Бог е љубов. Тоа е вистина. Човекот е слободен. Може да ја прифати оваа љубов или да ја одбие. Ако ја одбие, живее без неа. Слободата ја користи спрема својата совест. Ако совеста му налага да се осветува за нешто, тогаш се осветува. Ако совеста му налага да постапува ѕверски, да „ужива“ во маќите на другиот тогаш така прави. А кажи ми ти во што е несовршеноста на човекот? Кој го брани на човек да не прави зло? Ако јас тебе ги одземам да речам чуствата, и те програмирам како машина да работиш само одредени работи, дали ќе си човек или машина? Ти си човек, во тебе постои закон за добро и зло. Многупати не сакаме да правиме зло, знаеме дека е лошо кога некому му нанесуваме бол, но го правиме. Знаеме, а правиме. Имаме сила да се спротиставиме, но не ја користеме. Полесно ни е да некому му нанесеме некаква тешкотија, отколку да се воздржаме од неа. Во човекот живее, освен љубовта, која е ограничена, и злото. Секој од нас може да биде ѕвер, но не е секој. Имаш прекрасна ситуација, сам да го креираш својот живот. Таа протекција ја нема никој. И како ќе го креираш, како ќе го осмислиш ти си самостоен во својата одлука. Имаш можности, да работиш така или онака. Твоја воља. Ти како создание си совршен. Самостоен си. ти одлучуваш. Што ќе избереш, твое е.
т