Знам како ти е брат, и јас се нервирам што се градат спортски сали, а не сум по спортот.
Црвениот болд не ти доликува.
Се нервирам што не ми доликува како Македонски граѓанин да ако сакам да одам да гледам убава градба а не старуѓие морам во Скопје а не во родениот град.
Не бидете љубоморни на Скопје, таму и треба да има автобуси. Останатите градови можеш да ги претрчаш, со свои градоначалници нека си бараат од нив.
Се надевам и улиците ќе ги закрпат пред да извадат некое тркало.
Зошто да му љубоморам? Неморам да љубоморам на Скопје ниту пак ќе љубоморам, моето не е љубомора туку само факт зошто не се вложува во Тетово незнам колку само пари и луѓе овде има никој не е ни свесен а да, да претрчаш оти за да прејдам јас тука 5км до факултет морам пешки а некој да оди со градски автобус.
И не е крив градоначалникот и општината туку оној што дава пари од буџетот, и не зборам против влада, било која и да е ќе го продолжи проектот за 2014та.
Сево ова инвестирање потенцирам само во Скопје е невербално омаловажување на граѓаните од останатите градови.
А можеби и така треба да биде, само во Скопје постои закон за било што.
Кон темата :
Секој кога ќе се префрли од Фиќо во Мерцедес нема да знае нешто како работи, така не е крив ниту шоферот а нема ни дефект автобусот, само оние се криви кои требале да ја обезбедат потребната обука на шоферот.