Луцидни соништа

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Сигурно има поминато над 5 години ако не и повеќе кога сум имал ваков сон.
Не ни знаев дека се викаат така.

Од лично искуство има и сонови каде делумно на некој начин си свесен дека тоа што се случува не е реално, ама пак не си сигурен дека сонуваш и така имаш некое недефинирано чуство. Тие ми се интересните сонови. Се сеќавам на еден таков уште кога живеев во Тетово и сонував дека ги имам спосбностите на спајдермен. Така на 4-ти во српат во нашиот стар стан, јас седам на балкон и никако да соберам храброст да скокнам и да ја пуштам својата пајажина на некоја од уличните светла (како што тоа вешто го правеше Питер Паркер) затоа што не бев сигурен дали сонувам или не. Баш се сежавам дека во самиот сон имав диела...нешто како: ако е ова сон тогаш и да паднам ќе останам жив, но ако не е сон и падна ојде јабана работава :pos:

Инаку ме интересира подетално во врска со тие техники на медитација и слично, за поефикасно дожививуње на овие луцидни сонови.

Плус у ова све се уклапа муабетот за вољата и тајната за визуализирањето на шитот што го сакаш и ти треба и муабетот за космичките сили што ќе ти ги отворат вратите до целта кога ти ќе им кажеш "Сакам."
А по убедливо "Сакам" од таков дрзок луциден сон, мислам дека нема :)
Многу од стварите што намерно сум ги уфрлал во тие луцидни сни ми се остварувале :)
И сакам да верувам дека се остварувале баш токму поради тоа :)
Можеби грешам, бидејќи стварите се релативно мали и се од материјална природа, но леснотијата со која сум стигнал до нив (затоа реков оствариле, а не остварил) ме прави цврсто да верувам во таа моќ на луцидниот сон :)
Баш последниов период уметнувам една битна стварчица, а и доста голема, со оглед дека вмешува уште еден колега Бог со цел да мојата голема Воља некако изврши влијание и го добијам она што го стварно го посакувам... Има време додека добјам шанса тоа да се случи (од објективни причини), а се додека не дојде тој период, ја си го разработувам моментот во мене.
Па, if this shit works, ондак ќе можам со 100% цврстина да те набедам дека не залудно вложуваш труд :)
Има ли посебна тема за ова на форумов? Барав но не најдов.
Нели, законот на привлекување (Абрахамовиот закон), универзален закон, тајната...многу различни имиања има, само дали има тема.
Доколку нема нека отвори некој :)
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
колку сакам вакво да доживеам....
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Еднаш во текот на војна, половина од моето тело беше отцепено... знаев дека сонував, но сакав да продолжам.
Ебате филозофијата, ебате... ќе не мрдне. :nesum:
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
колку сакам вакво да доживеам....
Не е нешто што спонтано се доживува.
Ова свесно, односно намерно се прави :)
Се прави со помош на вољата :)
Легнуваш и си кажуваш "сеа ќе сањам за тоа и тоа.." и упорно си мислиш на тоа, и коа ќе избегаш од тема, се навраќаш...
Нормално, ова нема да ти проработи од прва, али, со тек на време и со малку вложен труд, ќе биде :)
Ќе си го возиш својот сон :) (Зарем не треба така по дифолт да биде? -.-)
 
Член од
10 август 2008
Мислења
744
Поени од реакции
266
Порано ретко ми се дешаваја луцидни соној. Се сеќавам само на еден подетално. Имав жестока расправија со едно момиче и и реков: „Амор, џабе се караме, сонвам јас“. :) Или па обично ак беше нешо хорорско, знаев дек е сон и ги отварав очиве сосила.

А во последно, секој втор сон ми е луциден. Си прам душа шо ми сакат, кур ми е - двор ми е, нели. Баш ми теквит, пред пола месец, се бркав со некој нинџи од плоштадон накај семафорине кај Охридска банка. И таман да ме згазет со кола, скокнав во воздух, па тука слоу-моушн малце дур да одлучам кај да „слетам“, а да не е ногу филмски итн. :icon_lol:
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Вчера ми се деси луциден сон. Сонував дека сонувам ( inception i know ) па се разбудив од вториот сон и продужив во оригиналниот сон свесен дека сонувам ама брзо се разбудив јебига.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Не е нешто што спонтано се доживува.
Ова свесно, односно намерно се прави :)
Се прави со помош на вољата :)
Легнуваш и си кажуваш "сеа ќе сањам за тоа и тоа.." и упорно си мислиш на тоа, и коа ќе избегаш од тема, се навраќаш...
Нормално, ова нема да ти проработи од прва, али, со тек на време и со малку вложен труд, ќе биде :)
Ќе си го возиш својот сон :) (Зарем не треба така по дифолт да биде? -.-)
Може и спонтано да се деси.
Поточно, кога нешто од сонот ПРОКЛЕТО ТИ НЕМА СМИСЛА.

Не знам дали сте приметиле но додека сонувате не сфаќате дека нешто не е ОК, се дур не се разбудите. Тогаш сфаќате дека нешто не штимало, а дур сте биле во сонот се било под конец и се било возможно.

Епа тоа е фората, да си имаш во навика да проверуваш неколку пати во ден дали сонуваш. Ова не е ради да не ги измешаш вистинскиот живот и луцидниот сон, туку да ги спречи лажните будења и да индуцира свесност. Т.е. со тек на време, ако веќе ова ти е навика, има голема шанса и во сонот истото да се прашаш “Дали сонувам?“ и да направиш мал тест - само што овој пат одговорот ќе биде ДА :)
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Ептен често ми се случува, правам работи кои што не можам да ги направам во реалност и секогаш се будам со насмевка :)
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Тибетските монкови користат контрола врз сонот повеќе од 1000 години, со филозофијата наречена Dream Yoga (би било кул да го истражите и ова). Дефинитивно не е нов феномен. Како и да е, модерниот термин “луцидно сонување“ е смислено тек во 20тиот век од Дански психолог - Фредерик Ван Ееден, и означува “ментална јасност“ во соништата.
Концептот за луцидни соништа е популаризиран од Целиа Грин во 1960тите, која го покажа научниот потенцијал за свесност во соништата. Таа е првата која ги спои луцидните соништа со REM фазата и лажните будења. Првите научни докази за луцидни соништа се донесени од Британскиот парапсихолог Кеит Харне. Го направил тоа така што ги следел движењата на очите на неговиот волонтер за време на луциден сон под лабараториски услови. Но Херновото истражување не ги интригирало главните мејнстрим медии, па затоа др. Стефан ЛаБерж е оној кој станал познат поради реплицлирање на истото истражување и формално ги публицирал исходите како негови.

СЕКОЈ може да има луцидни соништа. Сите имаме соништа, исто така сите имаме капацитет да станеме свесни во нив. Годините не се фактор.

Да се има луциден сон всушност и не е толку тешко, одкако ќе го сфатите начинот и механизмот на кој еден луциден сон се поттикнува. Истражувањата покажуваат дека секој човек во текот на својот живот има барем еден таков сон поттикнат автоматски од својата потсвест. За да иамте луцидни соништа буквално кога сакате е лесно, само треба да навлезете во навиката за одкривање на фазата на сон.

Има повеќе начини на кои ова се постигнува:
медитација
визуелизација
проверки на реалноста
суплементи

Можете да вежбате еден, или сите од овие методи за време на денот и пред спиење, со цел да сонувате луцидно. Натака е работа на твојата потсвест да ја повика свеста за сонувањето. Но тоа “прогирамирање“ на потсвеста е само навика која се вежба.

Од првин, многу луѓе ги привлекува контролата врз сонот само поради ескапизмот што го нуди. Во тој виртуелен свет, можете да правите што сакате. Боље е него игрица тоа е сигурно xD
Но одкако подобро ќе ги сфатите овие ствари, и луцидното сонување ќе стане пракса, тоа може да се користи за:
кретивни решенија на проблеми
зголемување на креативноста
соочување со стравовите
зголемување на самодовербата
вежбање на нови вештини
здобивање на чуство за самосвест
и едноставно, истражување на потсвеста

Проблемите со кои можете да се соочите се релативни, бидејки зависат од вас. На пример, многу е често за почетниците да не можат да ја одржат луцидноста повеќе од неколку секунди. Целото искуство им станува толку воодушевувачко што потсвеста сама ги вади нив (читај: свеста) надвор од сонот. Па затоа, има начин на учење преку пракса, со која можете да ја задржите луцидноста/свесноста од 20-60 минути. Дури и десет минутен луциден сон може да ве расположи, така да не се разочарувајте :)

Друга фруструрачка лимитација кај почетниците е самото контролирање на сонот. Многу почетници (па и напредни “сонувачи“) не можат да го контролираат СЕКОЈ детал од сонот. Но тоа не значи дека сонот не е луциден. Ако сте свесни за сонот, но не можете да контролирате се, тоа значи дека потсвеста не ви ги “одклучува“ сите можности (у гикиш трм, потсвеста ти е админот, ти си само јузер).

Повеќе друг пат :D

преведено од http://www.world-of-lucid-dreaming.com
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Кој се погледнал у огледало при луциден сон ? :vozbud:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Единствено нешто што можам да го сместам ко луциден сон од мое искуство е така малку језив сон, кошмар да не речам, кој ми се повторува од време на време, постојано со една иста приказна - односно едни исти случувања...
Иако последен пат малку беше видоизменет ама се заснова на едно исто.
До душа, толку е реален сонот што иако си викам, нема шанси ова, сепак не можам да станам одма и да сфатам дека всушност it's just a dream.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Единствено нешто што можам да го сместам ко луциден сон од мое искуство е така малку језив сон, кошмар да не речам, кој ми се повторува од време на време, постојано со една иста приказна - односно едни исти случувања...
Иако последен пат малку беше видоизменет ама се заснова на едно исто.
До душа, толку е реален сонот што иако си викам, нема шанси ова, сепак не можам да станам одма и да сфатам дека всушност it's just a dream.
It's easy, it just takes practice.
Ја одкако ќе сфатам дека е сон, ги тестирам границите.
Некад подсвеста ме шупчи и не ми дава да праам шо сакам.

Као на пример, еднаш коа се телепортирав (најчесто тоа сакам да го праам :) (поточно блинкав(short distance teleportation)) дојдов до една врата која беше заклучена. И со супер моќ (наравно и таа си ја зададов) ја искршив на парчиња, и ко за инат имаше ѕид од цигли позади неа, па морав да се блинкнам и позади неа за да искочам надвор од зградата и да летам :)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Не знам колку мојот случај претставува луциден сон. Всушност, и не сум баш сигурен дека сум бил свесен кога сум сонувал, оти беше и поодамна. Она за што сум сигурен: сонував дека сум затворен во некое не баш пријатно место и дека никако не можам да го најдам клучот (или нешто слично) за да излезам. Сонот престана, и јас некако во полусон, незадоволен од текот на настаните „одлучив’ да го најдам клучот. Значи станува збор за сон, по кој имало кратка пауза меѓу него и јавето, односно некаква полусвесна состојба за потоа истиот да продолжи онака како што сакам јас, со позитивна завршница. Во моментов и не можам да се сетам дека сум отсонувал нешто слично, но често имам невообичаени соништа и кошмари, независно од тоа дали се луцидни или не.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Не знам колку мојот случај претставува луциден сон. Всушност, и не сум баш сигурен дека сум бил свесен кога сум сонувал, оти беше и поодамна. Она за што сум сигурен: сонував дека сум затворен во некое не баш пријатно место и дека никако не можам да го најдам клучот (или нешто слично) за да излезам. Сонот престана, и јас некако во полусон, незадоволен од текот на настаните „одлучив’ да го најдам клучот. Значи станува збор за сон, по кој имало кратка пауза меѓу него и јавето, односно некаква полусвесна состојба за потоа истиот да продолжи онака како што сакам јас, со позитивна завршница. Во моментов и не можам да се сетам дека сум отсонувал нешто слично, но често имам невообичаени соништа и кошмари, независно од тоа дали се луцидни или не.
Па не може баш да се класифицира како луциден сон, но ако бил вивиден си бил на добар пат :)
Stay tuned, утре ќе ги постирам техниките за индуцирање свесност, сеа ми се спие.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Лусидни сонови пред некое време се интересирав повеќе за нив. Кој сака повеќе да дознае има разни техники на јутјуб пишете ќе би најде.

Треба да развиете свесност односно со афирмации пред спиење .. за да може да се свестите во сонот дека тоа е сон.
Како да познаете дека сонувате
- Пробајте да видите колку е саат (ќе ви изгледаат замаглено - измешани бројките)
- Пробајте да се штипнете - ако не осеќате ништо -сонувате.
- Пробајте да го угасите-запалите светлото - светлото секогаш е исто или темно или светло.. (еднаш у сон ми грееше сонце и незнаев што да направам xD).

Кога веќе еднаш ќе се здобиеме со свесност после има две фази
-Знаеш дека сонуваш ама не контролираш ништо - можеби зошто незнаеш дека можеш (кога бев мал) и
- Контролираш се што сакаш , леташ .. супер брзина , спајдермен, вадење на мозоци.. оргии со женски (се сум пробал).
Кога ќе спознаеш дека си во сон, многу лесно може и да ти се изгуби сликата.. односно да почнеш да се будиш -
техника за враќање на сонот
- пробај да се вртиш (spinning) во место. (сум пробал навистина делува) и ќе ти се врати сликата односно сонот !
имаше уште некоја финта ама не ми текнува :\
Кога стануваш свесен за сонот - многу често се будиш .. ама пак си во сон. Тука сонот те прелажува и ја губиш контролата на сонот односно не е веќе лусиден (внимавајте на ова).

Понекогаш мислам дека и реалноста е иста како и сонот имам теорија за тоа. (ќе се обидам кратко да ви објаснам подоле)

Како многу мал првиот лусиден сон колку што се сеќавам беше како сум на некоја друга планета со многу вонземјани до мене јас бев сам и осамен, и тогаш ми текна дека тоа мора да е сон. Тогаш не се разбирав во сонови ваљда накај 8, 9 години сум имал. И во сонот незнаев што да правам ми беше страв иако вонземјаните беа пријтелски расположени. Му реков на тој како поглавар што беше со плачење дека сакам да се разбудам а неможам! И тие ми рекоа дека имале машина за будење. Ме ставија во еден круг ми дадоа една месечинка во раката .. и бамп се разбудив. Ама тоа беше лажно будење јас бев во мојот кревет и соба ама во сон. Станав ја оставив месечинката крај телевизорот и следниот ден се УБИВ ОД БАРАЊЕ!

Заклучок - незнаев дека можам да контролирам и ништо неможев да направам за мене тоа беше тогаш реалноста.

после многу многу години а тоа е пред некоја година. Почнав да се интересирам за таквите сонови, читав, гледав видеа итн. И имав еден многу интересен сон.
(накратко зошо.. ќе испадне енормен постов)
Одам накај битпазар одкај чаир - атмосферата е .. како во пустинине у каубојсконо време.. дува ветер, пече сонце, прашина, такви грмушки исушени се тркалаат.. (многу реална слика) одам пешки и влегувам по пат во едно како продавница ама како во ирак да се наоѓам. Албанци седнати на земја се расфрлено и продаваат нешо (си ова ли се хасап стандарди) и јас се чудам што барам тука. После сретнав една типка што ја немав видено 3 години.. и пак продолжив. Имаше едни деца мали што замараа и ми скурчија ги зашамарав нешо .. и после тоа ми викнаа едни тројца .. со базуки на нивното рамо и сите насочени накај мене. Типовите почнаа да ме пукаат со ракети.. и јас од страв почнав да бегам. Моментално сфаќам дека тоа е сон. И вака си размислувам чекај.. ова е мој сон што сакам ќе праам! и почнувам како спајдермен да се пентарам да се кријам во една зграда. тие пак пукаат и одат накај мене и јас истото си го повторив и си викам зошто да бегам. Го кршам ѕидот од зградата и со супер брзина одам докај нив и на едниот му го вадам мозокот, сакав и на вториот ама ме фати жал и ги оставив. После си направив како сум на журка со женски и како уживам.

Заклучок - кога знаеш дека можеш и сигурен си во тоа тоа и ќе се деси. Ако во сон се сомневаш дали ќе можеш да летнеш.. нема да полеташ (и ова ми се десило)

Ова го поврзувам со реалноста. Ние уште од мали ни се наметнвуаат ограничувања и се уште незнаеме што можеме да правиме. Односно мислам дека се можеме, ако знаеш односно веруваш дека можеш. Ова е исто како матрикс .. кога нео скокаше од зграда на зграда, и сите други работи. За да можеше да ги направи прво требаше да поверува.

Од каде оваа идеа ?
работам со "законот на привлекување" (the law of attraction) година ипол. Визуелизирам верувам, знам дека можам, и ми се случија и ми се остварија многу чудни работи (снемување на диоптер, цилиндер, добивање на пари, и многу други замисли).

Што да се прави со лусидните сонови?
Уживајте. Кога имаш "realnost" (sonot e realnost dodeka trae) Во која вие сте господ (иако и вака сте:) ) за еден креативен ум тоа е се што е потребно.
Работи јас што сум ги пробал.
-Уживам во пејсажи во сон. како што можам јас да визуелизирам пејсаж нигде во реалноста не сум видел. Тоа е едно прекрасно чувство.
-Проучувајте се самите себеси
Секогаш, ама баш секогаш кога сум во сон, го прашувам тој што е најблиску до мене дали знае дека и тој сонува односно ДАЛИ ќе се сеќава кога ќе се разбудиме. Чудна навика ама одма после тоа ми текнува дека усфари тоа не е можно и дека ТОЈ е усфари ЈАС , односно моја проекција. И тука почнувам да правам психоанализа на себеси. Поставувам прашања. Посматрам постапки.. итн. Исто така имам навика да почнам да забележувам детали односно да видам што е разликата помеѓу сонот и реалноста. Почнувам да гледам одблиску, еднаш ми текна да фатам кој ми беше најблиску и да му ги видам зениците. после да ги гледам облаците.. и тогаш нема никаква разлика! Но кога ќе се разбудиш тогаш сеќавањето избледува и неможеш да ја вратиш убаво сликата. Затоа мислам дека сонот претежно постои само во минатото зошто додека сме во него имаме мала свест.

Имам едно прашање - Дали ви се случило ко еден сон да сте го сонувале повеќе пати односно го сонуваш сонот и знаеш што треба да правиш и што ќе се случи. А кога ќе станеш да сфатиш дека усфари првпат го сонуваш сонот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom