Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Астрономите го користат принципот на економичност, наречен „Окамов брич„, кој вели дека, за поедноставување на работиве со Вселената, ќе речеме дека нема други вселени, така?
 
Време-простор континиумот започнал со Биг Бенгот (според теоријата), но тоа не значи дека пред тоа не постоела друга вселена со свој време-простор континиум. Или па други вселени...
"Пред" е збор кој е поврзан со времето, исто како и "потоа", ако времето непостои, тогаш овие зборови стануваат безсмислени. Текот на времето започнува со големата експанзија, па според тоа зборот "пред" е апсурден, непостои настан пред биг бенгот.

--- надополнето ---

Јас морам да те исправам, нема такво нешто како почеток на време и не постоење на ништо пред биг-бенгот.
Јас нереков дека непостоело ништо, туку дека времето и просторот непостоеле се до настанот познат како биг бенг. Тоа не е мое тврдење туку на науката, времето не е праволиниско и концентрацијата на материја го успорува текот на времето, како што може да се види кај црните дупки, а кога универзумот бил концентриран во сингуларитет, времето и просторот непостоеле - постоел само сингуларитетот.
 
"Пред" е збор кој е поврзан со времето, исто како и "потоа", ако времето непостои, тогаш овие зборови стануваат безсмислени. Текот на времето започнува со големата експанзија, па според тоа зборот "пред" е апсурден, непостои настан пред биг бенгот.

Зборуваме за денешниот време-простор континиум.
Што ако тој другиот универзум, под дејство на гравитацијата се собрал во една точка и повторно експлодирал (биг бенг) и настанал нашиот универзум? Во тој случај настанал друг време-простор континиум.... што да, на некој начин зборот пред го прави бесмислен.
 
Време-простор континиумот започнал со Биг Бенгот (според теоријата), но тоа не значи дека пред тоа не постоела друга вселена со свој време-простор континиум. Или па други вселени...

"Пред тоа" вклучува време во кое се вклучени и двете вселени, па заклучокот би бил дека времето си
тече линеарно а вселените ги снемува и се појавуваат. Што не е случај нели ?
Мала грешка направо со "пред тоа" треба да се корегира, ама ни мене не ми текнуе како :)
 
Али без гајле, на почеток на истражувањата сме.
До пред полавек ништо не знаевме, а каде сме сега.
Постојат голем дел неистражени области, како што е темната материја и енергија на пример.
Одговорите постепено ќе ги дава науката, тоа е сигурно.

--- надополнето ---

"Пред тоа" вклучува време во кое се вклучени и двете вселени, па заклучокот би бил дека времето си
тече линеарно а вселените ги снемува и се појавуваат. Што не е случај нели ?
Мала грешка направо со "пред тоа" треба да се корегира, ама ни мене не ми текнуе како :)

Да, бесмислено е да користиш "пред", кога не постои време, барем според теоријата.
А времето не тече линеарно, па можеби тука е проблемот.
Или пак, времето во таа точка, тече толку бавно што е исто како и да не постои.
 
Зборуваме за денешниот време-простор континиум.
Што ако тој другиот универзум, под дејство на гравитацијата се собрал во една точка и повторно експлодирал (биг бенг) и настанал нашиот универзум? Во тој случај настанал друг време-простор континиум.... што да, на некој начин зборот пред го прави бесмислен.
Тоа се претпоставки - што би било кога би било, јас зборувам за тоа што може да се набљудува и мери. Паралелните универзуми според мене се потенцијал - можност, а нашиов универзум е конкретност....слично како во квантната механика и двојната природа на честичките! Кога честичката се однесува како бран - тогаш е потенцијал, можност која може да се појави на било кое место од мерниот инструмент, а кога е честичка тогаш е конкретност - објективен феномен кој може да се локализира и измери.
 
Токму така - претпоставки. Нормално во недостиг на докази.
Но оттука почнува се, од претпоставката, нели? :)
Не може едноставни, туку така да се случи експлозија, бум и одма универзум. Мора да е последица на нешто. Претпоставката е претходен универзум. Засега...

Само да напоменам уште нешто, Биг Бенгот е само теорија за настанокот на универзумот, што значи дека можеби не е точна.
 
Официјално во смисол се изучува во образовниот систем и се предава како дефинитивна и неменлива.
ДАААААА, официјални........ не зезај сега. Дури на еден час се спомнува биг-бенг и тоа како теорија. Далеку од конечна и неменлива.
...исто така ирационални колку и Бог. Но само за да се избегне зборот Бог сеуште се измислуваат и поставуваат нови и нови теории...
Споредуваш прикаски и теории. Баш е обратна ситуацијата. Бог е измислен за да не се истражува натаму, а не обратно.
Исто се држите до верувања во нечии теории поткрепени со многу науки, но во суштина со тек на време истите паѓаат како погрешни и неиздржани.

Посочи една теорија која паднала.....
 
Тоа се претпоставки - што би било кога би било, јас зборувам за тоа што може да се набљудува и мери. Паралелните универзуми според мене се потенцијал - можност, а нашиов универзум е конкретност....слично како во квантната механика и двојната природа на честичките! Кога честичката се однесува како бран - тогаш е потенцијал, можност која може да се појави на било кое место од мерниот инструмент, а кога е честичка тогаш е конкретност - објективен феномен кој може да се локализира и измери.

А кој влијае на таа кванта за да биде или не ? :)
 
Да, бесмислено е да користиш "пред", кога не постои време, барем според теоријата.
А времето не тече линеарно, па можеби тука е проблемот.
Или пак, времето во таа точка, тече толку бавно што е исто како и да не постои.

Според теоријата.... која теорија? Има теории кои велат и поинаку.....

Ако и тече бавно...? За кого бавно? Гледано од кој објект. И да тече бавно сепак тече, нели? Колку и да е бавно.....
 
Набљудувачот - субјектот кој го изведува мерењето т.е набљудувањето.

Дали се согласуваш дека постои "матрица" која ја "кондензирала" енергијата за да
го создаде овој универзум.
Ние сме дел од таа матрица(нешто како холограм) .
 
Според теоријата.... која теорија? Има теории кои велат и поинаку.....

Ако и тече бавно...? За кого бавно? Гледано од кој објект. И да тече бавно сепак тече, нели? Колку и да е бавно.....

Биг Бенгот.

А тече бавно во однос на времето во друг простор или пак во однос на времето пред тоа.

Мислам дека сме офтопик, па не е лошо модераторот да ги префрли мислењава во соодветна тема.
 
Според теоријата.... која теорија? Има теории кои велат и поинаку.....

Ако и тече бавно...? За кого бавно? Гледано од кој објект. И да тече бавно сепак тече, нели? Колку и да е бавно.....
Дека времето не е линеарно и тече релативно во однос на концентрација на масата е научен и докажан факт. Но од друга страна материјата во својата основна природа зависи од набљудувачот! Кога атомите, електроните, протоните....не се мерат - набљудуваат се однесуваат како бран, а кога се мерат - набљудуваат се однесуваат како честичка. Што значи дека на времето влијае материјата, а на материјата влијае набљудувачот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom