Ематија се смета дека е најстарото име со кое била нарекувана Македонија од страна на грчките морепловци кои пловеле кон север во далечното минато пред нашата ера.
Според една легенда, Е(А)матон се сметало дека бил македонски крал,додека според друга , е поврзано околу роднинската врска со Македон, според која, е запишано дека се работи за негов син.Името на државата се објаснувало и според физичките особености на земјата и се доближувало најблиску со грчки збор кој би означувал песок.
Според друго толкување,станува збор за старобалканско име што го содржи фригидниот збор за земја, и дека претставува и грчка калка за домородно име.Покрај името Ематија,од страна на грчките морепловци,крајбежјето на Македонија било означувано и со името Тракија(денешна Бугарија).
Најстарите податоци за Македонија ги среќаваме во Илијадата на Хомер,каде се споменати: реката Аксиос (Вардар),потоа Пајонците(антички племиња, се смета дека се населени пред четврти или петти век пред нашата ера) кои живееле крај реката,градот Амидон од устието на реката,како и областите Пиерија,Ематија, а според родоначалникот Пелагон и областа Пелагонија.
Од причини што Македонија се уште не била,односно Македонците во тоа време немале единствена држава,не се споменати под нивното подоцнежно име.Некои размислувања на еминентни лингвисти сметаат дека името Македон претставува грчки превод на нивно постаро и првобитно име Кауконци.Доколку ваквото гледиште се смета за точно и исправно,во тој случај би значело дека најраното споменување на Македонците под името Кауконци би се толкувало во Илијада,како сојузници на тројанците задно со Пајонците.
Според легендарното кажување на античките автори,Македонците своето име и својата земја го добиле по епонимниот херој Македон.Според сочуваниот фрагмент на Хесиод,кај византискиот цар и писател Константин Седми,во делото за темите вели:
- ‘’Областа Македонија (го носи името) по Македон,син на Зевс и Тија,ќерката на Девкалион како што кажува Хесиод; ‘Таа (Тија) откако затрудне,со богот на молњата Зевс,му роди два сина – Магнет и Македон борбениот коњаник,кои живееле околу Пиерија и Олимп’’.
Според други автори,притоа цитирајќи го Хеланик и неговото дело ‘’Светковини од Аргос”,царот Констанин Седми Порфирогенит пишува дека Македонија била така наречена по ‘’Македон ,синот на Еол'',по кого се нарекувале Македонците кои тогаш сами живееле меѓу Мизите.
Истојмениот владетел и други историчари во врска со потеклото на името Македонија објавиле теза дека: “Дел од Македонија се нарекува Макетија’’
Во коментарите на Илијадата и Одисејата од далеку попознатиот старогрчки писател Хомер,кои настанале во периодот од третти-от век пред нашата ера, па се до дванаесетти-от век од новата ера неговите критики биле запишани како сколии.Во сколиjaта кон стих 226 се вели дека:
a)”Македонскиот Олимп е место на живеење на боговите.Пиерија е гребен на таа планина,а Ематија порано се викала Македонија’’.
б)’’Македон,син на Зевс кој владеел со македонската земја околу Тракија,ја нарекол според своето име”.(Македон имал две деца,Аматос и Пиерос,по чии имиња се нарекуваат истојмените градови”).
Извори за подетални информации (Strabon,Georaphia);(Steph Ethica)(Homer препев од М.Д П.)
(de Macedonum nominis vi antique) и други.