Морам да споделам Тамара што кажа за Влатче и евровизија ...
Кој е твојот коментар за „Песната на Евровизија“ и за настапот на Влатко Илиевски?
Ја гледав само втората вечер, и тоа исклучително заради Влатче. Тој беше многу убав, како и танчерите, и според мене, тие направија се’ што можеа. Но, немавме доволно светлина на сцената и затоа изгледавме толку бедно. На нашиот настап бината беше најтемна. Тоа е заради недостиг на финансии. Требаат пари, по неколку илјади евра, за да се плати секоја скала со рефлектори, а нашите евидентно тоа не можат да си го дозволат. Влатко беше многу точен во изведбата и не испеа ниту еден погрешен тон. Сите знаеме дека е тој повеќе шармантен, убав и згоден шоумен, отколку голем пејач. Нема екстремно високи гласовни можности, но многу слуша музика, многу чита за музиката и многу знае. Во неговиот настап немаше фалш. Звукот беше океј, но сцената изгледаше јадно, исто како кога бев јас со Врчак и со Гаџа. Се’ додека пејачите не ги поддржуваме финансиски, нема да имаме резултат, ниту ќе бидеме забележани на „Евровизија“.
Да не ме мрзи, сега ќе ја ставев и сликата со ферарито и текстот кај што пишува дека Влатче секаде одел со ферари. Ама ме мрзи. А нели се претпоставува дека тоа ферари е изнајмено, епа тие пари можеа за рефлектори да идат.