сањам ист сон двапати, само вториот пат на пола да сфатам дека е сон, и да го сменам текот.
мене ми е чудно тоа, да знаеш некоја приказна што никогаш не си ја имал, а ко втор пат ја доживуваш :raz:
 
Gunner4ever

Vive la France
Член од
14 ноември 2009
Мислења
663
Поени од реакции
130
Јас имав луциден сон(барем според приказниве што ги читам сигурен сум) ама кога сватив дека сонувам пробав нешто неочекувано да заспијам во сон повтрорно. Ми успеа но интересно беше тоа што во другиот сон(леле сон у сон) пак бев свсен дека сонувам. Се напнав пошто пак знам дека сонувам и си викам ај тапа е дај да се разбудам. Се будам у првиов сон и си викам лејј имав сон у сон, што ми се дешава???
Aliens ???? И се разбудив. Барав по интернет но никако неможев да дознаам како се вика тој вид на сон дури сега дознавам(по добри 5 год) !!!
 
TheKoksi

[K]oksi
Член од
7 декември 2010
Мислења
139
Поени од реакции
22
Браво за темава.
Значи мене ми треба помош околу ова. Незнам дали ќе биде точно ако го наречам луциден сон ова моево ама види шо се дешава: Сонувам и кога видам дека нешто не е нормално и не е како шо треба, веднаш сфаќам дека е сон. Ама наместо да земам да избегам од тоа и да идам да правам шо ми душа сака, ја земам фрлам се од некаде за да се разбудам оти така знам дека сигурно ќе се разбудам. Тешко ми е да земам да го контролирам сонот максимално, само се освестам дека е сон и одма сакам да се повредам за да се разбудам. За разлика од овоа, кога сонувам убави работи неможам да се свестам дека сонувам и неможам да го контролирам сонот. Само на лоши сонови ми се дешава тоа. Исто така и влажните сништа неможам да ги контролирам нити пак да се освестам дека сонувам :D
Едно време користев I-Doser дозата Lucid Dream и мислам дека од тоа се освестувам во соновите, пред I-Doserot немав луцидни сништа. За разлика од обичните ноќи без сон, кога користев Lucid Dream од I-Doser секоја ноќ сонував.
Isak Keyten.. неќе да е лошо да ги постираш тие вежбите шо ги спомна на отворањето на темава.. медитација ово оно.. фала ти.
 
Утре поручек имате доза на превод на вежбите :D
 
што е тоа I doser ?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
што е тоа I doser ?
http://www.i-doser.com/
Генерира binaural beats, кои се верува дека ефектираат директно на работата на мозокот, и можат да го “излажат“ да лачи одредени ствари - thus добивање на ефекти како опиеност, напушеност ечетера :D
Нешо као слаба дрога...
Мада ја не веруем у ова, пошо мислам дека е 10% вистина, 90% плацебо. И да сакам да успее, нема, пошо мојот став е тој, и мозокот нејке да ми прифати такви ствари :)
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Кој се погледнал у огледало при луциден сон ? :vozbud:
ја, поточно пробав да се видам ама сликата во огледало беше искривена а и полу-темно беше некако ко приквечер да е и да нема уклучена сијалица у собата :nesvest:
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
As promised, превод:

Студиите покажуваат дека, просечно, потребно е од 3 дена до максимум 3 недели за почетник да ги има своите први луцидни соништа. Се што треба е мотивација и упорност.
Контролата на сонот е всушност препознавање на сонот и здобивање на свесност за неговото постоење. Повеќето методи се фокусираат на всадување не идеа во потсвесниот ум, за спонтано да станеш свесен при нормален сон. Тоа станува навика.
Други популарни техники вклучуваат нормална тета медитација, правење "reality checks" (нема да го преведам) и подобро запомнување на обичните сонови.

Ако сте сигурни дека сакате да станете луциден сонувач, треба да се посветите на задачата. Имањето чести, моќни луцидни соништа е тука да го извежбате, но не мора да значи дека ќе биде лесно.

Еве некои основи кои можете да почнете да ги спроведете уште денеска:

-Научете се што можете за луцидни соништа
-Испланирајте си што ќе правите во вашиот прв луциден сон
-Бидете фокусирани на тоа дека сакате да имате луциден сон при заспивање
-Правете 10 reality checks секој ден
-Медитирајте при заспивање и после будење

Самата помисла и намера да имате луцидни соништа креира “искра“ во потсвеста. Студиите покажуваат дека соништата се рефлексии од твоите свесни мисли и искуства. И ако нешто навистина го сакате на свесно ниво, тоа лесно ќе се оствари во потсвесно. Па, имањето на луцидни соништа на свесен буден мозок ќе ви помогне да извежбате контрла во сонот.

Кои се најдобрите техники за индуцирање луцидни соништа?

Нема најдобри техники за индуцирање на луцидни соништа, туку требате да пробате поголем број од нив се додека не најдете кој надобро ви одговара на вас. Има повеќе типови на луцидност во соништата, тие се:

#1 - Спонтана луцидност
Овој е најчестиот тип на луцидни соништа кај почетниците. Всушност, првиот ваш луциден сон најверојатно бил од овој тип. Овој тип на луцидност настанува која наеднаш сфаќате “Јас сонувам!“ без никаква посбена причина. или бидејки сонот ви станал толку чуден што свеста се вклучила во расудувањето.
Спонтаната луцидност се потпира на среќа. Како и да е, со зголемување на самосвеста за времето кога сте будни, ќе ви помогне да го сфаќате присуството на сон полесно, и притоа, полесно ќе станувате луцидни/свесни. Преку медитација и луцидни соништа, се крева нивото на самосвест. Ова помага и да приметите дека сонувате и кога сонот е релативно нормален и го копира вистинскиот свет, бидејки можете да приметите некои посубтилни “грешки“.

#2 - Помош од “трето“ лице
Мудроста вели вака, дека ако не можете да сфатите дека сонувате луцидно, измислете личност во сонот, која ќе ви помогне. Всушност, оваа техника/метода се фокусира кон тоа вашата потсвест самата да ви помогне.
Еве како ова работи, при заспивање медитирам и се фокусирам на тоа дека ЌЕ сонувам луцидно. Заспивам и се будам накај 5 сабајле (2-3 саата пред да треба да станам) и повторно медитирам со истата намера. Одкако ќе заспијам повторно имам 2-3 саата долги REM периоди во сонот со вивидни сништа. Ова е перидото кога има најголеми шанси мојот сон да стане луциден. Таму го среќавам мојата измислена личност, и штом ќе ја видам ми се влече фактот дека тоа е сон - и наеднаш, сонот станува луциден.

#3 - Теми за сонување
Овој концепт е сличен со оно погоре. Всушност, јас повторно медитирам со истата намера - да имам луциден сон, и потоа се опуштам и замислувам што сакам да сонувам. Одкако ќе заспијам, мојата замисла/темата/приказната продолжува но во сон, каде е се по реално и јасно.

#4 - Reality checks
Oваа техника е одлична за индуцирање на првиот луциден сон. Правење на “проверки на реалноста“ го програмира мозокот да тоа прејде во навика. Познато е дека сонот ја копира реалноста, па имате големи шанси да направите проверка и додека сонувате.
Проверка на реалноста, едноставно е да пробате да направите некоја ствар која е невозможна во нормалниот свет. Пример, да ја бутнете раката низ ѕид. Кога ова ќе ви стане навика, и ќе го пробате во сон, навистина ќе успеете да ја бутнете раката низ ѕидот. Така ќе станете свесен дека сонувате. Можеби го немате тоа ниво на свесност сеуште во соновите, но како што ќе си ја подобрувате меморијата на претходните сонови, ќе сфатите дека ова е одличен начин да се стане луциден во нормален сон.

(повеќе за оваа техника подоцна)

#5 - Будно индуцирани луцидни соништа (WILDs)
Фактички, што повеќе вежбате медитациај и самосвест, полесно ќе можете да имате WILDs. Тешко дека со оваа техника ќе успеете да го имате првиот луциден сон, бидејки заразлика од техниките прикажани погоре, WILDs настануваат кога сам го префрлувате мозокот од будна состојба во заспана состојба. Иако оваа техника е тешка, сепак ги прави нај јасните/вивидните соништа.
Напросто, оваа техника работи на начиш што вие го ставате вашето тело да спие, додека вие сте потполно свесни. Овој начин, луцидните соништа настануваат буквално околу вас/вашите мисли, во 3Д простор и се премногу реални. Оваа техника е многу мешана со индуцирање на астрална проекција, и иако искуството покажува дека се слични, всушност е далеку од тоа.

-----------------------

Други помошни начини да индуцирате луцидност би биле:
- Запишување на соновник
- Мнемоничка индукција
- Индуцирање на луцидност со тајмирано будење
- Медитација
- Будење и повторно заспивање (блиско со тајмираното будење)
- Сублиминална индукција
- Суплементи (мозочна активност, витамини, етерични масла, маски за спиење..)
- Инкубација
и многу други (повеќе за нив друг пат)

Има многу техники и методи, но не мора тоа да ве заплашува. Не треба да ги правите сите. Само да ги најдете оние кои ви одговараат. Одкако ќе сфатите како да бидете луцидни и го зголемите нивото на самосвест, овие техники ќе ги замените со една ваша - која ќе ве носи во луциден сон без мака.

За денес толку, утре пак :)
 
П

Пепси_

Гостин
Не сте ми јасни сеа.....намерно правите за да сонувате и да контролирате шо сонувате.....а незнам од која причина ви е потребно тоа....кажав и во друга тема јас легнувам се вртам лево-десно додека заспијам и толку исто како мртовец сум,се додека не се разбудам утрото.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Не сте ми јасни сеа.....намерно правите за да сонувате и да контролирате шо сонувате.....а незнам од која причина ви е потребно тоа....кажав и во друга тема јас легнувам се вртам лево-десно додека заспијам и толку исто како мртовец сум,се додека не се разбудам утрото.
Пошо сакам да истражувам, сакам да бидам продуктивен додека спијам, сакам да сонувам дека летам и да правам шо сакам у сонот.
Кога спиеш, твоето тело одмара - твојот мозок не. Мозокот никогаш не одмара. (релативно, не одмара на тој начин на кој телото одмара кога спиеш)
Епа, зошто да трошам осум саата од денот за одмарање на телото и активен ум - кога можам истото да го иам и да имам продуктивни соништа?
 
мхм со други зборови сакаш да си кроиш планчиња и додека спиеш убаво убаво....само дали кога ќе се разбудиш наутро сетоа тоа го памтиш ? и еве од искуство твое дали е исто кога имаш луцидни сонови т.е. ги контролираш и размислуваш за што сакаш или кога си буден.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
мхм со други зборови сакаш да си кроиш планчиња и додека спиеш убаво убаво....само дали кога ќе се разбудиш наутро сетоа тоа го памтиш ? и еве од искуство твое дали е исто кога имаш луцидни сонови т.е. ги контролираш и размислуваш за што сакаш или кога си буден.
Прво - да.
Ги памтиш соновите, бидејки си повеќе свесен за нив. Автоматски ти се врежуваат во свеста (не потсвеста).
Башка, со 2 методи моеш да го зголемиш dream recall-от за голем процент.
а) Запишување на соништата
б) (помош на “а“) Програмирање на мозокот на одреден предмет кој го гледаш одма после будење да те потсетува да не го заборавиш сонот. Потоа го правиш а)
+ како што кажав, самата пракса ти дозволува повеќе да ги помниш соновите бидејки не се такви матни и со “дупки“ у време и простор, туку се јасни и живописни

И како е различно од дејдриминг велиш?
Епа многу е различно. Кога спиеш, не слушаш што се случува наоколу ( релативно ) очите не ти се фокусираат на триста чуда и мозокот не ти одлетува на погрешни ствари, туку си пофокусиран на сонот, него при дејдриминг.
Башка, при сонување мозкот ДИРЕКТНО и САМ ги прави тие “слики“. Ние всушност не сонуваме слики туку тоа се обични мозочни активности кои се запишуваат во делот за меморија во мозокот. При тие активности, мозокот може на некој начин сам да се излаже да лачи одредени ствари. Како ендорфин. И сите тие чуства се многу појаки/поинтензивни и пореални него кога си буден.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Дрн дрн Милојче ако не ти иде не ти иде џабе Да Силва глупости....
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Дрн дрн Милојче ако не ти иде не ти иде џабе Да Силва глупости....
Ако не ти иде, не си газда на сопствениот ум.
Па сеа размисли си убаво.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom