statusQuO
Модератор
- Член од
- 18 јуни 2008
- Мислења
- 13.038
- Поени од реакции
- 7.617
Прво, малце факти и објаснувања подпомогнати од википедија и други сајтови за да полесно да се искажат некои работи.
Луцидно сонување, просто кажано, е можноста да се сонуваат соништа кои се јасни/чисти и сте свесни дека сонувате. Поради зголеменото ниво на свест, вие всушност можете да си го контролирате текот на сонот и се во него. Тие се научно истражувани, и нивното постоење е докажано (затоа за разлика од темата за астрална проекција, оваа не е во Мистерии).
Замислете да се “разбудите“ во сонот со моќта да правите што сакате, сретнете кого сакате, идете каде сакате...сето тоа во живописни и јасни детали каде сите пет сетила се активни. Замислете како би било додека спиете да летате над планини осеќајки го сонцето на вашата кожа и ветрот низ вашата коса. Сите тие неверојатни искуства можете да ги доживеете во вашите соништа.
Секој има капацитет да научи како да има луцидни соништа. Само треба мотивација и вежби. Со повеќе вежбање и квалитетна медитација (да, свесноиндуцираните луцидни соништа се постигнуваат со медитација; подоле) можете да се здобиете со поголемо ниво на свест правејки ги вашите сониште се по јасни и со поголема контрола.
Сум искусил и ја неколку вакви соништа, и тоа всушност ме натера да истражувам повеќе за нив.
Подетално, луцидноста е друг тип на висока свесност за време на сонот - каде сфаќате дека сонувате. Всушност, голема препрека е да останете во сонот одкако ќе се здобиете со свесноста. Мозокот автоматски сака да се изгаси од сонот. Со тренинг и медитација, со ова е лесно да се справите. Во нормалните соништа, твојата свест (self-awareness) е значително намалена; затоа соништата најчесто се чинат далеку и измешани и не доволно чисти.
Ова е безбедна и природна состојба. Исто така не е астрална проекција, но е релативно блиску (покрај фактот што и да биде доволно блиску за да се нарече така, сепак е само трунка од нашата имагинација за разлика од “вистинското“ нешто, кое не верувам дека постои).
Точно, луцидните соништа се ескапизам, но не лош вид, туку напротив подобар. Некои ги користат луцидните соништа за да се замислуваат дека се Џек Бауер, некои за да летаат над високи планини, некои за да ја истражуваат вселената, некои дури за да имаат секс со перфектно измислен перфектен партнер... Луцидните соништа се како филм на кои сами го измислувате текот.
Тие ја откриваат моќта на твојот мозок. Освен што добивате свесност додека сонувате, станувате и посвесен за своите мисли. Сфаќате дека ВИЕ сте газда на сопствениот мозок и сопствените состојби. Сфаќате дека болката не е ништо повеќе свесност на мозокот и дека депресијата всушност не се лекува со апчиња - туку вие ја контролирате. Добивате директна врска со вашата потсвест и станувате по свесни за вашите ставови.
Луцидноста е како да сте зеле апче за креативност. Всушност баш она што мене ме влече за да го истражувам. Јас сакам овие соништа да ги користам продуктивно. Дали е тоа можно, се уште не знам Но ми изгледа изводливо. Замислете да во сонот кој вие го контролирате, да си седите на полјана која е толку голема што го допира бескрајот, размислувајки за вашиот ден, како сте го поминале и што ќе правите утре. Да смислувате уметнички дела, пишувате поезија, вежбате карате (hey, why the hell not ). Може ќе го измислите и перпетум мобилето на Војо, who knows!
Не верувам дека не постои некој филозоф кој не би сакал да го истражува ова ниво на свесност - поради барем МИЛИОН причини. Медитацијата е како втор чекор на овој тип на сонување - овој е првиот/полесниот.
Засега толку, ќе пишам друг пат и повеќе (како да индуцирате луциден сон, и начини за како да си го олесните пристапот до луциден сон).
Keep it cool, keep it real, dream it lucid.
Луцидно сонување, просто кажано, е можноста да се сонуваат соништа кои се јасни/чисти и сте свесни дека сонувате. Поради зголеменото ниво на свест, вие всушност можете да си го контролирате текот на сонот и се во него. Тие се научно истражувани, и нивното постоење е докажано (затоа за разлика од темата за астрална проекција, оваа не е во Мистерии).
Секој од вас има искусено барем еден ваков луциден сон во својот живот, без разлика дали сте успеале, одкако сте ја добиле свесноста дека сонувате, да продолжите да сонувате и да го креирате сонот, или едноставно сте сфатиле дека тоа е сон - и сте се натерале да се разбудите (почесто случување).
Да не се меша луцидно сонување со обичните живописни и јасни соништа во кои правите неверојатни ствари. Клучот кој ги дефинира овие соништа е свеста.Замислете да се “разбудите“ во сонот со моќта да правите што сакате, сретнете кого сакате, идете каде сакате...сето тоа во живописни и јасни детали каде сите пет сетила се активни. Замислете како би било додека спиете да летате над планини осеќајки го сонцето на вашата кожа и ветрот низ вашата коса. Сите тие неверојатни искуства можете да ги доживеете во вашите соништа.