Луцидни соништа

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Прво, малце факти и објаснувања подпомогнати од википедија и други сајтови за да полесно да се искажат некои работи.

Луцидно сонување, просто кажано, е можноста да се сонуваат соништа кои се јасни/чисти и сте свесни дека сонувате. Поради зголеменото ниво на свест, вие всушност можете да си го контролирате текот на сонот и се во него. Тие се научно истражувани, и нивното постоење е докажано (затоа за разлика од темата за астрална проекција, оваа не е во Мистерии).
Секој од вас има искусено барем еден ваков луциден сон во својот живот, без разлика дали сте успеале, одкако сте ја добиле свесноста дека сонувате, да продолжите да сонувате и да го креирате сонот, или едноставно сте сфатиле дека тоа е сон - и сте се натерале да се разбудите (почесто случување).​
Да не се меша луцидно сонување со обичните живописни и јасни соништа во кои правите неверојатни ствари. Клучот кој ги дефинира овие соништа е свеста.

Замислете да се “разбудите“ во сонот со моќта да правите што сакате, сретнете кого сакате, идете каде сакате...сето тоа во живописни и јасни детали каде сите пет сетила се активни. Замислете како би било додека спиете да летате над планини осеќајки го сонцето на вашата кожа и ветрот низ вашата коса. Сите тие неверојатни искуства можете да ги доживеете во вашите соништа.

Секој има капацитет да научи како да има луцидни соништа. Само треба мотивација и вежби. Со повеќе вежбање и квалитетна медитација (да, свесноиндуцираните луцидни соништа се постигнуваат со медитација; подоле) можете да се здобиете со поголемо ниво на свест правејки ги вашите сониште се по јасни и со поголема контрола.

Сум искусил и ја неколку вакви соништа, и тоа всушност ме натера да истражувам повеќе за нив.

Подетално, луцидноста е друг тип на висока свесност за време на сонот - каде сфаќате дека сонувате. Всушност, голема препрека е да останете во сонот одкако ќе се здобиете со свесноста. Мозокот автоматски сака да се изгаси од сонот. Со тренинг и медитација, со ова е лесно да се справите. Во нормалните соништа, твојата свест (self-awareness) е значително намалена; затоа соништата најчесто се чинат далеку и измешани и не доволно чисти.
Ова е безбедна и природна состојба. Исто така не е астрална проекција, но е релативно блиску (покрај фактот што и да биде доволно блиску за да се нарече така, сепак е само трунка од нашата имагинација за разлика од “вистинското“ нешто, кое не верувам дека постои).

Точно, луцидните соништа се ескапизам, но не лош вид, туку напротив подобар. Некои ги користат луцидните соништа за да се замислуваат дека се Џек Бауер, некои за да летаат над високи планини, некои за да ја истражуваат вселената, некои дури за да имаат секс со перфектно измислен перфектен партнер... Луцидните соништа се како филм на кои сами го измислувате текот.
Тие ја откриваат моќта на твојот мозок. Освен што добивате свесност додека сонувате, станувате и посвесен за своите мисли. Сфаќате дека ВИЕ сте газда на сопствениот мозок и сопствените состојби. Сфаќате дека болката не е ништо повеќе свесност на мозокот и дека депресијата всушност не се лекува со апчиња - туку вие ја контролирате. Добивате директна врска со вашата потсвест и станувате по свесни за вашите ставови.

Луцидноста е како да сте зеле апче за креативност. Всушност баш она што мене ме влече за да го истражувам. Јас сакам овие соништа да ги користам продуктивно. Дали е тоа можно, се уште не знам :D Но ми изгледа изводливо. Замислете да во сонот кој вие го контролирате, да си седите на полјана која е толку голема што го допира бескрајот, размислувајки за вашиот ден, како сте го поминале и што ќе правите утре. Да смислувате уметнички дела, пишувате поезија, вежбате карате (hey, why the hell not :D). Може ќе го измислите и перпетум мобилето на Војо, who knows! :)

Не верувам дека не постои некој филозоф кој не би сакал да го истражува ова ниво на свесност - поради барем МИЛИОН причини. Медитацијата е како втор чекор на овој тип на сонување - овој е првиот/полесниот.

Засега толку, ќе пишам друг пат и повеќе (како да индуцирате луциден сон, и начини за како да си го олесните пристапот до луциден сон).

Keep it cool, keep it real, dream it lucid.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Луцидново сонување му доаѓа нешто како размислување додека спиеме.
Често имам луцидни сни, каде што сум свесен дека сонувам и сонот сам го контролирам, всушност, мнозината сни ми се такви.
Искрено, муабетов со апчево за креативност и неможам баш да ти го докажам и единствена корист од луцидниве сни што јас сум ја согледал е тоа што оние закључоци до кои си дошол за време на луцидниот сон често ги земаш со себе во реалниот, така да не си џаболебарел, туку си сторил нешто корисно и додека си спиел. Односно, си размислувал :)
 
Тачно.
Мозокот и онака никогаш “не спие“. Само телото ни одмара, мозокот е нон-стоп активен.
Фактички ако НЕ сонуваш луцидно - џаболебариш. Трошиш ~8 саата секој ден за “battery refill" на телото, а мозокот го оставаш “на пасење“.
Моментално сум у тек на вежбање за почести и повивидни луцидни соништа, па на крај сакам да пробам дали можам да правам креативни срања :D
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
За феноменов имам само читано никогаш вакво нешто немам доживеано. Инаку, зарем не постои никаква опасност од луциден сон или по дефиниција и во пракса луциден сон подразбира и тоа дека можеш да се разбудиш кога сакаш?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
За феноменов имам само читано никогаш вакво нешто немам доживеано. Инаку, зарем не постои никаква опасност од луциден сон или по дефиниција и во пракса луциден сон подразбира и тоа дека можеш да се разбудиш кога сакаш?
Не е некој феномен, тоа е фората! :D
Иначе да, моеш да се разбудиш коа сакаш.
Мене сто пати ми се има десено на сред сон да воочам дека сонувам, буквално типот “пер глуп си, сањаш, кај постојат зомбиња“ и да се натерам да ги отворам очите - и навистина да се разбудам. После пак си легнувам и почињам нов сон ( не значи дека сум свесен дека сонувам во новиот ).

Најинтересното е што психијатрите го користат овој тип на само индуцирано луцидно сонување (овој тип - не ми е дефиниран сеуште, ќе допишам за него друг пат, накратко, моеш сам да се натераш да сонуваш луцидно/свесно) кај пациентите кои страдаат од ноќни мори и јаки фобии. Ги учат пациентите како кога ќе имаат кошмар да воочат дека сонуваат и да се натераат да се разбудат.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Тачно.
Мозокот и онака никогаш “не спие“. Само телото ни одмара, мозокот е нон-стоп активен.
Фактички ако НЕ сонуваш луцидно - џаболебариш. Трошиш ~8 саата секој ден за “battery refill" на телото, а мозокот го оставаш “на пасење“.
Моментално сум у тек на вежбање за почести и повивидни луцидни соништа, па на крај сакам да пробам дали можам да правам креативни срања :D
Плус у ова све се уклапа муабетот за вољата и тајната за визуализирањето на шитот што го сакаш и ти треба и муабетот за космичките сили што ќе ти ги отворат вратите до целта кога ти ќе им кажеш "Сакам."
А по убедливо "Сакам" од таков дрзок луциден сон, мислам дека нема :)
Многу од стварите што намерно сум ги уфрлал во тие луцидни сни ми се остварувале :)
И сакам да верувам дека се остварувале баш токму поради тоа :)
Можеби грешам, бидејќи стварите се релативно мали и се од материјална природа, но леснотијата со која сум стигнал до нив (затоа реков оствариле, а не остварил) ме прави цврсто да верувам во таа моќ на луцидниот сон :)
Баш последниов период уметнувам една битна стварчица, а и доста голема, со оглед дека вмешува уште еден колега Бог со цел да мојата голема Воља некако изврши влијание и го добијам она што го стварно го посакувам... Има време додека добјам шанса тоа да се случи (од објективни причини), а се додека не дојде тој период, ја си го разработувам моментот во мене.
Па, if this shit works, ондак ќе можам со 100% цврстина да те набедам дека не залудно вложуваш труд :)
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.930
Поени од реакции
12.511
Мене сто пати ми се има десено на сред сон да воочам дека сонувам, буквално типот “пер глуп си, сањаш, кај постојат зомбиња“ и да се натерам да ги отворам очите - и навистина да се разбудам. После пак си легнувам и почињам нов сон ( не значи дека сум свесен дека сонувам во новиот ).
Мене ми се иа десено да сањам и стануем свесен дека сањам и викам пеер сањаш разбуди се, и се разбудувам. Кратко потоа стануем свесен дека не сум се разбудил само си мислам јас така а уствари нов сон, е после тој покушај вистински се разбудив....вистински? Инсепшн мадафака ми се деси...
 
P

Peaceful Anger

Гостин
што е разликата од визуелизација? Ме интересира и мене за овие луцидни сонови, визуелизација си практикувам често ама неможам скрос реална да ја напраам :)

За феноменов имам само читано никогаш вакво нешто немам доживеано. Инаку, зарем не постои никаква опасност од луциден сон или по дефиниција и во пракса луциден сон подразбира и тоа дека можеш да се разбудиш кога сакаш?
Не ми се верува ова си е природна состојба нема шо да биде опасно
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Најинтересното е што психијатрите го користат овој тип на само индуцирано луцидно сонување (овој тип - не ми е дефиниран сеуште, ќе допишам за него друг пат, накратко, моеш сам да се натераш да сонуваш луцидно/свесно) кај пациентите кои страдаат од ноќни мори и јаки фобии. Ги учат пациентите како кога ќе имаат кошмар да воочат дека сонуваат и да се натераат да се разбудат.
Еи, па мојата прича почиња вака пеер :)
Имав еден период ко бев копиљ накај 7-8 години коа ме пукаа некои рандом детски кошмари со зомбиња и љиљаци, и убаво памтам дека во еден сон си реков "Ма кој ве ебе"! My castle, my rules! И од тој момент ја бев рулерот на секој мој нареден сон, и од тогаш не сум имал ниту еден единствен кошмар, ниту сум имал билокаков непосакуван рандом сон :)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Мене ми се иа десено да сањам и стануем свесен дека сањам и викам пеер сањаш разбуди се, и се разбудувам. Кратко потоа стануем свесен дека не сум се разбудил само си мислам јас така а уствари нов сон, е после тој покушај вистински се разбудив....вистински? Инсепшн мадафака ми се деси...
Да и тоа е чест случај.
Затоа има техника, т.е. секој пат кога стануваш да си имаш навика да се прашаш “Дали сонувам“ (подетално за ова следниот пост деновиве) и тоа ќе те спречи да имаш “лажно будење“.

--- надополнето ---

што е разликата од визуелизација? Ме интересира и мене за овие луцидни сонови, визуелизација си практикувам често ама неможам скрос реална да ја напраам :)

Не ми се верува ова си е природна состојба нема шо да биде опасно
Разликата е што при визуелизација си свесен и за надворешноста, и твоите сетила не се доволно фокусирани само на визуелизацијата.
Накратко, не е ни половично вивидно и “вистинско“ како луцидните соништа. + не трошиш време ко обичното дејдримување :D
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.930
Поени од реакции
12.511
што е разликата од визуелизација? Ме интересира и мене за овие луцидни сонови, визуелизација си практикувам често ама неможам скрос реална да ја напраам :)
Разликата е тоа што кога имаш луциден сон можеш да правиш што сакаш у движење...сонуваш а свесен си...желботека, освен ако не те фани паника па да сакаш да се пробудиш ама вистински а не ко ја од сон во сон е тогаш фаќа ебена паника:)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Еи, па мојата прича почиња вака пеер :)
Имав еден период ко бев копиљ накај 7-8 години коа ме пукаа некои рандом детски кошмари со зомбиња и љиљаци, и убаво памтам дека во еден сон си реков "Ма кој ве ебе"! My castle, my rules! И од тој момент ја бев рулерот на секој мој нареден сон, и од тогаш не сум имал ниту еден единствен кошмар, ниту сум имал билокаков непосакуван рандом сон :)
I know right :D
And it's freaking awesome :)
Сто пати ми се има десено тоа.

У последниот луциден сон што го имав, одкако сфатив дека е сон, и се блинкав низ маало и се џиткав од тераса xD
How kewl is dat!

--- надополнето ---

Разликата е тоа што кога имаш луциден сон можеш да правиш што сакаш у движење...сонуваш а свесен си...желботека, освен ако не те фани паника па да сакаш да се пробудиш ама вистински а не ко ја од сон во сон е тогаш фаќа ебена паника:)
Ја го сфаќам ко psyonautism (псај-астронаутика) без додатни супстанци.
Доволно ни е ѕвер мозокот, само треба да научиш да го контролираш.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.930
Поени од реакции
12.511
Да и тоа е чест случај.
Затоа има техника, т.е. секој пат кога стануваш да си имаш навика да се прашаш “Дали сонувам“ (подетално за ова следниот пост деновиве) и тоа ќе те спречи да имаш “лажно будење“.

Јас маки мачам да се станам свесен дека сонувам, стално се случува неочекувано и одма се пробудувам...е јас сакам подолго да останам свесен...Астрална Проекција - прајш скоро шо сакаш :)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Јас маки мачам да се станам свесен дека сонувам, стално се случува неочекувано и одма се пробудувам...е јас сакам подолго да останам свесен...Астрална Проекција - прајш скоро шо сакаш :)
Има начин - само ме мрзи да го постирам сеа :D
Има цела филозофија за како да индуцираш свесност во сонот.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
I know right :D
And it's freaking awesome :)
Сто пати ми се има десено тоа.

У последниот луциден сон што го имав, одкако сфатив дека е сон, и се блинкав низ маало и се џиткав од тераса xD
How kewl is dat!
Или лебдиш на воздух низ маало, како на бранови!
Damn, таков си крчкаш, те грбно, те на груди си движиш со некое совршено flow низ hood и као стариве на клупи те гледаат и здраво за готово те зимаат "Остај пеер, таков си е он" (:)
Хаха xD Ми фали сонов, вечер ќе го праам! :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom