Бугарскиoт попис ги фасификува резултатите, претходно попишувачите со притисоци врз Македонците

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Абе Братот, види сега,

Прво, РМ се ангажира да брани хора САМО,които имат македонско државенство-има ставен подпис за вакво нешто во 1999 година. Не от БГ се сака да прекрати говор на омраза,а спротивното,това се бара от вас.
Второ
извини,но таа жена зборува за пописоваЧИТЕ-многу. Това е првиот признак на лагата,коjaто изjaвува. Според неjната адреса има САМО ЕДЕН пописовач. Пописовачите одат САМИ! Пописовачите носат на видно место ИМЕТО СИ и се легитимират.
Жената не кажа ни име на пописоваЧА нито на пописоваЧИТЕ!
Се това се докажува во суд и jaс утре мога да излезна и речам дека некоj доjде дома,рече това и това... име ? - полна анонимност.

Како се поврзува веста, извини лагата, на Канал 5 - фабрикуване на невистини за пописот. А когато некоj така jaвно лаже,това е говор на омраза от страна на Канал 5 - медиум на териториjaта на РМ.

--- надополнето ---

Цитирам првиот пост
Ги терале пописните формулари да ги пополнуваат со молив, не ги примале ливчињата на кои Македонците се изјаснувале како Македонци, ја прескокнувале графата за национално и етничко изјаснување.
Аjде да ни изjaсниш,коj пополнува ливчето,заштото тука гледаме наполно различни и спротивопоставени тези. Пописовача ли пополва ливчето или анкетираниот човек пополва ливчето?!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Абе Братот, види сега
прво, РМ се ангажира да брани хора САМО,които имат македонско државенство-има ставен подпис за вакво нешто во 1999 година.
Нема што РМ да брани човекови права кога за тоа има меѓународни закони, на кои Бугарија е ОБВРЗАНА.

Провери го член 8 од Европскиот Конвенција за ЧП.
Ова што вие го правите е директно кршење на членот од Европската Конвенција за ЧП.

Ниеден друг договор не може да биде над Повелбата на Обединетите Нации и тоа изрично е запишано во член 103 од Повелбата: „Article 103 states that members' obligations under the UN Charter override their obligations under any other treaty“ повеќе на http://en.wikipedia.org/wiki/Chapter_XVI_of_the_United_Nations_Charter


Второ
извини,но таа жена зборува за пописоваЧИТЕ-многу. Това е првиот признак на лагата,коjaто изjaвува. Според неjната адреса има САМО ЕДЕН пописовач. Пописовачите одат САМИ! Пописовачите носат на видно место ИМЕТО СИ и се легитимират.
Жената не кажа ни име на пописоваЧА нито на пописоваЧИТЕ!
Се това се докажува во суд и jaс утре мога да излезна и речам дека некоj доjде дома,рече това и това... име ? - полна анонимност.
Како прво ти не си бил таму да знаеш дали бил еден попишувач или имал и друштво, затоа јас со шпекулации нема да се занимавам.
Името на жената е наведено и слободно може да ја тужите доколку лаже, а името на попишувачот е лесно да се дознае, доволно е да се погледне кој е назначен за тој реон.

Така, со ваквите плитки шпекулации и извртувања на вистината можете само на бугарски форуми да се дичите.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Цитирам закона за пописот:
11. етническа група;

12. вероизповедание;

13. мајчин език;

Данните по ал. 1, т. 11, 12, 13 и 20 се предоставјат доброволно с'гласно чл. 21, ал. 2 от Закона за статистиката.
Што значи това, таа има право да одбие да даде таква информациja и НЕМА да биде казнета!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Како се поврзува веста, извини лагата, на Канал 5 - фабрикуване на невистини за пописот. А когато некоj така jaвно лаже,това е говор на омраза от страна на Канал 5 - медиум на териториjaта на РМ.
Тоа што беше објавено е во согласност со секое логичко резонирање.

Како се викаш?
- ФМИ
Е сега, дај одбери си друго име, не можи тоа.
- Нејќам друго име сакам да ме запишете како ФМИ
Слушај ваму, ќе се потпишеш под друго име иначе казна ќе платиш!
- Ако не ме запишете како ФМИ не се потпишувам.

ЗАКЛУЧОК: ДОКОЛКУ МАКЕДОНЦИТЕ САКААТ ДА БИДАТ ЗАПИШАНИ КАКО МАКЕДОНЦИ ТОА НЕ ИМ СЕ ДОЗВОЛУВА/ОДНОСНО НЕ СЕ ПОТПИШУВААТ СО ИЗГОВОР ДЕКА “ОДБИЛЕ“ НО ПРИЧИНАТА ПОРАДИ КОЈА ОДБИЛЕ СЕ ЗАТАЈУВА.

Класични комунистички методи!

Цитирам првиот пост
Аjде да ни изjaсниш,коj пополнува ливчето,заштото тука гледаме наполно различни и спротивопоставени тези. Пописовача ли пополва ливчето или анкетираниот човек пополва ливчето?!
Едно е запишани правила, теоретски, а сосема друго е нивното спроведување и придржување до истите.

Тие прашања треба да им ги поставите на своите овластени попишувачи, наместо автоматски да ги амнестирате од одговорност и да земате здраво за готово дека се безгрешни.

Поучени од претходните пописи, многу добро знаеме за што сте способни.

Tи можеш да си измислуваш правила у трк, тоа не променува ништо суштинско во нашава дискусија.

Досега се обидуваше да ја оправдаш Бугарија поради кршењето на човековите права, сега се обидуваш да го претставиш бугарскиот правен систем како совршен.

Да се смеам или да плачам?

Електронски попис - убаво си кажа ти - НИКОЈ НЕМА ДА ДОЗНАЕ КАКО СЕ ПОТПИШАЛЕ!

Поголемо поле за манипулација, здравје.

Не си ми интересен веќе, ја укака ептен темава.
 
Член од
1 август 2007
Мислења
153
Поени од реакции
10
Бугарскио СТРАВ и ПАРАНОJА се засилуват!
.
И власите се навредуват ако му се речи дека се "бугари"!
.
http://old.vmro.bg/Files/pub_dir/listovka1_23022011.jpg
http://old.vmro.bg/Files/pub_dir/listovka2_23022011.jpg
http://old.vmro.bg/Files/pub_dir/listovka3_23022011.jpg
http://old.vmro.bg/Files/pub_dir/listovka4_23022011.jpg
.
Каракачанскиот МВРо-вец ДС-"Ванчо" влашето ке го варе на сапун! :)))
.
Во Бугариjа не останае бугари, ПОМОШ-Ш-Ш-Ш!
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Можете да получите казната,САМО ако одбиете да се подпишете.
Подписувача е ДОЛЖЕН да запише се што кажете. Вие носите наказнателна отговорност ако лажете.
Ова е интересно.
Кога ќе те казнат 60 евра,на суд ќе ти речат блгарите - л'жеш,нјама Македонци!
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Романија тврди дека има 150.000 Власи во Македонија

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AC81DFD72309DE4684471449D712BF99
Власите во Република Македонија се официјално признато национално малцинство и се евидентираат во посебна графа на пописните листи. Во попишувањето учествуваат попишувачи од влашката етничка заедница. Овде нема простор за манипулации. Неинформираноста е само показател за оскудно образование.

Македонците ќе исчезнат како Маите, предвидува бугарски министер
И што ако исчезнат Македонците? Тоа значи ли дека немаат право да постојат? Еден ден сите ќе исчезнат, тоа значи ли дека немаат право да постојат?

Сега за Божо..
Ако Божо е пример за Бугар, тогаш Бугарите се Роми (забележи сините нијанси)..

Ова предвидување на Божо не е отсега. Тој ова го предвидува од 2000 година и тоа гласи дека "за 10 години Македонците ќе исчезнат".
Божо предвидува, ама баба Ката (гледачката) знае поточно од него. Според неа "предвидувањето на Божо ќе се исполни десет години пред исчезнувањето на Македонците". Ама дотогаш не се знае уште кој друг ќе го нема.:toe:
Заклучок: Баба Ката е Кока Кола за Божо - циганската вражалка!
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
БАЈ ГАЊО (НА)ПРАВИ ПОПИС

...На 6 февруари, недела, на Бугарската национална телевизија беше емитувана чудовишна по времетраење дебата - близу 5 часа, посветена на ... непостоечките Македонци. Немав "задоволство" да ја гледам оваа парада на срамот. Можам само да го прераскажам виденото од мои пријатели. Учествувале одбрани артисти. Трендафил Михов Митев од антимакедонскиот псевдонаучен институт го објаснувал непостоењето на македонската нација, познатиот Бугарин од Р. Македонија Перев раскажувал дека Македонците не постојат и дека Бугарите во Македонија биле прогонувани, Љубчо Георгиевски зборувал за заедничкото потекло на Бугарите и Македонци, Љубка Рондова раскажала дека македонските бегалци биле Бугари, а слично на неа се вклучила и претседателската примадона Чакард’кова да објаснува дека не само што македонските бегалци и другите во Егејот биле Бугари, но и дека оние кои се определуваат себеси како Македонци во Бугарија, се само мал број луѓе. Учествувале и актери од, прочуениот со употребата на расипан македонски јазик, бугарски филм "Мера според мера", кои барем признале дека имале сериозен проблем при разбирањето и учењето македонски за потребите на филмот.

Се работи за националната државна телевизија, зад која стои самата држава. Со пропагандата, која толку активно и во таков исклучителен обем беше направена на официјалната телевизија, државата уште еднаш се ангажира против Македонците и нивното себеопределување.

Забележани беа и голем број нерегуларности за време на самото пребројување. Тие, се разбира, ќе се собираат и анализираат внимателно од соодветните македонски организации, но тука можеме да спомнеме некои случаи за илустрација. Пред почетокот на пописот по домови (започна на 10 февруари) во селото Кавракирово, Петричко, Никола Капс'зов бил посетен од тројца непознати мажи кои не се претставиле, но го советувале со заканувачки тон да внимава со пописот и како ќе се самоопредели.

Во некои села, како на пример во селото Лилјаново, Сандански, градоначалникот одел заедно со попишувачот по куќите, при што изјавувал дека за оние кои не се во домовите, тој ќе даде податоците на попишувачот. Немаме причина да се сомневаме како како ќе се "самоопределуваат" отсутните од страна на државните службеници, и особено како какви нема да бидат запишани.

Во селото Микрево на 10 февруари е констатирана следната тактика од страна на попишувачот Софија Пантева. Иако јасно препорачано во нормативните акти, дека пополнување се врши само со пенкало, таа носела и пенкало, и молив. Освен тоа, кога дошло до прашањата за националност и мајчин јазик само ги прочитала и без да праша како се самоопределуваат луѓето ги подминала и почнала да ги поставува следните прашања. При тоа Костадин Петков Методиев морал да побара да се врати назад и да ги пополни прашањата за националност и мајчин јазик. Ако не постапел така, ќе излезе дека не се изјаснил во однос на ова прашање, бидејќи неговото одговарање не е задолжително. Дали попишувачката го познавала стариот македонски активист и претпоставувала каков би бил неговиот одговор, па затоа се обидела да ги подмине прашањата, или така и било сугерирано да постапува со сите?

На 10 февруари во Благоевград, на ул "Полковник Дрангов", попишувачката категорично му рекла на Јордан Кирилов Палахански дека не може да го запише како Македонец, и откако одбила - спротивно на инструкциите - да го запише човекот така како што самиот се определува , го има запишано така како што таа одлучила - Бугарин.

На 13 февруари во Сандански во домот на Страхил Тупалски попишувачката се обидела да ги пополни формуларите со молив. По неговите приговори таа објаснила дека треба да се пополнува со молив, бидејќи така, ако има грешка, ќе можат да ја поправат. Како што рековме, тоа е во спротивно на посебно истакнатото барање во упатството за попишуачите - да се пополнува САМО со пенкало. Не се сомневам дека меѓу грешките кои би можеле да се поправат на овој начин, не на последно место е и ако некој "згреши" и се запише Македонец. По упорното инсистирање на Страхил Тупалски формуларот бил пополнет со пенкало.

На 17 февруари околу пет попладне две попишувачки го посетиле семејството на Василка Тиханова Цонев на ул "Крајречка" во градот Сандански. Откако го попишале сопругот, кој се изјаснил како Бугарин, преминале на Величка. Таа им рекла првин да запишат Македонка, по што попишувачките и се развикале, зошто Македонка кога не е во брак со Македонец, а сопругот се изјаснува Бугарин? И ја побарале нејзината лична карта. Таа им одговорила дека ќе им ја даде и ќе им одговори на сите прашања, откако ќе ја запишат како Македонка. Тие многу се изнервирале на нејзината изјава, а кога им рекла дека ако не ја запишат Македонка, тогаш можат слободно да си одат, помладата од двете попишувачки се заканила дека ќе дојдат следниот ден со полиција и ќе добие парична казна од 120 лева, бидејќи одбива да се попише.

Ова се само неколку примери, но и тие се доволно за да илустрираат колку далеку од потребните стандарди е извршен пописот и дека повторно се применуваат различни приоди за да се елиминира македонската самоидентификација на пописот. На тој начин со попишувачи во своите домови се попишани 2 / 3 од луѓето. Само 1 / 3 се попиша преку интернет.

Но и тука се поставува прашањето: откако ја имаме оваа толку очигледна позиција и политика на државата против правото за самоопределување на Македонците, кој ќе ни гарантира дека и резултатите на интернет нема некако да се манипулираат? Навистина, каде е гаранцијата, каде е механизмот против манипулација на резултатите воопшто? Или треба да и веруваме на онаа иста држава која не престанува да тврди дека Македонци нема, и која се потрудила до тој степен да не нема, вклучително и на пописот?


http://www.narodnavolja.com/articles2011/03/txt03.asp
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Еj,това сите други малцинства немат проблеми, сите други малцинства не рекоха ништо,па се наjдоха тука едни (пази,кои претендират државата да им гарантира пристап до медиуми и уште илjaди глупости, коja настоува државата да затвори невладини организации по нивна желба, државата да затвори партии от политичкиот живот во државата пак по нивен избор) за кои се е манипулирано,се е лага,се е притисок.
Само треба да им припамтам,дека државата има опит да проведува и фер и чесни и пописи и избори, за разлика от држава со кои това малцинство се идентификува.
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Еj,това сите други малцинства немат проблеми, сите други малцинства не рекоха ништо,па се наjдоха тука едни (пази,кои претендират државата да им гарантира пристап до медиуми и уште илjaди глупости, коja настоува државата да затвори невладини организации по нивна желба, државата да затвори партии от политичкиот живот во државата пак по нивен избор) за кои се е манипулирано,се е лага,се е притисок.
Само треба да им припамтам,дека државата има опит да проведува и фер и чесни и пописи и избори, за разлика от држава со кои това малцинство се идентификува.
Романците се жалат од асимилација во Бугарија

http://www.rgnpress.ro/categorii/politic/644-mesajul-romanilor-din-bulgaria-adresat-parlamentului-romaniei-opriti-asimilarea-romanilor-din-bulgaria-prin-recensamant.html

http://www.ne-cenzurat.ro/index.php?option=com_content&view=article&id=21770:recensamantul-mincinos-al-bulgariei-s-a-incheiat-romanii-din-bulgaria-denunta-asimilarea-bucurestiul-oficial-tace-&catid=32:diaspora&Itemid=41



Нема ништо верно во твоите тврдења. Проблеми имаат повеќе малцинства во Бугарија, но ваша тактика од време на комунизмот е да криете секоја информација за тоа и да лажете на лево и на десно каква слобода е во Бугарија и најбесрамно да барате од соседите тоа што самите не го почитувате!
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Романците се жалат од асимилација во Бугарија

http://www.rgnpress.ro/categorii/politic/644-mesajul-romanilor-din-bulgaria-adresat-parlamentului-romaniei-opriti-asimilarea-romanilor-din-bulgaria-prin-recensamant.html

http://www.ne-cenzurat.ro/index.php?option=com_content&view=article&id=21770:recensamantul-mincinos-al-bulgariei-s-a-incheiat-romanii-din-bulgaria-denunta-asimilarea-bucurestiul-oficial-tace-&catid=32:diaspora&Itemid=41



Нема ништо верно во твоите тврдења. Проблеми имаат повеќе малцинства во Бугарија, но ваша тактика од време на комунизмот е да криете секоја информација за тоа и да лажете на лево и на десно каква слобода е во Бугарија и најбесрамно да барате од соседите тоа што самите не го почитувате!
Угодно пропушти,дека 1941 година двете држави разменуват население. Абсолутно е вистина,дека само вие имате проблем како малцинство во БГ :)
 
Член од
26 декември 2009
Мислења
232
Поени од реакции
7
Се чудам, при толку "поробени" Македонци во БГ, оти тие не бегаат каj вас да барат спас, току напротив - поток од Македонци доагат во БГ секоjдневно?! :helou:
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Угодно пропушти,дека 1941 година двете држави разменуват население. Абсолутно е вистина,дека само вие имате проблем како малцинство во БГ :)
Пропуштив го зашто нема врска со горенаведениот број на романци во Бугарија во 1926 година и оној од 2001. А тоа што ти го тврдиш нема никаква врска, бидејќи Крајовската спогодба, со која на Бугарија и е вратена јужна Добруџа, договара размена на население само таму - бугари от Северна Добруџа ( 67 000 ) да се преселат во Бугарија, а од Јужна Добруџа да се преселат романците во Северна Добруџа ( 88 000 ). Бројот от 70 000 романци во Бугарија, регистриран во 1926 година е надвор од тие во Добруџа, оти таа од 1918 се до 1940 не е во Бугарија и е невозможно да биле попишани во бугарски попис тогаш, капиш ? Тие 70 000 се романците од Видинско и други места покрај реката Дунав. Е сега гледаме дека тие “исчезнале“ како македонците, гледаме дека и тие се жалат на асимилација и конкретно на манипулации на годинашниот попис. Такашто апсолутна вистина е дека повеќе малцинства во Бугарија се соочуваат со проблеми, а најсигурно е дека ти си сосема далеку од било каква вистина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom