Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

  • Да

    Гласови: 100 36,0%
  • Не

    Гласови: 178 64,0%

  • Вкупно гласачи
    278
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Во ред е тоа што праќаат пари на нивните семејства, ама тоа не значи автоматски дека треба да им се дозволи да гласаат, од причина што забораваме дека и многу македонски албанци живеат во дијаспора, што значи и тие би добиле право на глас, и на крај ќе настане пазарање со гласовите, квоти обезбедени, и ко ќе видиш, џабе работа!
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
која е логиката некој од комшии да ти одлучува дома тбе кој ке ти наредува кој ке ти суди и слично ???
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Обавезно треба да им се даде право на глас без никакви условувања.

Како прва причина, зошто Македонија, како матична држава би требало да го изгуби контактот со своите иселеници, во услови кога сите останати држави најголемите лоби групи во странство ги создаваат преку своите иселенички групи?

Како второ, зошто да се изгубат сите високо образовани Македонци, кои завршиле на престижни универзитети, кои прават мега кариери во странство и кои своето искуство, знаење и контакти можат да ги употребат во Македонија и надвор ЗА Македонија?

Како трето, сите Македонци кои имаат македонско државјанство имаат право на глас и државата мора да им обезбеди право на глас, бидејќи државјанството не смее да се губи(а со тоа и правата) со излезот од Македонија. Во спротивен случај би биле изолиран остров кој сите се трудат да го напуштат.

Како четврто, македонското државјанство не е некаква материјална привилегија, некаква вредност што може да се продаде, затоа не гледам причина на постоење страв од имплементирањето на правата од македонското државјанство.

Како петто, најголемата мотивација за враќање на дијаспората можат да бидат овие нивни зголемени права во Македонија, зголемени обврски и нивното учество во политичкиот живот може да допринесе до носење на закони и правни регулативи (со нивно учество) кои ќе ја зголемат довербата на нивните дијаспори и ќе им овозможат полесно реализирање на своите инвестиции во земјава.

Како шесто, Македонците во дијаспората најдобро го знаат стандардот на живеење во тие земји и можат многу пореално да го оценуваат развојот на Македонија.

Како седмо, сите дијаспорци ги обединува носталгијата за Македонија и затоа честопати (за некои од вас тоа е смешно или “сељачко“) доаѓаат во израз нивните патриотски чувства во многу поголем обем и на многу искрен начин, за што впрочем сведочат најголемите македонски преродбеници кои живееле надвор од Македонија, формирајќи разни литературни кружоци, братства, друштва, печателе весници и книги за Македонија и го информирале светот за Македонците, покажувајќи притоа МНОГУ поголема национална свест и одговорност за интересите на Македонија и Македонците од било кој друг.

Затоа, тие имаат вродено право да учествуваат во политичко-економскиот живот во Македонија.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Сите (или речиси сите) се “за’’.

Впрочем, сегашните превирања во Македонија за предвремени избори делумно се инспирирани заради тоа да се оневозможи таква разврска Македонски граѓани во дијаспората да можат да гласаат.
Стави анкета да видиме колку се за навистина . Анонимна ...

--- надополнето ---

Тресење зелени , гласање на дијаспората моментално има кај земји кои имаат расчистено со гласачки список, знаат колку имаат граѓани надвор. Исто така голем дел од македонците немаат македонско државјанство, немаме нормални избори овде а камоли во дијаспората и голем број од македонските граѓани кои се во дијаспората а имаат македонско држјавјанство се албанци или торбеши. Да биде трагедијата поголема тие ги праќаат до 50 проценти од фамозните пари од странство, споредено со 10 долари на македонците од австралија и канада кои ни солат памет 24/7 да не менуваме име додека они си ги менуваат имињата во Енди, Џорџ... итн
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Има некои проблеми со граѓаните во странство, на привремен или постојан престој. Едниот доста влијателен е дали, како и од каде се информирани граѓаните за нашата држава и случувањата, позадините и игрите. Дали ги знаат условите за живеење, измамите и слично...не е сеедно, ова многу влијае.
Следниот проблем е што вели големиот...парите во оптек се воглавно од Швајцарци, германци, швеџани...оние од Австралија не помнам од кога немаат дојдено или пратено, исто и од Франција. Дали ова ќе значи понатаму Бадинтер правило според висината на донесени средства и бројот на наша герила? Ќе барат и другите етникуми, согласно бројот и плус согласно % во државава...проблеми од кои ни со багер нема да излезе државава...напротив, ќе си ја онадиме самите. Има и други проблеми, но понатаму.
Можеби % но со многу мало влијание, со многу мал коефициент кој ќе влијае врз конечниот број пратеници.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
предлагам модератор да стави анкета на темава пошто мислам дека мислењата ни се пола пола поделени.

--- надополнето ---

Има некои проблеми со граѓаните во странство, на привремен или постојан престој. Едниот доста влијателен е дали, како и од каде се информирани граѓаните за нашата држава и случувањата, позадините и игрите. Дали ги знаат условите за живеење, измамите и слично...не е сеедно, ова многу влијае. Другото понатаму.
апсолутно се согласувам. ова е исто како некој од страна да дојде и да ти кажеува како треба да правиш како да постапуваш и слично. нека дојдат во македонија на месец дена (доволно е) и тогаш ке ја видат реалната слика каква е а верувај многу поразлична е реалната отколку таа што ја прикажуваат странските весници и медиуми за нашава мила државичка
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Стави анкета да видиме колку се за навистина . Анонимна ...

--- надополнето ---

Тресење зелени , гласање на дијаспората моментално има кај земји кои имаат расчистено со гласачки список, знаат колку имаат граѓани надвор. Исто така голем дел од македонците немаат македонско државјанство, немаме нормални избори овде а камоли во дијаспората и голем број од македонските граѓани кои се во дијаспората а имаат македонско држјавјанство се албанци или торбеши. Да биде трагедијата поголема тие ги праќаат до 50 проценти од фамозните пари од странство, споредено со 10 долари на македонците од австралија и канада кои ни солат памет 24/7 да не менуваме име додека они си ги менуваат имињата во Енди, Џорџ... итн
Ти претендираше да бидеш модератор на Дијаспора? :)
Добро што брзо се докажа твојата некомпетентност па како резултат - сега никаде не модерираш.

Митот со Албанците и Торбешите* како “најголеми“ финансиери е многу лесно проверлив чим вака УБЕДЛИВО тврдиш со бројки, проценти и сл. ТАКА ЛИ?

Ајде потврди ги своите тврдења, дека така е како што збориш, дека токму тие носат најмногу пари во буџетот.

Ова е само едната моја поента која ти НЕ си во состојба да ја докажеш, а другата поента е таа дека Албанците “плаќале“ даноци, што исто така е позната работа и смешно е да тврдиш кој колку допринесувал во буџетот.

Трета работа, никој од Дијаспората не е ни должен да плаќа двојни даноци, ниту услов за нивното државјанство се даноците кон соодветната држава.

Како четврто и Дијаспората може со право да каже дека НИЕ во Македонија нивните пари ги трошиме по кафиња и кафани, наместо да работиме.

Додека кај “нас“ е срамота да се работат професии ко келнери, работници на фарми, садоперачи, пекари и градежници, обично најголемиот дел од Македонците кои отишле на печалба ги вршат токму тие дејности и во тоа е разликата меѓу ЗАРАБОТЕНИ пари и НЕЗАРАБОТЕНИ пари, поради што кај нас срамота е да се работи и затоа сите ние сме аристократи покрај кеј.

Некој друг ќе работи за нас, мама меси, тато носи и така до 35-40 години на грбот на старите.

*Македонци муслимани
--- надополнето ---

предлагам модератор да стави анкета на темава пошто мислам дека мислењата ни се пола пола поделени.

--- надополнето ---

апсолутно се согласувам. ова е исто како некој од страна да дојде и да ти кажеува како треба да правиш како да постапуваш и слично. нека дојдат во македонија на месец дена (доволно е) и тогаш ке ја видат реалната слика каква е а верувај многу поразлична е реалната отколку таа што ја прикажуваат странските весници и медиуми за нашава мила државичка
Во добата на интернетот и сателитски канали, муабетов доцни едно 100 години.

Секој, буквално има пристап до македонските медиуми и информации, доколку веќе предзнакот 'македонски' ги прави веродостојни.

Исто така секој од нив се информира преку своите семејства и роднини за ситуацијата во Македонија и токму тие се изворот на најверодостојни информации.

Да не ги споменувам форумите од овој тип, каде што се водат разновидни дискусии.

--- надополнето ---

Има некои проблеми со граѓаните во странство, на привремен или постојан престој. Едниот доста влијателен е дали, како и од каде се информирани граѓаните за нашата држава и случувањата, позадините и игрите. Дали ги знаат условите за живеење, измамите и слично...не е сеедно, ова многу влијае.
Следниот проблем е што вели големиот...парите во оптек се воглавно од Швајцарци, германци, швеџани...оние од Австралија не помнам од кога немаат дојдено или пратено, исто и од Франција. Дали ова ќе значи понатаму Бадинтер правило според висината на донесени средства и бројот на наша герила? Ќе барат и другите етникуми, согласно бројот и плус согласно % во државава...проблеми од кои ни со багер нема да излезе државава...напротив, ќе си ја онадиме самите. Има и други проблеми, но понатаму.
Можеби % но со многу мало влијание, со многу мал коефициент кој ќе влијае врз конечниот број пратеници.

Чекам на статистика за влезените пари од дијаспората за потврда на тврдењето.

Не сугерирам дека имаш проблеми со “помнењето“ ама мислам дека си уште една жртва на деструктивните мислечки трендови кои се форсираат од одредени медиумски опинион мејкери.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Во добата на интернетот и сателитски канали, муабетов доцни едно 100 години.

Секој, буквално има пристап до македонските медиуми и информации, доколку веќе предзнакот 'македонски' ги прави веродостојни.

Исто така секој од нив се информира преку своите семејства и роднини за ситуацијата во Македонија и токму тие се изворот на најверодостојни информации.

Да не ги споменувам форумите од овој тип, каде што се водат разновидни дискусии.

се согласувам со тебе али знаеш колку е подруга сликата кога нештото ке го осетиш на свој грб и кога ке видиш ти реална слика? замисли ситуација ти дома едвај изгалаш да платиш сметки и да се прехраниш а имаш роднина у странство и му викаш абе тешко е нема пари краде власта овој вака така онака му опишуваш ситуацијата каква е а он од таму па не се замара со такви работи зашо човекот има и за сметки и за прехрана дури и за луксуз и вика ај здравје следните избори ке гласаме за другите па може ке бидат подобри или третите кои и да се...

незнам како да ти опишам. далеку е подруга сликата кога нештата реално ги гледаме со наши очи отколлку некој да ти пренесува. кога маката ке ја осетиш на свој грб тогаш најубаво можеш да ја знаеш и нејзината тежина.

ја можам да ти кажам дека сум бил и на месечината и сликовито да ти објаснам ама баш се ама друго е кога ТИ ке видиш како е..
 
Велко камионџијана

Кенгur Lavoви гроup
Член од
20 март 2009
Мислења
379
Поени од реакции
98
Холанѓани туристи има секоја година во Македонија. Оставаат пари. Ајде, да им дадеме право на глас.

Лоша работа ова бе, лоша!
 
Затоа потенцирав, доколку немаше кој да им кажува каква е ситуацијата тие воопшто немало да праќаат пари. Значи некој се се жали на состојбите, укажува на проблемите и исклучиво поради СЕМЕЈНО-РОДНИНСКИ врски се одржуваме заеднички во живот, се помагаме и поддржуваме.

И затоа лицемерно и крајно неправедно оние на кои се повикуваме кога имаме проблем, да ги дискриминираме во нивното право за исполнување на обврската за гласање.

Бидејќи утре истите роднини може да ти речат - САМ СИ БИРАШЕ ВЛАДА, САМ СНАЈДИ СЕ.

--- надополнето ---

Холанѓани туристи има секоја година во Македонија. Оставаат пари. Ајде, да им дадеме право на глас.

Лоша работа ова бе, лоша!
Полоша од игнорантноста - не е.

Ајде да им го откажеме државјанството на сите Македонци кои летуваат или зимуваат во странство.
 
Велко камионџијана

Кенгur Lavoви гроup
Член од
20 март 2009
Мислења
379
Поени од реакции
98
Не е исто, воопшто. Некој што 60 години не стапнал во Македонија, не смее да одлучува за Македонија, безразлика дали им давал по 200 долари на неговите внуци од Маседоунија. Секој од дијаспората може да има претстава за Македонија како да тече мед и млеко (да, млеко течеше по улици, ама не во таа смисла). Како што ние имаме претстава дека во земјите каде што се „нашите“ на дрво растат пари. Затоа, за да можеш да одлучиш дали Владата работи ДОБРО или треба да се СМЕНИ, ќе треба малку повеќе да учествуваш во секојдневната социо-економска политика во Македонија.

Исто како ние што не можеме да гласаме во хипотетичка ситуација кога таму, во дијаспората, би се кандидирале двајца македонски градоначалници. Од кај ние да знаеме како се одвиваат настаните? Ќе веруваме на политички демагогии и агитирања? За дијаспората такви пораки од ваму кон таму стигнуваат. На што да веруваат?

Ако сака да учествува во МОЈАТА иднина, нека се пресели тука, за навек, никој нема да им забрани. Ама не, не е лесно да се откажеш од живот во Аустрејлија.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не е исто, воопшто. Некој што 60 години не стпнал во Македониај, не смее да одлучува за Македонија, безразлика дали им давал по 200 долари на неговите внуци од Маседоунија. Секој од дијааспората може да има претстава за Македонија како да тече мед и млеко (да, млеко течеше по улици, ама не во таа смисла). Како што ние имаме претстава дека во земјите каде што се „нашите“ на дрво растат пари. Затоа, за да можеш да одлучиш дали Владата работи ДОБРО или треба да се СМЕНИ, ќе треба малку повеќе да учествуваш во секојдневната социо-економска политика во Македонија.

Исто како ние што не мпжеме да гласаме во хипотетичка ситуација кога таму, во дијаспората, би се кандидирале двајца македонски градоначалници. Од кај ние да знаеме како се одвиваат настаните? Ќе веруваме на политички демагогии и агитирања? За дијаспората такви пораки од ваму кон таму стигнуваат. На што да веруваат?

Ако сака да учествува во МОЈАТА иднина, нека се пресели тука, за навек, никој нема да им забрани. Ама не, не е лесно да се откажеш од живот во Аустрејлија.
Македонците имаат една матична држава, без разлика од кој дел на Македонија потекнуваат. (Голем дел се од егејскиот или пиринскиот)

Екстремите дека некој не стапнал 60 години и сега ќе гласал е чиста глупост, не вреди ни да коментирам.

Секој оној кој поседува државјанство има право на глас, не е потребно никакво дополнително дополнување. Доколку имаш австралиско тогаш твој избор дали и таму ќе гласаш.

Твојата иднина ТИ самиот ја избираш, никој од нив нема да го замени твојот глас.
Исто така ниту ти си му го платил билетот за Австралија на некој пред 100 години, ниту ти си му дал работа таму, ниту готови куќи и имоти ги чекале на располагање. Тргале свои маки и со сопствен труд опстоиле на ист начин како и ние во Македонија, како и мнозинството од сите други народи.

Но, иднината на Македонија е нешто друго, а за нејзината иднина сите Македонци сносат одговорност, затоа ниту ТЕБЕ некој те овластил да решаваш која иднина на МАКЕДОНИЈА е најдобра.

Ниту пак Дијаспорците се така наивни да не знаат што се демагогии, ветувања, политика и преваранти.
Ниту една земја не е имуна на таквите негативни ефекти за да некој од нив бил лишен од таквото “знаење“.

Македонците во дијаспората воделе и водат децениски битки за својот статус во државите во кои што живеат бидејќи нивната МАТИЧНА земја, односно државата, институциите и политичарите на власт кои ТИ си ги избрал(нели) решиле да го менуваат името на својот народ, решиле да се откажат од националните симболи, решиле дека нашите заеднички предци не биле достојни да умрат под името со кое се декларирале - Македонци.

Македонците во дијаспората се единствените кои официјално НИКОГАШ не престанале да го користат 16-кракото знаме(доволно е да се погледат сите македонски организација од Албанија, Бугарија, Србија, останат дел од Европа и прекуокеаните) и кои сепак БЕЗ ПРАВО НА ГЛАС ВО МАКЕДОНИЈА се ДИРЕКТНИ ЖРТВИ на македонската државна политика, благодарение на која им се ограничуваат правата за етнички идентитет.

Замисли дека ти одиш во Австралија и таму не можеш да се декларираш како Македонец, зошто ќе прашаш, па ќе ти одговорат дека Австралија не ја признава твојата матична држава под тоа име и поради тоа ТИ не можеш да си тоа што си.
Сето тоа поради некоја предавничка спогодба што ја потпишала ТВОЈАТА избрана влада.

Е сега, како би се почуствувал ти, предаден од Македонија и од луѓето во неа? Ќе оставиш да ти кумуваат во странство?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Чекам на статистика за влезените пари од дијаспората за потврда на тврдењето.

Не сугерирам дека имаш проблеми со “помнењето“ ама мислам дека си уште една жртва на деструктивните мислечки трендови кои се форсираат од одредени медиумски опинион мејкери.
За ова Братот си во право, се раководам од информации од медиуми кои не мора да се точни ни оддалеку, признавам.
Но во секој случај би се отворила уште една спирка каде би одредени духови застанале, се одмориле и го уценувале народот со процентуални мнозинства, Бадинтер и пропорции. Ако веќе се мора, пред се мора добро да се осмисли најпрво правно...да не влезе Македонија уште во една стапица.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Инаку се работи за три пратеници од дијаспората, за неинформираните да знаат.
Македонската дијаспора ќе биде поделена во три изборни единици: Америка, Австралија и Европа со другите континенти. Иселениците ќе имаат право на глас и при изборот на претседател на државата.
 
Јас сум тој неинформисан :)
за 3 пратеници од 120? Мислев се работи за многу поголем %.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom