УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЦИВИЛНА АВИЈАЦИЈА

  • Креатор на темата Креатор на темата concrete
  • Време на започнување Време на започнување

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Веб-сајт
www.luft46.com
После објективното минимизирање на тоа што се нарекува Македонско воено воздухопловство, што може некако и да се свати заради репозиционирањето на Македонските воени сили во системот на колективна безбедност....................изгледа дека, НАЖАЛОСТ .....доаѓа .. времето на гасење на се друго што се нарекува приватно, спортско и комерцијално летање во Македонија.
Читајќи го ново усвоениот ТАРИФНИК за утврдување на надоместоците на Агенцијата за Цивилно воздухопловство на МКД, заклучувам дека некој или многу НЕ ЈА САКА ВАКВАТА АВИЈАЦИЈАТА или пак на класично наивен начин го претоварува магарето за да на крајот истото тоа магаре цркне.....без да му биде гајле на товарачот за тоа...
Одамна е познато дека не постои толку МАЛА земја која има толку ГОЛЕМА (читај превработена)Агенција од овој вид на светот. Затоа тие луѓе таму едноставно си седнале и си напишале колку пари им требаат, без да помислат и една секунда како тоа ќе влијае на постоењето и развојот на приватната , спортската и комерцијалната авијација.
Или едноставно..некој сака да ја згасне , уништи истата???
Тарифите кои се предвидени.......во буквален, номинален износ се поголеми од таквите дури и во многу побогати и поразвиени земји од нашата...да не ги гледаме во релативен однос...споредено со куповната моќ во нашата земја...,а ич да не спомнуваме што за тие пари се добива магловита услуга ...или никаква...туку само едноставно...: се плаќа!!!
Агенцијата работи ко стара парна машина од пред 100 години и е неверојатно бавна, нејасна и чудно двосмислена на теренот...т.е постојано во процес на некакво ...:заземање ставови...
Единствена светла точка е нејзината улога како генератор за вработување НА НЕСООДВЕТНО ШКОЛУВАНИ кадри на многу позиции, во област која бара мнооогу специфична стручност.
На прсти се бројат таквите таму.., под услов, ако ја исклучиме нивната самобендисаност и чувството дека го држат Бога барем за брада, ако не и за нешто друго..., и што сите нивни работења се завиткани во превезот на возвишени дејанија, несватливи за смртните луѓе....
Јака им душа на оние кои летаат или ќе сакаат да летаат во Републиката Македонска...., а не пак комерцијално да инвестираат нешто во тој бизнис....
 
Ако може поконкретно да кажеш за какви измени станува збор
 
И сега ке има или ке нема?Или пак ке има ама услови за никаде ке има и цени ванземајски? Знам дека имаше курсеви по летање одамна читав за тоа, па сега кој се заебал и платил и научил сега ке треба да отвоти убавооо паричникот ако сака да не забрави како е тоа да се лета?
 
Koj leta znae, koj ne leta....nema ni potreba da svati..:)

еј сеа се осеќам дискриминиран, а што ако сакаат да знаат и тие што не летаат , или можеби сакаат во иднина.. на пример јас секогаш сум сакал да бидам пилот ама сфатив дека тоа е премногу скромно сеа сакам да бидам астронаут.
 
concrete ќе врати нешто у стил "ех сеа ....... па и ти..... многу сакаш да знаеш......НЕМОЈ ТАКА.......астронаут......неможеш да бидеш астронаут во Македонија......." и така....
 
concrete ќе врати нешто у стил "ех сеа ....... па и ти..... многу сакаш да знаеш......НЕМОЈ ТАКА.......астронаут......неможеш да бидеш астронаут во Македонија......." и така....

како бе не, секој викенд се "лансирам" на месечината, да го видиш само мојот moonwalking.. пфф :)
 
како бе не, секој викенд се "лансирам" на месечината, да го видиш само мојот moonwalking.. пфф :)

Значи дека новороденчето познато како авијација во Македонија почна да ја покажува главата и да плаче (да дава знаци на живот) при што е угушено веднаш со бирократско јаже уште недородено...
Или во превод секој што сака да лета,да учи да лета или да врши обука за летање тоа нема да му биде дозволено ако не плати соодветен рекет и неколку тони документи...често контрадикторни сами по себе, пресметано да се ликвидира било каков ентузијазам...
Летањето со умот ќе остане единствено на оваа територија...

Земја без граѓанска авијација е голо гомно.
Сами заклучете што е Македонија...
 
Jasno e sea??? Toecutter ednostavno objasni......komplikuvanoto objasnenie ke dojde podocna , ako bide potrebno..... :) na ona :секој што сака да лета,да учи да лета или да врши обука за летање тоа нема да му биде дозволено ако не плати соодветен рекет и неколку тони документи... bi dodal.......... i da konstruira i gradi avioni , servisira isti ili ne daj Boze pomisli da izgradi mal aerodrom :)
 
ТАРИФНИКОТ Е ЗА НИКАДЕ!

Да имавме 1000 авиони ќе сфатев, ама имаме едвај се на се 40 воздухоплови. Ама тоа е во АЦВ работат 150 луѓе што опслужуваат 40 воздухоплови. Во Словенија CAA брои 15 луѓе а имаат преку 1000 воздухоплови.

Сега, concrete, јасен ти е правилникот? :(
 
Мене ми кажуваш?????????:
Oдамна е познато дека не постои толку МАЛА земја, која има толку ГОЛЕМА (читај превработена)Агенција од овој вид на светот. ............................................................................................
Агенцијата работи ко стара парна машина од пред 100 години и е неверојатно бавна, нејасна и чудно двосмислена на теренот...т.е постојано во процес на некакво ...:заземање ставови...
Единствена светла точка е нејзината улога како генератор за вработување НА НЕСООДВЕТНО ШКОЛУВАНИ кадри на многу позиции, во област која бара мнооогу специфична стручност.
На прсти се бројат таквите таму.., под услов, ако ја исклучиме нивната самобендисаност и чувството дека го држат Бога барем за брада, ако не и за нешто друго..., и што сите нивни работења се завиткани во превезот на возвишени дејанија, несватливи за смртните луѓе....

но ние живееме во земја во која нажалост е така......и НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОДРУГО!!! не вреди да се трудиш да ја ИЗМЕНИШ..., кој може едноставно ја остава да се препелка во калта и ЈА МЕНУВА....за друга населена со нормални луѓе....
 
Убаво го поставив паршањето, кога цветала и била безпрекорна авијацијата па сега да ја уништуваат?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom