Бојда: Има Македонци муслимани, а не Торбеши

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.449
Поени од реакции
1.780
Бојда: Има Македонци муслимани, а не Торбеши




Македонците муслимани се под постојан притисок и обид за денационализација на Македонците муслимани во етнички Бугари, Албанци, Турци и Бошњаци само не Македонци –реагираше Исмаил Бојда по формирањето на таканаречениот торбешки форум и барањето за промена на преамбулата на уставот муслиманското население со мајчин македонски јазик да влезе како посебна етничка група торбеши.

- Жалиме што пратеникот Фијат Цановски заборави дека пред да влезе во Собранието се декларираше за Македонец, а со верификацијата на мандатот заборави тоа што е, рече Исмаил Бојда, претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија.

На организираната трибина професорите по етнологија, антропологија и историја го објаснија потеклото на Македонците муслимани и политиката што се спроведувала за ставање на оваа група луѓе заедно со Турците или Албанците во Македонија.

- Истражувачот испрашува брачен пар, жената вели дека е Турчинка, а мажот Албанец, но и двајцата освен Македонски јазик друг не зборуваат. Значи самата исламизација и влијанието направило да припаѓаат кон народот кој има муслиманска вероисповед, вели Проф. др. Мирјана Мирчевска, раководител на Институтот за етнологија и антропологија.

Бојда апелира до државните институции да не заборават дека освен Македонци православни и католици има и Македонци со муслиманска вероисповед.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Taka e, zatoa Partija za makedonsko Nacionalno Edinstvo ne moze da se narece demo-hristijanska oti nacionalno edinstvo podrazbira i edinstvo na nacionalna oznova i zatoa i so makedoncite muslimani!
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Зошто се викаат Торбеши е друга тема. Тие превртливи затоа сега се кажуваат ова или она, па дури и друга нација :tapp: Но за тоа и државата во одреден период си одиграла своја улога во самата поделба на Македонци-муслимани и овие христијани само Македонци, демек овие другиве(муслиманиве) се црни овци. Бог да чува во секуларно опшество ти така да ги делиш. Зошто мора да нагласуваш дека е муслиман, па тој е исто така Македонец како што си ти безразлика на верата.

p.s. А Македонци-атеисти има? :)
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Alex_The_Great;4095896 p.s. А Македонци-атеисти има? :)[/QUOTE напиша:
Има јас се вклучувам во нив

--- надополнето ---

Зошто се викаат Торбеши е друга тема. Тие превртливи затоа сега се кажуваат ова или она, па дури и друга нација :tapp: Но за тоа и државата во одреден период си одиграла своја улога во самата поделба на Македонци-муслимани и овие христијани само Македонци, демек овие другиве(муслиманиве) се црни овци. Бог да чува во секуларно опшество ти така да ги делиш. Зошто мора да нагласуваш дека е муслиман, па тој е исто така Македонец како што си ти безразлика на верата.

p.s. А Македонци-атеисти има? :)
Има јас се вклучувам во нив
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
А може ли секој што се чувствува Македонец така и да се декларира без некој да го спречува или омаловажува? Зошто да не може Македонец да биде муслиман, будист, атеист, скиентолог, итн.? Очигледно зборот "торбеш" е навредлив за Македонците муслимани и, според мене, не треба да се користи. Прво, ако некое име некого навредува, нема да го користам од елементарна култура. Второ, со екскомуницирањето на Македонците од исламска вера никој не добива ништо, туку се прават само нови поделби и раздор. Современите концепти за национална припадност и идентитет имаат еволуирано, меѓутоа очигледно не и за оние за кои нацијата и верата се едно и исто.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Торбеши никако ние не познаваме народ "торбеши" постојат само Македонци муслимани јас можам да верувам во што сакам но битно е да бидам Македонец јас мислам дека подобро е да се грижиме да има се повеќе Македонци во Македонија него што да се грижиме кој во што верува , негово право јас можеби верувам во Јехова , Аллах , Буда , Исус но тоа не ме прави да бидам Македонец. Македонец ме прави тоа што јас сум роден тука мојата националност е Македонец и засекогаш ќе остане така па така и тие што се со муслиманска вероисповед засекогаш ќе бидат мои браќа па макар и во ништо да не верувале
 
V

viktora

Гостин
Nesmeeme da se delime po verska osnova.Malce li se podelivme partiski,anticki ili sloveni itn.KOGA KE SE OBEDINIME VO TO STO SME???Koga MAKEDONIJA ke ja stavime PRED site drugi interesi???Svatete SAMI protiv site sme.MORAME NO KOGA???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom