Идеја од Вашингтон, Ангажман на Турција = (Балканска унија!)

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ako nekogo go smetam za bratski narod toa se turcite , bidejki go imam oseteno toa na svoja koza i toa nekolku pati , jas sum pravoslaven a vo Turcija sum bil sluzen i precekuvan kako car , tie ne se fundamentalisti brat , tie se principielni lugje blagodarenie na Mustafa Kemal koj e roden vo Makedonija i samata mladoturska revolucija i samiot Mustafa KEmal bea protiv sultanot i ja napravija denesna Turcija , taka da nekoj koj iskreno moze da ni pomogne i da ne razvie toa e Turcija , a od Rusija ne ocekuvajte nisto se dodeka ne se vrati carot , bidejki i Putin i Medvedev se so evrejski t.e gavolski koreni !
Чекаj,чекаj -коj цар от коja династиja?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135
:pos2:

Да, ќе биди... ко ќе родат бандерине грозје... и тоа оние бетонските... :pos2:
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Силно се сомневам Србија да влезе во сојуз со Турција
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Силно се сомневам Србија да влезе во сојуз со Турција
од 2009 та година

Србија и Турција потпишаа економски договори

28/10/2009
И покрај различните ставови во врска со Косово, двете земји развија стратешко партнерство.​
Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград -- 28/10/09


Турскиот претседател Абдула Ѓул (лево) и српскиот претседател Борис Тадиќ во Белград. [AФП]


Турскиот претседател Абдула Ѓул во вторникот (27-ми октомври) ја заврши дводневната посета на Србија, за време на која беа потпишани неколку економски договори. Ѓул истакна дека турските претпријатија се заинтересирани за инвестирање во Србија, особено во инфраструктурата, со оглед на идеалната локација на Србија на Балканот.
Билатералните врски се силни, го увери тој српскиот колега Борис Тадиќ. „Иако ние [Србија и Турција] не делиме заедничка граница, живееме како добри соседи“, рече Ѓул.
Таа врска има пошироки импликации, истакна тој. „Сé додека односите меѓу Србија и Турција се вака добри, никој не треба да се плаши за мирот во регионот“, рече Ѓул.
Tадиќ додаде дека двете земји делат стратешки цели. „Силно се поддржуваме меѓу себе во тој процес на европска интеграција и соработуваме во рамките на програмата Партнерство за мир. Веруваме дека Турција е еден од најважните глобални фактори“, рече Тадиќ.
Потврдувајќи дека Србија никогаш нема да ја прифати независноста на Косово, Тадиќ истакна дека дипломатските односи на Анкара со Приштина не смеат да влијаат на турско-српските односи.
Турската делегација во Србија вклучуваше голем број претставници на бизнис заедницата и експерти за патна инфраструктура, како и експерти за трансформирање на воените аеродроми во цивилни. Турската и српската делегација потпишаа договори за економска, инфраструктурна, техничка, социјална и финансиска соработка.
Претходно, двете земји потпишаа договор за слободна трговија, кој ќе влезе во сила до крајот на оваа година.




Делегацијата, која ја сочинуваа претежно муслимански Турци, го посети и југозападниот регион Санџак, каде што живеат најголем број Бошњаци во Србија. Делегацијата ја пренесе подготвеноста на Турција да инвестира во изградбата автопат кој ќе поминува преку Санџак. Градоначалникот на Нови Пазар Мехо Махмутовиќ објави дека турски претпријатија ќе инвестираат во инфраструктурата на градот, која е моментно во лоша состојба.
За време на посетата на Ѓул, српското Министерство за економија и турското претпријатие Турк потпишаа договор за инвестирање во претпријатието, во јужниот српски спа-центар Бујановачка бања.
Белград им беше домаќин на важни странски претставници -- американскиот заменик-претседател Џо Биден ја посети земјата во мај, а рускиот претседател Дмитри Медведев го посети главниот град претходно овој месец.
Српските претставници беа во Кина во август -- посета која резултираше со потпишување договор за стратешка соработка.


http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2009/10/28/feature-02

--- надополнето ---

Турција на балкански шопинг


Турците инвестираат во стратегиски сектори да ги зголемат економското и политичкото влијание во регионот. Турските инвестиции на Балканот сепак не успеваат да ги надминат инвестициите од ЕУ




Уште од 2001 година, министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу, напиша документ наречен Стратегиска длабочина, во кој се назначени глобалните амбиции на Анкара, така што турската геополитичка положба мора да се согледа како средство за постепено отворање кон светот и преобразба на регионалното и глобалното влијание на Турција како европска, азиска, балканска, кавкаска, средноисточна и медитеранска држава.

Анкара има значајна финансиска моќ, а според податоците на Светската банка, турската економија се наоѓа на 17 место во светот со бруто-домашен производ (БДП) од речиси 465,6 милијарди евра. Турција веќе инвестираше милиони евра на Балканот, а повеќето од овие инвестиции се однесуваат на телекомуникациите, транспортната инфраструктура и банкарскиот сектор.

За време на првата официјална посета на Приштина во ноември годинава, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган нагласи дека турските компании сé повеќе се вклучени во транспортните проекти и во телекомуникацискиот сектор на Косово, додавајќи дека Турција е подготвена да преземе понатамошни чекори за да се осигури стабилноста на Балканот.

- Турција е дефинитивно заинтересирана да инвестира во стратегиските сектори на Балканот, како што се на пример телекомуникациите и аеродромите. Ова е дел од нивната економска стратегија, за да доминираат со клучните економски сектори на Балканот - вели Фади Хакура, експерт за турската кандидатура за пристап кон ЕУ и член на лондонскиот институт Четам хаус.

Анкара веќе ги оствари клучните купопродажни активности во регионот. Турската фирма „Лимак“ доби договор за управување со меѓународниот аеродром во Приштина во период од 20 години, а турските компании сега сакаат да го откупат и клучниот удел во приватизацијата на двете најголеми јавни компании во Приштина, енергетската корпорација на Косово и „Пошти и телекомуникации“ на Косово.

СРБИЈА ПОСЛЕДНА НА ЛИСТАТА НА ЖЕЛБИ

Додека Македонија и Бугарија привлекоа значаен интерес на турските инвеститори пред 2000 година, веќе половина од турските инвестиции во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Србија се остварени по 2005 година.

Според Министерството за финансии на Турција, место за најбитните турски инвестиции на Балканот е и Босна и Херцеговина. Последна на листата на желби е Србија.

Без разлика на ниското ниво на инвестиции од Анкара, турските експерти сепак нагласуваат дека Србија е држава од клучна важност за Балканот. Суха Умар, кој до септември 2010 година беше турски амбасадор во Србија, објаснува дека Белград е клучот на сигурноста на целиот регион.

- Доколку сакаме мир и стабилност, до нив нема да дојдеме ако и Србија не го сака истото. Ако сакаме да создаваме проблеми, ќе ни биде многу тешко да ги направиме без Србија. Поради тоа е Србија клучна земја, а Турција го препозна тоа - вели тој.

Анкара и Белград потпишаа Договор за слободна трговија, кој стана правосилен во септември 2010 година, отворајќи ја Србија за турските инвестиции и расчистувајќи го патот за безвизно патување на државјаните на овие две земји.
Анкара избра да оствари значајни инвестиции во немирниот и мнозинско муслимански Санџак, каде што голем дел граѓани имаат роднини во Турција, бидејќи многумина емигрираа во Турција за време на балканските војни додека слабееше Отоманската Империја.

Тоа вознемири некои немуслимани во Србија. Професорот Дарко Танасковиќ, експерт во областа на ориенталните студии на Универзитетот во Белград, а своевремено и амбасадор на Србија во Анкара, вели дека турските интереси во Србија се несомнено промуслимански.

- Србија не е партнер на Турција во овој регион. Таа позиција е резервирана за БиХ и Албанија, како и за муслиманската заедница во другите држави на Балканот, кои претставуваат постојана база и извор на регионалното турско влијание - вели тој.

Илир Деда, поранешен извршен директор на Косовскиот институт за стратегиски истражувања и развој КИПРЕД, гледа многу проблеми во повторното поставување на Турција во улога на клучен играч на Косово.

- Француските и германските компании ја напуштаат земјата, а основните средства на Косово им се даваат на Турците. Првото прашање што се наметнува од наведените околности е во која насока ќе тргне Косово. Дали ќе оди право во Азија, или, пак, во Европа - вели Деда.

Абдула Хамити, шеф на отсекот за ориентални студии на Универзитетот во Приштина, не се согласува со Деда, тврдејќи дека слободниот пазар не познава идеологија или, пак, политика. Тој мисли дека на зближувањето со Турција не би требало да се гледа како на чекор подалеку од Европа, затоа што една од клучните цели на Анкара е исто така зачленување во ЕУ. Тој исто така предупредува дека сé додека Турција има огромна економска моќ, Косово не би требало да се плаши од големото ниво на инвестиции од турските компании.

НАЈИНТЕРЕСНИ РОМАНИЈА И БУГАРИЈА

Хакура, од институтот Четам хаус, верува дека и покрај високото ниво на инвестиции, па и верските и културолошките врски со БиХ, Албанија и Косово, Турција е повеќе заинтересирана за поширокиот пазар, како што се на пример Романија и Бугарија.

- Романија е најголемиот трговски партнер на Турција на Балканот. БиХ и Косово се многу, премногу мали пазари за турските извозници - објаснува тој, додавајќи дека главните турски инвестиции се фокусирани на Средниот Исток.

Тој нагласува и дека севкупната трговија со Средниот Исток изнесува 23, 4 милијарди евра, што е многу повеќе отколку со сите балкански земји. Хакура се согласува дека Турција сака да биде голем играч на Балканот, но нагласува и дека ЕУ е и ќе остане најголемиот економски играч во регионот.
- Процесот на интеграција во ЕУ сé уште е најголемиот приоритет за Балканот. Ова се некои политички и економски ограничувања што ќе ја оневозможат Турција да стане водечки инвеститор во регионот - вели Хакура.

Турција го поднесе своето прво барање за прием во ЕУ во 1987 година. Обидите на Анкара да и се придружи на Унијата постојано ги одбиваше некоја од државите-членки на ЕУ, наведувајќи различни причини, а процесот во моментов е во состојба на мирување.

Продлабочување на постојните врски

Додека едни тврдат дека интересите на Турција на Балканот и во другите подрачја се одраз на настојувањата на Анкара да создаде алтернатива на членството во ЕУ, други веруваат дека Турција едноставно ги продлабочува постојните врски во регионот.

Лумир Абдихику, извршен директор на Институтот за развојно истражување, верува дека Анкара ги поддржува своите постојни интереси во регионот. Тој нагласува дека турските компании извезуваат значајни количества стоки во регионот, најмногу поради тоа што се добро упатени во локалната економска ситуација.

Абдихику нагласува дека поевтините турски производи се достапни на Балканот веќе подолго време, па и дека се многу популарни кај локалните купувачи поради тоа што можат да си ги дозволат. Балканските држави претставуваат пазар што нуди многу можности, а Турција во моментов е во добра ситуација да го искористи тоа.

Тој вели дека падот на грчките инвестиции во регионот и овозможи на Турција да влезе на пазарот, додека Атина се бори да ги плати долговите по глобалниот економски пад.

Додека турското економско и политичко влијание несомнено расте на Балканот, членството во ЕУ претставува централна цел за сите. Извештајот, кој во ноември 2010 го објави Европската иницијатива за стабилност, независен и непрофитен институт за истражување, односите помеѓу Турција и ЕУ ги споредува со католички брак. Тоа значи дека развод не доаѓа во предвид.

Авторите на тој извештај предвидуваат дури и дека ако Турција не се приклучи кон ЕУ во наредните 10 години, процесот ќе се продолжи понатаму. Единственото отворено прашање е дали оваа двојка ќе биде среќна или не.

Додека балканските држави се приспособуваат или се подготвуваат за членство во ЕУ, истото прашање би можело да се постави за обновените односи помеѓу Турција и нејзините бивши отомански територии.
Турскиот извоз на Балканот
Според податоците од Турското биро за статистика, вкупниот обем на извоз од Турција во земјите на Балканот, вклучувајќи ги Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, во 2008 година изнесувал 8,17 милијарди евра. По глобалната економска криза, вкупниот увоз во наведените земји лани паднал на 5,22 милијарди евра. Во првата половина на 2010 година, Турција во земјите на Балканот увезла производи во вредност од 2,57 милијарди евра.



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12911119167&id=23&setIzdanie=22197
 

Pro

Член од
4 февруари 2011
Мислења
27
Поени од реакции
1
Балканот се враќа во иднината?


Балкански трик, со кој сакаат да ја „штрекнат“ ЕУ



Турскиот јарем или турското владеење од 1400 до 1900 година на Балканот се користи како стандарден аргумент, кога треба да се објаснат пречките во модернизирањето на државата и општеството

Но во последно време Турците како да се носители на надеж во регионот, барем во заплетканата ситуација во Босна. Десетици делегации од Брисел и од Вашингтон си ги искршија забите во изминативе петнаесетина години, обидувајќи се да ја скршат тврдоглавоста на локалните босански матадори. Овие, пак, уште со мајчиното млеко ја добиваат вештината да манипулираат со моќните, но далечни владетели, а тоа не го знае никој подобро од Турците.

Од пред извесно време, турската дипломатија на Балканот стана многу активна. За неоосманлиите, како што понекогаш се нарекуваат, Босна не претставува изолиран проблем, туку прашање што треба да се реши во регионални рамки.

Затоа се бара помош и од Србија, која отсекогаш имала големо влијание врз српските татковци од другата страна на Дрина и на тој начин, со турско посредување, се подобрија односите меѓу Белград и Сараево.

- Наместо бесконечно и безуспешно да преговараме со дипломатите од Брисел и Вашингтон, разговорите меѓу Босанците и Србите може да се одвиваат со посредување на Турците и Русите. Тие подобро нé познаваат - вели еден висок босански функционер.

Дали балканската политика се враќа назад во иднината? Несомнено, двете сили имаат вековно искуство на Балканот. Но пак да не се работи за уште еден балкански трик, со кој сакаат да ја „штрекнат“ ЕУ, која како да се измори од проширувањето? Шефот на италијанската дипломатија неодамна вознемирено побара забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан, зашто, како што рече тој, во спротивно се заканува нов турски јарем.

Андреас Ернст

http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=22020
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
не фала, 500 години доволно ни беа..
А ептен тешкото тие 500 години. Во споредба со западна Европа, Отоманската Империја била во предност во човековите права. Додека имало инквизиција и палење на клада - во Отоманската Империја, научните постигнувања не биле забранети туку подржани од власта. Но тоа е историја и нема врска со сегашната состојба на Турција, која е економски гигант во светски рамки и земја со најслаба надворешна зависност за увоз. Напротив извезуваат се повеќе и повеќе и не ја осетија економската криза во голема мера, како другите економски сили. Самата соработка со стабилен економски партнер е само добро. Не збори за политички односи и слично зашто таму каде што парата владее - сите други работи се забораваат.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Турскиот извоз на Балканот
Според податоците од Турското биро за статистика, вкупниот обем на извоз од Турција во земјите на Балканот, вклучувајќи ги Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, во 2008 година изнесувал 8,17 милијарди евра. По глобалната економска криза, вкупниот увоз во наведените земји лани паднал на 5,22 милијарди евра. Во првата половина на 2010 година, Турција во земјите на Балканот увезла производи во вредност од 2,57 милијарди евра.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12911119167&id=23&setIzdanie=22197
Пази,това е многу малце за една икономика,каквата е турската.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Picku mater, i na kraj ostana uste ova.

Турција ќе ја обнови Отоманската империја

04.03.2009

Турција почна да ја зајакнува моќта во регионот и до 2040 година ќе биде единствена супер сила во тој регион и ќе има власт над земјите на поранешната Отоманска империја, според прогнозата на раководителот на американската невладина агенција за стратешки истражувања „Стратфор“ Џорџ Фридман.
Весникот „Сабах“ истакнува дека е неопходно да се обрне внимание на таа прогноза, имајќи предвид дека Фридман е раководител на еден од најважните центри за стратешки истражувања во САД и е близок до Пентагон.
„Уште отсега можете да ги видите трагите на загосподарувањето, кои Турција ќе ги изгради во регионот на поранешната Отоманска империја“, истакна Фридман.
Тој тврди дека тој процес веќе започнал. Според него, што се однесува до исламските земји во регионот, влијанието на Турција во тие земји непрекинато расте и таа започнала дури и да доминира во регионот.
Фридман додава дека Турција развива врски со Албанија и со Србија на Балканот, а на Кавказ изградила моќен сојуз со Грузија и со Азербејџан.
Тој оценува дека Турција има две карактерни особини - има „жива“ економија и многу силна армија, пренесува МИА.
Според него, сега Турција ја има 17-та по големина економија во светот, а според неговите прогнози, до 2020 ќе се придвижи до 10-то место по тој показател.
Најважната предност на Турција, според Фридман, е нејзината географска структура. Раководителот на американската невладина агенција за стратешки истражувања „Стратфор“ смета дека Турција поседува се што е неопходно, за да биде регионална сила и во регионот нема друга таква земја.


http://www.a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=105259

 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
После ќе гледаме Турски серии почесто :) Мислам дека нема да има нова Отоманска. Нема само Турција да зајакне, може и ние кој знае :):)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.944
Поени од реакции
50.827
А ептен тешкото тие 500 години. Во споредба со западна Европа, Отоманската Империја била во предност во човековите права. Додека имало инквизиција и палење на клада - во Отоманската Империја, научните постигнувања не биле забранети туку подржани од власта. Но тоа е историја и нема врска со сегашната состојба на Турција, која е економски гигант во светски рамки и земја со најслаба надворешна зависност за увоз. Напротив извезуваат се повеќе и повеќе и не ја осетија економската криза во голема мера, како другите економски сили. Самата соработка со стабилен економски партнер е само добро. Не збори за политички односи и слично зашто таму каде што парата владее - сите други работи се забораваат.
јасно јасно, тоа кога палеле цели села, убивале, силувале, мењале насилно вера ..... све тоа било ради достигнувања и човекови права.. :)

Ја не спорам дека Турција е сила, тоа е така, мене ми смета трипот кој го живееме ние за разни “Југосфери’’, “Стратешки Партнерства со Америка’’, па “Турција ни е пријател и не поддржува’’ па не знам што.
Ме иритира што и на фантазијата за подобар живот ние се потпираме(сакаме да лешинариме) на некој друг.

Иначе да, експанзијата нивна културолошка, економска, каква и да е, они ја тераат на просториве, во нивни очи Балканот уште е нивна паланка на која сакаат да се вратат.... ехее, цел правец има-Неосманизам(ако не се лажам баш овој Давутоглу има пишувано за тоа) и тоа си е политика која ја тераат многу одамна.

Сеа, јас си ги имам предрасудите према нив и доколку би бирал “партнер’’ они тоа не би биле сигурно..проверено штетни се за нас.
 

Pro

Член од
4 февруари 2011
Мислења
27
Поени од реакции
1
јасно јасно, тоа кога палеле цели села, убивале, силувале, мењале насилно вера ..... све тоа било ради достигнувања и човекови права.. :)

Ја не спорам дека Турција е сила, тоа е така, мене ми смета трипот кој го живееме ние за разни “Југосфери’’, “Стратешки Партнерства со Америка’’, па “Турција ни е пријател и не поддржува’’ па не знам што.
Ме иритира што и на фантазијата за подобар живот ние се потпираме(сакаме да лешинариме) на некој друг.

Иначе да, експанзијата нивна културолошка, економска, каква и да е, они ја тераат на просториве, во нивни очи Балканот уште е нивна паланка на која сакаат да се вратат.... ехее, цел правец има-Неосманизам(ако не се лажам баш овој Давутоглу има пишувано за тоа) и тоа си е политика која ја тераат многу одамна.

Сеа, јас си ги имам предрасудите према нив и доколку би бирал “партнер’’ они тоа не би биле сигурно..проверено штетни се за нас.

EVO KOI ZEMJI JA GARANTIRAAT OPSTOENJETO NA MAKEDONIJA

SAMO SAD I TURCIJA


Република Македонија и Соединетите Американски Држави уживаат исклучиво добри билатерални односи од кога Македонија ја прогласи својата независност во 1991 година.
САД формално ја признаа Македонија на 8 февруари 1994, а на 13 септември 1995, двете држави воспоставија комплентни дипломатски односи на ниво на амбасади. Првиот амбасадор на САД во Македонија пристигна во Јули 1996 година.

Економската соработка помеѓу САД и Република Македонија е на доста високо ниво. Освен директните билатерални договори, во Македонија директно се вклучени и повеќе американски НВО-а. Амбасадата на САД во Македонија учествува директно во финансирање и унапредување на кадри од економска гледна точка.

Пред воспоставувањето на дипломатските односи во септември 1995, Македонија и САД преку размена на ноти во ноември 1994 склучиле Меморандум за разбирање во одбраната. Врз основа на овој Меморандум во досега се реализирани неколку соработки на воен план меѓу Македонија и САД и тоа:
- Обука на македонски војници во Америка, донации во оружје и опрема за АРМ, заеднички воени вежби и заедничко учество во мировни мисии,
- Во 1995 во октомври Македонија и САД склучиле спогодба за научна и технолошка соработка, која престанала да важи во 2002 година и
- Спогодбата за консолидација и репрограмирање на одредени долгови потпишана во септември 1997 година.

Во декември 2002 година, Македонија и САД склучиле Договор за заштита и сочувување на одредени културни добра.
Во јуни 2003 во САД е потпишан договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на САД за предавање на лица на Меѓународен кривичен суд. Со овој договор не е можно предавање на американски државјани од територија на Македонија на Хашкиот суд за воени злосторства.

На 7 мај 2008 година во Вашингтон, од страна на македонскиот министер за надворешни работи Милошоски и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс е потпишана Декларацијата за за стратешко партнерство и соработка помеѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, четврти по ред стратегиски договор помеѓу Македонија и САД. Оваа декларација е најголемиот и најзначајниот документ во историјата на македонско-американските односи.


Потпишувањето на декларацијата уследи поради грчкото вето на самитот на НАТО во Букурешт во Април 2008. Поради неуспехот на американскиот претседател Џорџ Буш да издејствува членство на Македонија во алијансата беше донесен предлог да се потпише декларација со која САД ја гарантира безбедноста на Македонија, но тоа да не може да биде замена за членство во НАТО. Со Декларацијата се потенцира определбата за зајакнати трговски и економски односи, како и можноста да се интензивираат релациите помеѓу Американците и Македонците, преку промоција на културна и образовна размена.

Вашето мислење за македонско-американските односи денес? Дали се подобрени, влошени, стагнираат.. Дали Македонија е во приоритетите на американската политика на Балканот?




Makedonija posle SAD vakov dogovor ima i so Turcija


Evo


Исклучиво само со САД и Турција

Архива

По САД, договор за стратегиска соработка и со Турција

11.11.2008 10:20 Милошоски на официјалната
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100003



Македонија и Турција потпишаа договор за стратегиска соработка

http://www.vlada.mk/?q=node/1600

Анкара, 11 ноември​


Македонија и Турција потпишаа Стратегија за зајакнување на билатералните односи со која се зацврстуваат меѓусебните односи, а воедно претставува и добра основа за донесување нови акциски планови за соработка во областа на безбедноста, одбраната, царината, економијата, трговијата, образованието и културата.​





Стратегијата попладнево во Анкара ја потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Турција, Антонио Милошоски и Али Бабаџан. Ова е втора ваква Стратегија што ја има потпишано Република Македонија. Првиот договор од ваков тип Македонија го потпиша со САД во мај годинава.

Шефот на македонската дипломатија на денешната прес-конференција истакна дека соработката во областа на одбраната, меѓу другото, вклучува взаемен тренинг на воен кадар.​





- Стотина македонски старешини имаат можност да бидат обучувани во Турција која е земја-членка на НАТО-алијансата за достигнување на посакуваните стандарди, рече Милошоски, додавајќи дека во иднина може да се размислува и за заеднички проекти па дури и за вклучување на македонските компании во турската воена индустрија.​



Зборувајќи за взаемните историски и сегашни културни врски меѓу двете земји, Милошоски посочи дека тие се создаваа како дополнителни мостови преку турското малцинство кое е активно во Македонија. Милошоски му се заблагодари на Бабаџан за поддршката што Турција и ја дава на Македонија за членство во НАТО и притоа подвлече дека од македонска страна се прават максимални напори да стане дел од ова семејство.​



Министерот Бабаџан рече дека зачленувањето на Македонија во евроатлантските структури ќе биде важно од аспект на регионалната стабилност и поради тоа Турција ќе продолжи и понатаму со безрезервната поддршка кон Македонија.​



- Убеден сум дека Македонија ја чека светла перспектива односно дека по зачленувањето во НАТО и во ЕУ Македонија ќе го заземе местото меѓу просперитетните земји во светот, нагласи Бабаџан.​



Република Македонија, како што посочи шефот на турската дипломатија, е економско-трговска крстосница.​



- Во последните четири години е евидентен растот на трговската размена, а се забележува и зголемен интерес кај турските бизнисмени за вложување во Македонија, рече Бабаџан. Во контекст на тоа, тој додаде дека за добрата трговска размена ќе придонесе и денешното потпишување на Протоколот за усогласување на постоечкиот Договор за либерализација на трговијата меѓу двете земји од страна на првите луѓе на македонската и турската Царина, Ванчо Каргов и Џемалетин Дамлаџа.​



Министерот Бабаџан одговарајќи на новинарско прашање за спорот меѓу Македонија и Грција за името и попречувањето за влез на Македонија во НАТО рече дека е разочаран што Македонија не е дел од Алијансата и оти НАТО не треба да биде сцена на поединечни препукувања.

- Се надевам дека овој процес наскоро ќе се заокружи и ќе се најде решение, додаде Бабаџан.​

Вечерва министерот Антонио Милошоски ќе биде примен од турскиот претседател Абдула Ѓул со што ќе го заврши официјалниот дел од посетата на Турција.​

http://www.vlada.mk/?q=node/1600

i nie albancite toa go znaeme,deka bez SAD i Turcija, Makedonija nema da postoi..............i:toe:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.944
Поени од реакции
50.827
i nie albancite toa go znaeme,deka bez SAD i Turcija, Makedonija nema da postoi..............i:toe:
виe треба да знаете дека не се Америка и Турција можно е вие да не постоите во Македонија, чисто како варијанта ова, немој да се палиш сеа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom