aj баш пошто глеам премногу си стручен за темава да прашам.... косата ми опага тоа го приметувам коа се бањам или на перницата иам мн влакна.. често користам лак за коса... колку е тоа причина за опагање и што препорачуваш ? ( п.с користев едно време еден шампон престана да ми опага ... али сеа го користам истиот и к*р пак ми пага )
Лакот за коса не е докажано дека може да ги уништи здравите фоликули на главата. но и не придонесува кон добро со неговата почеста употреба. Лакот за коса може да предизвика побрзо опаѓање на влакната кои се веке влезени во телоген фазата(фаза на мирување на влакното пред негово испаѓање) поради тоа што ги стега влакната и ги притиска нанадвор.
Чајот од коприва едноставно се приготвува. Корен од коприва и лист од коприва се ставаат во вода и се варат како чај и одкога ке се изладат со нив се полива главата за последедн пат откога претходно ке се шампонира.
Корен од коприва најдобро е на биде свеж, но можеш да порачаш од некоја компанија во македонија, а на пазарот кај нас не сум сретнал досега.
Едит : И ако сакаш качи слики да пред употреба на хемииве и сега, ме интересира што си постигнал.
Еве прикачив 4 слики од пред и после 1 година од третманот
http://forum.kajgana.com/album.php?albumid=2526
aj баш пошто глеам премногу си стручен за темава да прашам.... косата ми опага тоа го приметувам коа се бањам или на перницата иам мн влакна.. често користам лак за коса... колку е тоа причина за опагање и што препорачуваш ? ( п.с користев едно време еден шампон престана да ми опага ... али сеа го користам истиот и к*р пак ми пага )
Slash, причината што косата некое време не ти опаѓала сигурно не е тој шампон кој си го користел, зашто и плус тоа рече дека сега го користиш истиот и пак ти паѓа.
Светските стручнаци за борба против косопадот кои сум ги консултирал, не познаваат шампон кој со спречува опаѓањето на косата при MPB - наследна машка ќелавост.Постојат некои шампони кои индиректно можат да влијаат на тој проблем, на пример ketoconazole шампонот(кај нас го има како Реконазол и може да се купи во сите аптеки без рецепт) влијае на создавањето на првут и на создавањето на себум на скалпот (кои често можат да придонесат за влошување на состојбата со косопадот при MPB) . Не постои шампон од кој ќе ти престане косопадот.
ВАЖНО: Не зборувам за жените, немојте пак да ме обвинувате за се и сешто и да се тврдите дека опаѓањето престанувало со некои иљачи и бабини лекови зашто кај вас проблемот е сосема друг, а кај 95% од мажите тие работи не влијаат воопшто. Замислете, на една друга тема на форумот слушнав дека требало на главата да си ставате изгниен мозок од чавка, па после жолчка од јајце, а на еден форум за мајки и деца пишуваше дека - цитирам: "супата од петле од подравка е многу ефикасна кога се мачка на главата":pos2: Не се сомневам во инстант супите дека се "ефикасни" против косопадот, посебно канцерогените засладувачи на вкус од типот Е3xx, и конзервансите. Но сепак, мачкањето на главата и не е толку опасно како нивното конзумирање во исхраната.
Со сета почит кон вистинските бабини лекови, но тие најчесто помагаат кога патите од TE(Теlogen Effluvium) a тоа е поради недостаток на некој витамин, стрес, за опоравување после регулирањето на хормонскиот дисбаланс и тироидната жлезда итн... Тие не помагаат при наследна машка ќелавост - најчестата причина за ќелавењето кај мажите со 95% застапеност.